Се нервирам поради лошата финансиска ситуација, мајка ми и татко ми, дечко ми (кој никат нема да се упраи, а многу го сакам)....Гррр!!! И да секако се нервирам што не можам да си најдам работа која е нормално платена без луди работодавци...
Најмногу се нервирам кога некој касни а не ми се јавил тоа да ми го каже.(мислам можам јас да си почекам до 10 мин најмногу) Ме нервира кога некој касни поради тоа што јас кога ке се каже договореното време сакам тогаш и да се најдеме, единствено ако излеголн некој проблем е во ред но личноста со која се имам договорено претходно да ме извести за тоа а не јас да и се јавувам тогаш и да ја прашам: Е абе кај си, што е работата зошто касниш? И понекоаш се нервирам поради некои глупости како нпр дечковци и некои љубовни проблеми но тоа брзо ми поминува, затоа шо сум тип кој одма сака да го реши проблемот и не ми е проблем да се соочам одма и да ја решам ситуацијата , а не да се нервирам 2 дена зошто овака или онака
Многу се нервирам кога ќе видам некој навистина неубав човек како директно и непристојно ме гледа. Се осеќам ко да ме искористил во мислите негови, и ми иде да го истепам .
Кога ме гледа некој манијак и ме напнуваат за било шо , исто така и пред да ми дојде сум нервозна упм .. коа ќе се спичкаме со дечкото и тоа но ми поминува бе , среќно дете сум јас
ДАДАДАДАДАДАДАДАДА МНОГУ СЕ НЕРВИРАМ СО БРАТ МИИИИИИИИИИИИИ ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖАМ ДА ГО ПОДНЕСАМ УФ БЕЕ
да ви кажам,многу ретко се нервирам и немам проблем со тоа,постојано сум искулирана и сеедно ми е скоро за се... но кога некој ќе успее да ме изнервира тогаш се претварам во друга личност многу се нервирам кога други девојки на дечко ми му пишуваат срциња на зид,кога брат ми го критикува моето готвење,кога некој ми позајмува пенкало и никогаш не го врраќа,кога луѓето премногу напнуваат за некоја работа,и кога некој ми соли памет,па дури и ако е во право никогаш не ги грицкам ноктите кога сум нервозна многу поздрави и бакнежи до сите вас
Многу...многу лесно избувнувам и се нервирам , но за среќа ми заминува за 10 минути.И тогаш можеби ке кажам зборови за кој подоцна ке се каам.И јас не сакам да бидам таква но што е тоа е
Многууу многуу...и дома и со дружтво !!!!! затоа што ме зафркаваттттт ама баш ми е гајлее веќе што да правам ја -.-''
Кога ми чепкаат по приватни работи (телефон, фб) Кога ми откажуваат договор во 5 за 12 Кога неможам да научам за на испит Кога се шегуваат на моја сметка за нешто знаат дека ме боли Кога ќе ми се јави бившиот (откако некоја си таму го откачила) Кога на фб ќе ми речат да ставам „like“ на нешто Кога ми ѕвонат непознати броеви ... и мн др работи ме нервираат и секој ден се нервирам се се и сешто
Признавам ме нервира мојава ретардирана коса...што да и направам си тера таа по свое,секое влакно своја песна пее,изгледам како паун
Секакви ситници можат да ме изнервират,ама среќа нервозата не ми трае многу долго.Можам за миг да се изнервирам,но не мора да значи.Ме нервира спориот интеренет,ме нервира кога некој е со мене ,а се влечка и е спор кога се брзам, кога некој ми кажува нешто што воопшто не е вистина,а сепак тврди дека е така,кога гледам филм и се кочи,кога не можам да нацртам нешто на ликовно,кога некој ми чепка по телефон.... -.-
Се нервирам ама во себе.И знам дека најлошо е така. Најчесто се нервирам кога се кара некој,кога јас сум виновна за нешто,кога не ми оди нешто од рака..итн,итн.
Воопшто не се нервирав....ама тоа беше порано Сега се нервирам. Најмногу кога се работи за луѓето кои најмногу ги сакам и најмногу ми значат. Исто така косата нагоре ми се крева од нервоза..кога гледам некоја неправда!!