Ужасно знае да ме изнервира баба ми ... Kога некој не ти дозволува да се доискажеш тоа што си го почнал ..едноставно те прекинува се нервирам кога на некој му правам добро а тој ми враќа со лошоооо -.- Го почитуваш како личност а тој тебе не .. и тогаш сфаќаш дека не вреди да си добар :/
Се нервирам најчесто за глупости , затоа што сум големо трпи зло, и не реагирам на големи работи , оти така јас добра душичка на сите да помогнам и секогаш сакам се да е во ред , и затоа на крај за некоја глупост ќе ми пукне филмот и ќе изреагирам бурно , но брзо ми поминува , не сум голема лутка
Се нервирам за многу работи, најчесто кога не е по мое, кога не ми дозволват да се доискажам, многу често ме нервират домашните, другарките, кога ми наредват. Некогаш знам ептен да се изнервирам и да го покажам тоа низ дерење карање и ми спаднува нервозата, а многу често знам и да се изнаплачам фино без никој да ме види и потоа ко нова сум.
Кога ќе размислам, моите проблеми можам да ги средам и без нервози идат и си одат.. Но се нервирам заради ограничените умови, несватливи со очи кои го гледаат само тоа што тие го сакаат.
Во последно време олабавив доста. А инаку се нервирам кога мислам дека некој ме прави будала за нешто За факултетот- за тоа најмногу се нервирам, многу ми е тешка годинава. И проблемите помеѓту моите.
Всушност јас и немам причини за да се нервирам. Многу ме нервира кога некој мисли дека прави будала од мене, а всушност јас знам која е вистината. Или кога некој ке ми упадне во збор, а се прави како воопшто да не сум прозборела.
Во последно време све ме нервира,ме нервираат лажните пријатели и пријателки,ме нервираат луѓе кои само нешто ветуваат а не исполнуваат,ме нервираат колегите кретени поточно сељачишта,ме нервираат лажните моралисти,ме нервира неискрените луѓе,ме нервира Скопјево вакво никакво.
Mоментално грипот ме нервира најмногу, сите празници болна ги поминав никако не поминува... Инаку најмногу ме нервираат луѓе што мислат дека се најпаметни, а врска немаат, ме нервираат дволични луѓе, а во последно време ме нервира тоа што секаде доцнам, незнам што ми стана не бев ваква порано
Највеќе глумење лудило значи се знаеме кој сме и што сме воопшто не е е интересно! Лажење со цел да се добие нешто и луѓе кои сакаат да ги жалат што е нешто најмизерно.
Искрено порано многу повеќе знаев да се нервирам, баш да си земам при срце. Неправдата и неискреноста секогаш ме нервирале. Сега како да сум научила да филтрирам работи.. Односно најдов нова тактика. Поделувам на небитно (тука спаѓаат небитни луѓе и проблеми, нешта што не заслужиле внимание, и веднаш бришам), потоа битно (нешто што веднаш го решавам лице во лице и подоцна мирна душа) и остави (нешта за кои ќе се погрижам подоцна за да не одиме непотребно со глава во ѕид, бидејќи вистината секогаш излегува на виделина, односно кармата не стигнува, па нема што јас да си имам работа со тоа или во случај да треба да превземам нешто се чека правиот момент за лекцијата - тука е потребна поголема толеранција и самоконтрола). И да ви кажам успева. Мозокот така кога си ги сортира работите му е полесно да се избори. Препорачувам.
Најмали ситници ме нервираат,до тој степен што сакам да сркшам нешто од нервоза или да викам на цел глас. Многу го мразам тоа.
Се нервирам како гладен лав....избувнувам експлозија бетер од вулакнот Етна....за шо? За ситници,глупости,непотребни работи,без везе....ама ај....мразам за некој шо е никој и ништо да се нервирам,ама ај морам некако да го сменам тоа кај мене
Многу нервозна личност... некогаш и премногу. Многу се нервирам за ситници на кои не треба да им се придава значење. Но, тоа е што е...
Срце сум кога не ми е периодот во ПМС. Е тогаш сум ѓаол сите бегаат од мене, се нервирам за најмала ситница.