На секој од нас му е добро познато чувството на нервоза . Пеперутки во стомакот пред првиот љубовен состанок, напнатоста која ја чувствувате кога шефот е лут, срцебиењето кога се наоѓате во опасност. Нервозата Ве поттикнува да дејствувате. Ве турка да се соочите со опасната ситуација. Ве тера да учите повеке пред испит и Ве држи на нозе додека одржувате говор. Се на се, Ви помаѓа да успеете. Меѓутоа доколку имате вистински проблеми со нервозата, ова чувство кое во основаањето на биоритмот и животните прилики на секој човек, и мн е позитивно и мотивирачко во овој случај може да ја одигра обратната функција може да ви ги наруши животните навики и да внесе хаос во секојдневниот живот. Проблемите со нервозата не се само проблем со “нервите”. Тоа е болест, често поврзана со функционирогу често се пренесува и на останатите членови на семејството. Постојат повеке видови на проблеми со нервозата, секој од нив има свои сопствени карактеристики. Кога имате проблем со нервозата обично сте нервозни цело време, без некоја посебна причина. Или пак, чувството на нервоза може да стане толку непријатно, што може да ве спречи во извршувањето на секојдневните активности. Или пак, може да имате повремени напади на нервоза, меѓутоа толку интензивни и јаки што можат да Ве преплашат или да ве остават без збор. Јас не се нервирам толку многу туку се нервирам кога ми се уклучуваат бавно сајтовите , кога станувам касно од спиење и после се нервирам дека немам време да ги завршам обврските најубавите одговори : http://www.youtube.com/watch?v=_GSuI5NW ... r_embedded
Се нервирам кога дознавам нечии непријатни тајни кои можат некого да повредат, па ни сум да кажам ни да не кажам... А најмногу се нервирам кога колегата кој си има фалинка ќе ми влезе наутро во канц да ме поздрави прв, и кога по сто пати поминува за да праша како сум,и само стои и зјапа во мене и иако го бркам идиотот не разбира
Па ретко нешто да ме изнервира. Во принцип сум личност до која не толку лесно се допира, па затоа и многу не се нервирам, но некои поединци ги претеруваат си те граници. А и со вакви идиоти околу како човек да не се нервира?
многу често избувнувам, мојата нервоза е неопислива. понекогаш ме иритира се околу мене и сакам да сум сама, а тоа се дешава почесто. Мрзам ограничени луѓе и се повеќе и повеќе запознавам такви и ептен ми е скурчено, ме напињаат, исто така и луѓе кои праат иритирачки потези или незнам едноставно иритираат со нешо. пример иам познаничка која што ме иритира кога грицка сончоглед, џвака мастика, ја употребува фразата јеби га и само ја интересира кога стварите се вртат околу нејзе, епа цуцо цицај!
Ретко се нервирам..ама кога кје се изнервирам.... Иначе најчесто се нервирам кога кје се испокарам со некој што ми значи,за безвезе. :/
Се трудам често да не се нервирам ама тешко. Некогаш ќе речам повеќе не се нервирам..., и што максимум половина час додека не ми пукни филмот. Ме нервира кога ме судат и ми солат памет, а не прифаќаат збор; Кога фалат луѓе кои немаат појма за тоа (во секоја смисла на зборот - кои работни, кои чесни, абе мед и млеко ); Кога правам услуги, и кога ќе дојди еднаш ред да побарам нешто, не можи; Кога нешто ќе речам вака и вака е, не веруваат. За истото ќе слушнат од било кој друг, е тогаш е точно .
За се се нервирам во последно време ама баш за се а ситниците мислам дека ме прават најнервозна дури и понекогаш се замислувам и се запрашувам дали сум нормална јас за тоа што толку се нервирам и би требало да договорам средба со психијатар не можам да се контролирам смешно е ама не е за смеење ама знам дека многу брзо избувнувам ауу во момент некогаш знам тоа да го прикријам и си ќутам ама после сфаќам дека е и подобро одма да избувнам за да ми олесни после охх тешко мене Како викаат некои луѓе број до 10 или медитирај абе како во тој момент да медитирам јас си медитирам да ама тогаш кога сум нервозна нема шанси тоа да ми помогне ќе треба да се научам како да го контролирам бесот и нервозата сакам кажам не знам речам
Поприлично доста во последно време. Се нервирам за секакви ситници и глупости. Повеќе ме нервираат луѓето кои обожаваат намерно да те извадат од такт и намерно да те изнервираат. Ме нервираат многу работи во државава кои ги трпиме секојдневно... Ме нервира што е тешко да имаш верен пријател, а така ми треба добар пријател... Ме нервира што сите сакаат и гледаат да те искористат.... Ме нервира нашиов менталитет, а и тоа што и јас имам попримено од него, сакала или не, ете тука живеам... Ама гледам помалку да се нервирам и да не се замарам со сенешто.... Малку по малку и ми успева... Си пуштам добра музика, одам на шетање и уживам....
За сее се нервирам па макар и мала причина да е одма нервоза ме фајќа ама за среќа брзо ми поминува лутината
Често се нервирам заради многу работи. Заради самата себеси или заради некој што ми згрешил. Или пак заради некои глобални проблеми, сиромаштија, неправда нанесена на група луѓе, ама се помирувам со фактот дека не можам баш и нешто да сторам и така.
КОГА МЕ ИЗНЕРВИРА НЕКОЈ НАСТАВНИК/НАСТАВНИЧА ВО УЧИЛИШТЕЕ, ОД ТОА НАЈМНОГУ, или кога некоја другарка се лути за без причина :
Си знам да си се нервирам често, да се грижам без потреба, но недозволувам да го види тоа било кој па што сака нека биде Ми минува нервозата брзо, ама инатот си седи па тешко на тој што ке ми згазне на нервите
Порано се нервирав и тоа многу, за секој збор ситница се труев себеси...ама сега не постои нешто што можи да ме изнервира, си кулирам и ги нервирам јас оние што планираат мене, не ќутам враќам во уште поголема доза и така.
на секои 10 минути се нервирам хаха брат ми едно време ми препорачуваше Аnger Management-терапија да сум посетувала кај мене проблемот е што лесно , ептен лесно избувнувам, а тоа пак знае да резултира во жестока расправија (најчесто со мајка ми). мислам дека таа жена најлошото го вади од мене, а по природа сум си со останати луѓе и да не се сложам, пак на мирен начин ќе си го кажам мислењето и избегнувам конфликти, ама не и со неа.. едноставно како да знае што да каже, да ме испровоцира за да почнам да возвраќам (ах енергија губење со неа, треба да поработам на процесот ВОЗДРЖИ СЕ И ИЗБРОЈ ДО 10,или до 1000 во мојов случај )
цесто се нервирам и тоа многу се несто да не било по мое..мразам кога некој лазе и тоа пак упорно го доказува па дури и во оци ми казува....највеке мразам лазејне..потсмевајне...негативни н авреди и се тоа..затоа се нервирам и цесто(скоро секој ден по неколку пат) а згора на се не ми поминува веднас уууфффф