Се нервирам многу, многу често . Се обидувам да бидам мирна да кулирам али не секогаш ми успева.Највеќе се нервирам кога некој не се држи до својот збор, и кога има неправда.
Често се нервирам. Некогаш дури и за глупости. Во последно време се почесто за глупости. За ќотек сум.
Па многу често се нервирам и незнам зашо едноставно не го игнорирам тоа што ме нервира. Најмногу се нервирам кога некој ме лаже, кога нешто што не треба ќе видам, кога не ми е нешто ко што треба, кога упорно ми тврдат нешто што не е така итн.
ау најмногу се нервирам..еден најскора нервоза е кога децата ми имат температура и цела нок сум дежурна имаат каслица.. и цела нок сетам од соба во соба правам лекови .. и мојот маж кога наутро се осети наспиен одморен.. рано наутро ме закаЧаа. бидејки тој имал мирна веЧер.................. и нормално јас во такви моменти сум за никаде .. и после тоа следуваат нервози и кавги .. усте пред да го испијам кафето рано наутро ке ми реЧе не ние не сме еден за друг не ни идеееее аууууу изгубена сум .. оЧајна ..
Со ова ми нема крај. Кога се нервирам за саглам работи - се нервирам. Ама претеризам е кога се нервирам за нешто мутаво и небитно, или пак одам во крајност и не се замарам ко Македонската фудбалска репрезентација на натпревар со Луксембург. А нервозата ко нервоза - поим ипол за расправање зошто, што и како, но толку мудро и сфатливо објаснета во зборовите на уште помудриот исцелител Иван: Дабоме.
Во последно време, се нервирам многу, најчесто за глупости. Не знам веќе што да превземам, мора да ја намалам нервозава, не е нормално, а ни здраво да бидам толку слаба со нервиве
Јас обично сум ладна личност. Можам и у најкризна ситуација да размислувам јасно и не дозволувам паника да ме обземе. Си имам увртено едно правило у глава да не се замарам за непотребни работи. У последно време и да е ситница, да треба да размислувам подетално одма се откажувм. Не знам може некој синдром на незамарање имам
по обичај не се нервирам многу, и траам траам траам ама кога ќе ми помине црвената линија е тогаш бегајтеее цркам викам и ланскии оломнанско и се ке си кажам и се у пм може да замине и пак нема да се замарам, оти и кога му се случува тоа на некој сигурно му е веќе заслужено
Во последно време премногу се нервирам.. Секој ден .. Иначе причината понекогаш е глупава за некоја ситница, нешто што не ми е по кејф, проблеми, глупави луѓе итн.
Ме нервира мјацкање кога некој незнае да јаде.И шлапа како коњ.Дури и другарка имам таква 500 пати и имам кажано да не јаде така непријатно е,мислиш додека јаде и тебе ќе те голтне,ама нема фајде..И многу ме нервира кога луѓето си ги чистат забите со јазикот па така прават еден звук,што незнам да го опишам.Посебно ме нервира тато така кога прави.Само за ова што наведов се нервирам ама и ќе потрпам по малку,и така терам.Порано многу се нервирав и секој ден се дерев по дома.Бат нот енимор. Бај д веј,не сум се издрала онака убаво бесот да го исфрлам од мене скоро 2 месеци.
Тековно, ме нервираат женички кои мислат дека се фаца, шема, јаки, топ, закон и слични нефлексибилни термини ако го навредуваат останатиот женски свет по основа на теми за кои целат дека се машки. Пример, седете си гуски едни со гоблените во раце и не коментирајте за Ел Класико, ништо не знаете и не е ваша работа. Е чупе, фудбал не е само машки спорт, а дури има вакви ко тебе, сами ќе си набивате клоца и ќе се исфрлате од со труд и ум добиената фотеља. Мрш таму.
јас се нервирам кога Мерлинка се нервира, и кога Мерлинка се нервира и јас се нервирам, затоа Мерлнике не се нервирај, оти ќе се нервирам. Сфаќаш?
Ја су нервозно чојчиште. Ептен се дера и нервира за глупави работи, што немаат врска со ништо. Сакам се да е по мое, ете не баш се, ама сакам правда. Многу бурно реагирам и се нервирам.Знам, лоша навика, ама секој човек на различен начин знае да реагира, на смирен,сталожен... или агресивен. и, постоат различни луѓе, не сум смирена, ама ич, ептен агресивна, и енергична. Ама има и моменти кога сум смирена и ептен сум чил аут.