Јас искрено не се нервирам многу. А моите дома ме сметаат за нервозна. Сега кога има ептен причина јака, недај боже за здравје да се работи се нервирам ама онака се трудам да сум постабилна. Ама затоа кога сум во ПМС е страшно, не се поднесувам самата себе, во тие моменти незнам што да направам затоа што за мене е невообичаено така да реагирам. Повеќето изгледа тогаш ме имаат видено нервозна па затоа и ме сметаат за нервозна личност. Неможам да се замислам да се нервирам за банални работи како на пример ми се расипал компијутерот, ми се скинала блузата, или кога видам некој игрички мава на комп и се нервира и треска дека изгубил е тогаш ми иде да му мавнам некоја да го освестам. Во животот најважно е здравјето, се друго може да почека. Е сега се нервирам што сум без работа, ми треба и обврска и пари, ама се што е до мене правам, јас и да се изедам од нервоза џабе е , ама сега сум во ПМС па може и да си поплачам од нервоза за се што ми лежи на душа, а можам да се понервирам и за нешта кои се случиле пред 10 години, чисто да не ми е досадно
Често се нервирам, дури и главата ме заболува. Некогаш со причина, некогаш и за глупости, сама ќе си направам во главата некој филмови што би било и како би било и ќе се пренервирам.
Се нервирам многу често, најчесто има добра причина за тоа. Се нервирам многу и за ситници, а па ако сум во ПМС тогаш е хаос, дишење ме нервира Само голема маана ми е што кога и да сум нервозна за било што не кажувам на никој без разлика за што се работи дали сум јас виновна или не, може само на домашните да им се развикам нешто. Се држам во себе и некој ден ќе пукнам од мојава добрина, да не се налутат, да не се изнервираат, ајде нема ништо да речам ќе помине и само собирам лутина и нервоза во мене.
Многу се нервирам дури претерано е ова моето ... многу сум осетлива .... најмногу се нервирам кога некој ме лаже,заради неправда и кога некој со сила ме прави будала на "пули очи" мисли дека знае се...... а има и други работи што ме нервираат ама тоа е ... од што премногу си ставам на срце почна да ме гуши мислев дека е алергија,но на доктор ми рекоа од многу што се нервирам и имам приметено се изнервирав ли по јако и готово е ....
Многу ретко се нервирам,а ако се изнервирам тоа е најчесто нешто поврзано со училиште. Инаку многу брзо ми поминува.
Не се нервирам ни ретко, ни често, фаќам некоја средина. Понекогаш имам добра причина за нервирање, ама понекогаш за чисти глупости, но тоа е...
Цρκам од неρвоза за се и свашта! Мајκа ми постојано ми виκа, што ти е гајле што неκој дρуг цρното ти го пρави бело пρед очи, κажи само: "да да таκа е" и не се замаρај сеκому да му објаснуваш деκа не е таκа".
Не сум нервозна личност воопшто, и е претешко да се изнервирам, секогаш сум оладена, смирена, chill out. И секогаш, кога другите околу мене се нервозни или се нервираат за нешто, јас сум ти смирена и релаксирана, многу смирено реагирам, и гледам да ги опуштам другите, или па не се замарам, се оддалечувам од нив, зависи у ситуација. А за да некој ме изнервира треба да си ја преполни чашката во која му се собира кај мене повеќе пати, или да нправе нешто што ќе ме извади од такт, како лажеше, глумење лудило пред мене или оговарање на некои блиски и слично, и тогаш само кажувам јасно и гласно што и како е, нема оговарање, нема трт мрт, вртење и зборење зад грб, кажувам и му викам остави ме, се изолирам, дигам ѕид меѓу мене и таа личност, и оставам времето да ми ја однесе лутината и нерозата, и после некој ден откако ќе ме пушти ќе се разговара ако заслужиле воопшто, а ако не, најнормално спонтано ќе продолжи дружењето.
Најчесто се нарвирам кога нешто ќе повторам триста пати во денот, а пак сите прават како да не ме слушнале ниту еднаш. Не е многу често, но се случува барем еднаш неделно. Почесто кога некој е изнервирам, се обидувам да ја намалам напнатоста, но не секогаш успева.
Ретко се нервирам. Смирена личност сум. Но се нервирам од татко ми многу често ама не го покажувам тоа. Ме праќа во продавница пет пати вика што да купам да не сум заборавила. Јас излезена веќе одам тој од вратата се дере. Брат ми кога незнае ништо да фати само на компјутер, телевизор и јадење. И кога некој во последен момент ми откажува нешто.
ретко се нервирам обично за се сум искулирана ама периодот пред менструација (2-3 дена) се ме нервира ама буквално се
Се нервирам затоа што во семејството сум најмала и се јас не сум во право па јас сум крива за 80% од работите. Кога зборувам на некого а не ме слуша (обично сакам да се гледаме очи во очи со личноста со која зборувам а не да ми гледа во телефон ваму таму. Се нервирам кога ќе отидам кај другарками и она ќе се јави некаде на телефон и збори долго. Се нервирам кога цело семејство ми е дома, кај делам иста соба со брат ми па уште 2ца дома треба да трпам бидејќи или треба да седам со брат ми кој несака да му пречам додека седи на фб или слично па мора со мајками и таткоми да седам а они стандардно како поминале на работа па нервози вака така Ме нервираат личности што се смеат на се и сешто и кога една глупава случка ја повторуваат 5-6 пати а нив им е смешна. Исто така ме нервираат личности кој настојуваат и ме притискаат пример: -Нема да си одиш дома остани уште малку ај еднаш да ми кажат ама 10 пати Ме нервира кога некој се прави како којзнае што е а не е никој и ништо. Кога некој ми води инат. Кога помали од мене ме вреѓаат, се занесуваат и сакаат да ме удрат јас стапувам во акција и ги спречувам (па и поголеми ако се само не не возрасни) Кога братучетми помал од мене 4 год. се прави дека е попаметен од мене а не е, кога ме вика свиња, вештерка ова она, кога ми води инат и кога плука (понекогаш знам да го удрам ама не смеам имам почит да ми беше брат немаше така да се однесува дека тетками мн му допушта) Кога некој се лигави бес потреба. И мн други да не набројувам сега
Претерано ретко се нервирам. Обично сум крајно смирена. Може некој да си вика цел ден а јас да си кулирам. Ама ми се случува да избувнам за ситница, или една работа која вчера не ме нервирала може за две недели да ме извади од контакт. Обавезно плачам кога сум нервозна и ми минува се за 10 минути. Толку од лутината