Се нервирам кога вложувам многу труд во нешто, а нема да испадне како што треба. Се нервирам ако паднам на испит а знам дека сум се утепала учејќи. И се нервирам за многу други работи за кои не би требало, ама ете...
Ако имам добиено - тргај ми се од патот инаку настрада Некогаш се нервирам за ситници, ако нешто ми фали дома (сум позајмила на некого, па не ми го вратил), зошто ми се скршила четката за коса, се потрошил кашкавалот и такви некои безвезни работи. За факултет најмногу се нервирам, не можам да замижам пред многуте неправди. Немам навика да пцујам ни кога сум на работ на нервен напад, едноставно таквите зборови не се дел од мојот речник. А ако сум ептен нервозна, знам да се напијам чај од нане, да седнам да се смирам за да не ми фркне главата.
Прво и најважно , се нервирам кога некој ме лаже , и знам дека лаже и упорно лаже ... потоа, кога сум во ПМС , на сите сум им љута, и секоја ситница ме нервира .. и се нервирам кога има од двајцата љубов , а двајцата се ИНАЕТИ и .. нема врска ..
За се и сешто се нервирам, природа....значи се нервирам кога некој упорно гледа дека не е во право а ме убедува дека е во право, кога некој ме лаже, па уште и сака да му верувам во тоа, кога некој ке ме извиси, кога работите кои сум ги оставила на едно место и после неможам да ги најдам, кога нешто што сакам да облечам во моментот не е чисто, кога некој ми прави лице,итн итн итн до утре можам да пичувам П.С. Се нервирам кога имам мдобиено премногууууууууууууу а капак на се ми е болката
за се и сешто ама најмногу ми е криво кога откако ке се смирам свакам дека сум се нервирала за безвези и дека со тоа ништо не сум сменила а најмногу се нервирам кога му се обракам на некој а тој на сред мој муабет си започнува негов
се нервирам кога некој ми ги игнорира прашањата..кога мајка ми упорно ми повторува некој работи што веќе СОСЕМА ДОБРО ги знам.. кога комшиките(пријателки на баба ми) наѕираат низ врата и низ прозорец а јас се испраќам со дечко ми.. кога брат ми не си го средил креветот па морам и неговиот да го средам.. а ако не сум расположена тој ден и најмала ситница ме нервира па избувнувам и се дерам на сите(после се извинувам)
До овој миг ...опуштена максимално ...а сега мора да одам во банка -па уплати,исплати ,трансккциони сметки,кеш,картици, и притисок 200 за секунд.Навистина мразам кога ги посетувам
Во последно време почнав многу да се нервирам кога учесници ќе ми се најават дека ќе дојдат на некој настан, и не доаѓаат. Се намножија такви во последно време. Е стварно не ја разбирам поентата.
колку се нервирам ? многу , дури може да се каже и премногу, се нервирам за најобични глупи работи но најдобро е тоа што кога и да сум нервозна не се истурам на ``ни криви ни должни `` луѓе p.s. многу ме нервираат луѓе кои се прават дека се знаат :geek: а немаат поим од животот и луѓе кои кога се нервозни се истураат на првиот што ќе налета
Се нервирам кога некој во 5 до 12 ќе ми смени план, кога сум се средила да искочам во град и глеам дека сум добила, кога ќе паднам на колоквиум и после знам дека треба да се убијам од учење за испит ( поради тие глупави шифрарници), и кога некој не си стои на зборот . Најчесто се нервирам за ова... а да и коа некој упорно ме лаже и мисли дека му верувам
Се нервирам.. баш сега се нервирам...синми влага во форумов и си постава тема во мое име . сестра ми ми ја офуца колата и тоа на семафор...мојов дечко касни а се спремаме за пат ,другиот син се спрема за на отворен излет а има викендица ..е фатиимго крајот -е па тоа ти е наздравје викенд
и јас се нервирав за многу работи ама сега гледам напразно било. Држам контрола на своите чувства но ако некој ме изнервира , памтам и враќам па ако треба и по 3 години. Кога ќе ја помине нервозата таа црвена линија станувам рамнодушна кон нештата и луѓето и си викам не ми е гајле за ништо. И тогаш не сум тоа јас туку другата во мене.
А! и заборавив да кажам едни 2 новајлии колешки на работа ме нервираат што секогаш зборуваат само за тоа колку дебели биле (а всушност се слаби)и само за тоа што да облечат за следниот ден на работа. Не разбирам зар за друго не знаат муабет да прават? И плус они наместо да учат, нас не прават ученици и ни солат памет! Е одвај чекам да се вратат колешките од боледување оти нивните бош муабети за кафе пауза не можам да ги слушам
се нервирам бидејќи утре е први мај а ја полагам во понеделник така да викендов ке неможам книга да фатам
Некогаш е доволен еден збор за да се изнервираме и еден збор за да се реши се, ех тие зборови што ги викам магични, едно извини , благодарам, знае да го подобри расположението кога си нервозен,секој различно се нервира, не се нервираме сите за исти работи. Јас ретко се нервирам ама ако се инервирам знам или да избувнам или да се повлечам и 1 саат време не зборувам.После избувнувањето некогаш знаам да се покајам, но некогаш кога ќе избувнам ако сум во право ич не ми е гајле.Ко ќе ми текне зошто се нервирам ќе пишам
се нервирам кога: -некоја ми се прави кралица на драмта -се праве некој ногу учен ради една 10 на фак. -кога воде инат -и кога цимерката ми го гасе радиото(оти треба да уче)
Порано се нервирав повеќе, сега така се олабавив, иако знам да збеснам на моменти!!! Најмногу се нервирам кога ми доцнат луѓе! Сме се закажале сите во толку и толку, и секогаш има влечковци што ги чекаме, демек се спремале и се дотерувале, а доаѓаат сосем обични! Ме нервираат глупави суштества што живеам во некој свој розов свет и гледаат се' низ призмата на парите. Тешко нив кога еднаш ќе им пукне тој балон! И искрено се нервирам од несуредени девојки, такви што ме убедуваат дека секој без шминка е поубав, излегуваат со мрсна коса и си фураат некој нивни мрсен филм, или луѓе кои се плашат гласно да се насмеат, такви восочни фигури (од страв што ќе кажеле луѓето околу нив)??? Што им е гајле на луѓето за било кој, освен за себе? Последниве неколку мееци ужасно ми одат на живци емисии од типот на А1 Ексклузив , Бекстејџ , полни со кич и помодарски совети, непостоечкиот џет-сет во целава држава, мамини галеничиња, татини синови, умислени ѕвезди - wannabe! ама за тоа си има лек, копчето на даљинско и ај со здравје!