Многу, и премногу за мои години. За се се нервирам и се трудам премногу да престанам за ситници или за други луѓе да се нервирам. Па ко ќе треба да ми иди менс, лелееееее... Сама на себе си се нервирам! Незнам... Пробвав едни вежби за дишење, незнам јога се се... Џабе. Нерва чоек сум и то е .
нервозна сум уште од мало дете .. секоја една ситница ме нервира имам проблеми со тоа многу... од секогаш што сум нервозна рацете многу ми се тресат и од мала почнаа да ми излагаат бели влакна на косата .. сите ми кажуваат да не се нервирам ама мене само апче ме спасува за смирување .. многу често се нервирам на daily base 15 години имам и премногу се нервирам од што треба
Многу, многу, многу често! Јас уствари несвесно постојано барам причина за која би се нервирала. И после не сум била среќна.. Значи треба се да ми биде под конец за да не се нервирам а тоа е малце потешко, така да нервирањето ми е секојдневние И сега уште flappy bird ми фалеше
Кога лупа некој по вратите, значи в мозок ме мава!! Што ти е крива вратата мислам?! Ситница, ете али неможам да поднесам.
Јас најмногу се нервирам кога чекам некого по половина час или повеќе. Значи многу мразам неодговорни личности кои не знаат да си го испланираат времето. И јас сум женско па секогаш сум навреме, па не разбирам зошто другите да не можат.
Лесно избувнувам и за најбанални работи... проблемот е што лутината многу бргу ми поминува дури и ако се работи за нешто посериозно. Тогаш сум дури лута сама на себе бидејки многу лесно простувам.
јас многу се нервирам кога велам многу тоа значи МНОГУ ..од толку нервози за све и свашта докарав и до болници со болка во срцето и морав да пијам анти стресни апчиња на 16 години
Многу се нервирав, периодов ми е полн со нервози заради здравјето, невработеноста, дечко ми , моите дома, другарка ми Лесно избувнувам а уште полесно ми поминува лутината
Искрено многу сум нервозна не само периодов туку јас сум си така нервозна ( можеби некои ќе мислат дека имам само 14 год . па само онака го пишувам постот но не е така , па кој сака нека верува ) . Многу лесно избувнувам и не ми поминува бргу лутината . :evil: :evil: :evil:
хехе... јас не се нервирам многу. Кулиркам си . Но кога некој ги премине границите повеќе од 1 километар, е тогај брате нема ти спас. Кога некој ме лаже тоа воопшто не ми смета. Јас веднаш познавам тоа. Така што нервозите кај мене се случуваат најчесто еднаш во месецот.
Многу често се нервирам. Па има многу причини кога нешто неможам да сватам на училиште,ме фаќа нервоза кога правам тест или кога ме испрашуваат,се нервирам и пред настап да не згрешам нешто,се нервирам зошто сабајле неможам да спијам до касно итн..
во последно време премноогу се нервирам не можам повеќе ништо да поднесам иако тоа многу лошо влијае на моето здравје ама не можам да се контролирам..
И јас многу сум нервозна во последно време,незнам зошто ама се ме нервира и постојано се расправам со некого,некогаш и се развикам на некого кој ништо не ми сторил ама знам да се извинам. Ама Од се највеќе ме нервира кога некој не е во право,а со цел памет се обидува да ми го наметне својот став?! Епа така неможе.Кога знам дека сум во право и кога сум сигурна во нешто,не се родил тој што може да ме убеди во спротивното и точка.
Ме нервираат луѓе што мислат дека со лицемерие ке ја постигнаат нивната цел,и што мислат дека јас не ги осеќам,ах бре толку сте провидни од марс ке ве забележам.За жалење сте