Кога ми чепкаат по приватни работи (телефон, фб) Кога неможам да научам за на тест Кога се шегуваат на моја сметка за нешто знаат дека ме боли Кога на фб ќе ми речат да ставам „like“ на нешто Кога ми ѕвонат непознати броеви Кога неможам да ја наместам косата како сакам Кога некој ме лаже а јас ја знам вистината Кога глумат дека не се виновни Кога некој ми води инает Кога некој доцни Кога ќе одам во село и старине луѓе ќе ме прашуваат (која си ,чива си,кој ти е татко и сл.) Кога ми се оди во ВЦ а има некој внатре се бања ... и мн др работи ме нервираат и секој ден се нервирам се се и сешто
Се нервирав за ситници.Убаво ми велеше татко ми,сега немаш проблеми(на времето средно,факултет) ќе видиш понатака кога ќе се среќаваш со вистинските животни проблеми како е,затоа сега уживај! И нормално,теле си велиш-па што може да е потешко од неположен испит,раскинување со дечкото и слично....Како и обично,се сфаќаш ама малку подоцна,така да сега ме мачат некои проблеми со работата,со моите дома,тие ми се најголемата мисла ....На другите работи отрпнав,како на пример свекрва и золва ,другарки и колешки ,and I'm glad about it.
Па јас се нервирам за се може да се каже. И ако нема за што да се нервирам ќе ми текне нешто од претходно и се нервирам Посебно за ситници мислам од контакт ме вадат, но имам многу среќа што дечкото ми е многу стрпелив,и заедно балансираме некако
Најчесто потребно е многу да се насобере за да се изнервирам.. Има периоди коа знам да се изнервирам безпотребно и за ситници и банални ствари.. ама тоа се само периоди. Тешко може некој да ме изнервира, а уште потешко ако укапирам дека тоа и му била намерата... најчесто ја сум таа шо ги pissed off останатите
За некој да ме изнервира ? Охоооо па ќе треба многу да се потруди .Не сум тип на луѓе кои се нарвираат многу често и за најмала ситница И мило ми е што е тоа така
Последно време период ли е што ли е за се нешто се нервирам и тоа за глупости, како да сакам да се нервирам и како да барам за што да се нервирам , него озбилно морам да си се вратам старата јас па јас незнаев да се нервирам , што ми беше убаво се надевам период е и ќе помине само овој период па некако многу периодчиња на едно место ми се насобраа
Порано повеќе се нервирав, сега како некој калм моуд да ми се активирал. Посмирена сум и ако се изнервирам, брзо ми поминува. Се нервирам најчесто кога некој сака да искористи некој мој близок, а истиот тоа го дозволува. Се нервирам и за мои лоши одлуки или зборови. Се нервирам и за туѓи лоши одлуки што влијаат на мене... Ама воглавно кратко трае, заборавив и да пцујам Ох бре, како индиферентна да сум а не сум, изгледа се научив дека не е секогаш се убаво.
Многу ретко се нервирам,а кога ќе се изнервирам нервозата ја исфрлам на тренинг кога ја удирам топката.Така да буквално јас ја исфрлам нервозата на топките. А причината за нервоза па.... повеќе се,но не се да кажеме сериозни туку проблемчиња од секојдневниот живот.
Поприлично сум смирена...многу ! Ама се нервирам за нечии глупости најчесто иако ретко кога се нервирам... Се нервирам на неодговорност, невоспитаност, некултура, непочитување на постарите, доцнење...
УФ! Се молам ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ДЕН да е без нервоза. Луѓево немаат осет Се нервирам пр. Другарка ми ќе се налути за глупости, како детенце.. Друга нешто ќе ми наредува.. Тој што го сакам отишол со таа.. Отсенките, Родителите се расправаме, и ете одма нервози. Од кога памтам не имало ден без нервоза.. -И знаам дека таа е причината поради која ме боли секој 2 ден главата За ситници се замарам, и ете Си го уништив и здравјето и се..
премногуу во последно време со родителите-нема ден да не се искараме ми се смачи више,за секакви ситници ми се дерат кога ќе учам( особено математика) кога не разбирам ништо Многу се нервирам за мои 13 години премногу ако продолжам вака....охооооо далеку ќе стигнам
ПМС му е мајката -_- Јас инаку не сум нервозна многу, само многу се нервирам кога некој: -Зборува без престан -Е неуреден -Ме нервира -Ме закачува -Ми ја чепка косата -Ми го чепкат мобилниот, облеката -Ме нервира кога ќе видам изгризани нокти, кога мајка ми ме тера да учам, кога татко ми не ми дава пари, кога баба ми ме прашува нешто по 20 пати во една минута... Некогаш ме нервираат некои личности онака, само на фаца. Аууу колку злобен човек сум била, ај мрш се ме нервира.
Најмногу полудувам во ПМС..се ме нервира,секој човек,незнам ни што сакам во тој период!Го мразам! А кога не сум во ПМС,коса ми се крева од : *Лаги *мрзлив човек *неуреден *кога зборам и после 5 мин ќе ме прашаат што сум зборела *кога знам дека сум во право и сеуште ми се праат паметни *кога ќе отидам на факултет и нема да имам предавање ***Кога немам пари *Сите можни ситници кои во момент можат да ме натераат да плачам како мало дете,а веќе наредниот ден да се каам што сум се нервирала за тоа :/