Се ме нервира ама баш се, ме нервира неправда највише на свет,ме нервира тоа што сум премногу добра некогаш,ме нервира што не го знаат добро моето срце ,душа,и што сами си даваат до знаење каква личност сум јас,ме нервира што не знаат да се постават со мене, што се обидуваат да ме исповоцираат кога гледаат дека ги кулирам ,само за да дојдам до конфликт со нив.......ме нервирааа луѓе што не знаат да разликуваат кој е добар а кој лош човек. Се ме нервира.....ме нервира поквареност,лицемерие,глума,себичност.........
Се нервирам за секакви ситници и голема паничарка сум.За помала оценка,за пријатели абе за се и тоа многу го мразам кај мене.
Во последно време се нервирав за најмала ситница. Не знам зошто, јас не бев таква. Сега гледам да не обрнувам внимание на ситници кои ме нервираат, од причина што не сакам да си го уништам расположението за нешто небитно.
Се нервирам многу. За се` и сешто. Буквално. Од најмала ситница па се` до некоја поголема работа. Премногу сум чувствителна и се` допира до мене. Кога сум нервозна плачам, викам, кршам... Ако ме изнервира ситница, нервозата со тек на време расте и тука почнуваат да се надоврзуваат и проблеми од порано. Многу тешко се смирувам, и ако ме изнервира нешто нема никакви шанси да ми се подобри расположението во текот на денот, бидејќи постојано мислам на она што ме изнервирало.
Се нервирам скоро секогаш И јас незнам зошто едноставно за секакви ситници и најмала работа може да ме изнервира и расплаче...
се нервирам зашто сум во пубертет и многу ми е тешко, на многу глупави работи размислувам,безсмислени, досадно ми е веќе се, ништо не ми се прави, другарките ме викаат мене нигде не ми се иде, секој ден ми се плаче... многу ми е тешко, ве молам ако можете да ми помогнете
истиот проблем....секоја ден само плачење..мора некој да те изнервира и кога си најсрекна.те разбирам и јас сум на исто место.стварно е многу тешко а никој не може да те разбере сите мислат дека ти е многу лесно...али таа е секоја вечер легнувам со надеж дека утре се ке биде подобро
sweetgirl77... ептен некој безсмислени работи ми се вртат во мозок и се мислам дека нешто сум болна... ептен безсмислени.. пр. си мислам замисли јазикот да си го голтнам, си викам еј замисли си јас женско да сакам и ме мачеше едно време тоа јас да не сакам некое женско хаха со кој памет, луѓето што се такви од рагање се такви... се плашев сама од себе си, си викав јас сум се пореметила бе што е со мене нешто не е во ред.. сеа малку се смирив фала богу... кога зборам со моите родители и сестра ми ми е полесно зашто они ме разбираат, пробај зборувај и ти со твоите родители може полесно ке ти биде... а иначе секој ден бев така тажна како смачен да ми е животот.. мора сама да пробаш да се смирис да ги тргнес тие ПРОКЛЕТИ, ГАДНИ мисли од глава..
премногу се нервирам ,премногуу..не сакам да е така не сакам да сум таква,ама не можам ете се нервирам за се за ситници за секакви работи,за факултет,дома со мојте се расправам,се ме нервира,се ми иде на нерви ..аахх
иначе татко ми и мајка ми ми викаа дека ми е така зашто јас пред неколклу месеци ми беше првата менсуација и организмот претрпува големи промени се менува расположението и не е ништо тоа страшно.. многу добро родители имам и многу си ги сакам... немој да се плашиш и ти, мој совет ... иначе едно време од што бев уплашена толку многу ми беше тешко и дишењето па по лекари ме носеа и сите доктори кај што бев ми рекоа дека ми е од пубертетот...
Се нервирам кога некој сака да ме прави будала при здрав ум и очи. Немојте бе, немојте, ми ја вреѓате интелегенцијата. ццц Какви се луѓе не постојат. Само да се пикнат некаде и раздор и несогласување да создадат. Па браво. Тоа е просто зачудувачки!
За секакви глупости се нервирам. Од вистински проблеми па се до "леле да не ми се налути некој". Секогаш други ставам пред себе и многу правам ќефови, па дури и да се растргнам на секаде. Многу пати другата страна не го осеќа тоа, само јас на мој грб си осеќам па после Цацко ми е крив. Не знам да одбијам некого (ова звучи ептен ефтино), не знам да речам "не можам сега услуга да ти направам", па така и без спиење, јадење, шетање... останувам, а после ни фала. Да сумирам, се нервирам зошто јас не сум доволно цврста да не се замарам дали некого ќе повредам, навредам, одбијам. Еве и сега се изнервирав хахаха
Највеќе се нервирам кога ми треба нешто и неможам да го најдам, а кога неми треба тогаш пак само пред очи ми испаѓа!
Сум нервозна личност да, понекогаш и ситници ме вадат од контакт ...ама пробувам да се контролирам, а кога не можам да се контролирам, викам по сите дома требало или не..сепак брзо ми поминува ..а највеќе се нервирам кога некој ми води инат намерно, исто се нервирам и од луѓе што се секогаш намуртени и луѓе што шират негативна енергија ..
Знам да се изнервирам за некоја ситница без потребно. И тоа не ми чини. Но, што е тука е. Мм само ми вика зошто се нервирам така без потребно, додека за други работи некогаш некои покрупни сум онака полабава.
Од мене по нервозна личност не постои. Особено последниов месец ми беше и сеуште ми е хаос. Уф да помине овој период..
многу се нервирам и тоа ситница мозе да ме извади од такт ич нејќам да сум таква ама незнам како да го сменам тоа