Многу се нервирам.Најчесто ако не ми е погоден денот,скисната сум,треба да учам а ич не ми се учи,од девојчиња кои многу се шмизлат итн.
Ден без нервоза- па тоа не е ден за мене Се нервирам за глупости но така се олеснам се испукам во лице на некоја личност
ауу нема ден без нервоза или на школо ќе пукне нешто или дома..обично се нервирам за пари или за расипани другарки
секој ден ама кога видов дека пропаѓам,јас си се свртев против нервозата немам веќе сила да се нервирам и се помирив со животот и си викам ако вака сака да биде па нека биде веќе кревам раце, се навикнав на животот каков што го живеам и нема да се жалам а нервозата нека ми се фати
Кога учам и неможам да сфатам нешто, илиии, некогаш општо без причина сум мн нервозна, може пубертетот работи
Е на оваа тема морам да си кажам нешто. Се нервирам за се и за се што.И за нешто што треба и за нешто што не треба.Најмногу ме нервираат себични,флегматични,самобендисани,дигнати,глупи,лицемерни луѓе(околу мене има многу такви)па како да не се нервирам.Но најмногу од се баш се ме нервираат искомплексирани луѓе.Не дека не знам да ги прифатам луѓето со сите нивни мани,знам да разберам и да простам,не дека јас сум без мани,имам еден куп мани и најтешко си простувам самата на себе. Но во последниов период не знам што се случи ама не се нервирам толку.Не велам дека нема да биде се по старо,но вака ми е многу подобро и ќе се трудам да остане вака(да не се толку нервирам).
Се нервирам за факултетот ( многу ), се нервирам за мојата непреболена љубов, се нервирам од прости луге, моите дома знаат да ме изнервираат често...
Се нервирам најчесто кога ги слушам моите дома како се караат за небитни ствари. Како мали деца се За други ствари , не се нервирам пошто не им придавам многу големо значење.Во животот најбитно ми е семејството.
Јас сум доста темпераментна по карактер и порано бев многу нервозна, се ме нервираше а сега баш не се замарам си бројам до 10 пред да изреагирам лошо и си уживам ... Едноставно јасно ми е дека со нервоза само лошо си правам на себе не на другите.. И баш онака си кулирам се додека некој здраво не ми го испука филмот е тогаш сум доста гадна на јазик.
http://www.youtube.com/watch?v=RVmG_d3HKBA Ретко се нервирам, а кога сум изнервирана се обидувам да се смирам и да избројам до 10
Јас сум човек што се’ си зема при срце и поради тоа секојдневно се нервирам за глупости и за работи кои не зависат од мене и не можам да ги сменам. Последнава година најмногу се нервирам затоа што не можам да најдам работа, а тоа влече 300 проблеми. Главен проблем е немањето пари, а следствено на тоа неможност за задоволување на некои мои потреби. Како и секоја девојка, сакам да изгледам убаво, сакам да се облекувам убаво, сакам да си приуштам некои работи, сакам да одам во шопинг, сакам на одмор, ама не можам! Веќе преку глава ми е се’!
Колку и да си викам не се замарам,неможам пак ќе се изнервирам на крај Се нервирам кога некој си го пика носот во мои работи.Е тогаш многу се нервирам ми иде очи да му изваам на тоа створење.Се нервирам кога некој ми се меша во моја лична интимна работа/одлука.Едно е да дадеш совет а сосема друго на глава да ми се качиш со твоето наметнување.Во ваков момент сум многу лоша и дрска едноставно има да ве научам да ме оставите на мира или ај чао(небитно за кого се работи,дали е близок или подалечен). Многу се нервирам и кога некоја проста маса ми се прави паметна.Поготово кога знам за каков опинок се работи.
Гледам колку што можам да не се нервирам, посебно за ситници ама залудно. Токму некои такви небитни работи можат да бидам причина за да се изнервирам. Инаку, се нарвирам кога некој пробува да манипулира со мене, да влијае врз моето однесување, кога чепкаат мои лични работи, кога некој ми глуми светец и ред други работи.
За многу работи огромна лутка сум (и ич не ми се свиѓа тоа и неќам да бидам) али стварно глупо изгледа
еве исто е и кај мене ,за секоја ситница се нервирам , ама за секоја .. другарите секогаш ми велат дека се нервирам без потреба ама тоа е .