Се нервирам за се, буквално се се се може у секунда да ме извади од такт и тогаш не гледам ни што зборам ни што правам. У момент избувнувам и а ако тој што ме изнервирал најмногу до сега во тешка караница е до мене, сум фатила и за врат да држам. Многу сум живчана. Ама тоа е.. Инаку брзо ми поминува лутината, ама дур помине, способна сум човек да убијам без око да ми трепне. Пробувам да дишам и да избројам до 10 тогаш да се смирам или има некој до мене што ќе ме смири и тргне.
Знам да бидам смирена ама во последно како да сум заборавила како оди тоа ... се нервирам за се, се нешто ме нервира, ме иритира, не го поднесувам и се тоа ... Порано вака ми беше само во ПМС, сега е секој ден, не само неколку одредени.
Мнг се нервирам за било што мнг брзо се вадам од такт...Понекогаш од нервоза ми иде све да згазам пред мене ама да би можела Кога сум во ПМС несакам никој во моја близина бидејки све ме нервира кој шо и да ми прозбори...Се нервирам за се и сешто за глупости повеќе,некои ситници,невистини кога ќе збори некој за мене се нервирам од љубоморен народ шо сакаат да ми наштетат,ќе се изнервирам и после од кога ќе ми помине се каам зошто сум се нервирала немало потреба наместо да ставам некои работи на игнор или едноставно да не се замарам ама неможам а сакам мнг ама што да правам кога сум таква по природа,да се сменам неможам...
Многу. За се. Не можам да се сфатам, ама најмногу се нервирам на неправди. Не кон мене, општо. Тотално општи неправди. И безобѕирност. И искрено многу сум избувлива. Се нервирам и во мене расти напнатоста и многу често пукам и му плескам в лице на сите се. Во тинејџерските години не знам како од дома не ме избркале. Сега искрено многу се трудам да не сум таква, и затоа како превентива сум МНОГУ директна и често знам да му речам на некој те молам да престаниме да збораме на темата оти ќе се скараме за брзо. И ако продолжи тој некој да ме гиба кај шо ми е нервата.... Посилно е од мене. Сепак мислам дека можам да се научам да го контролирам, секако не можам да го искоренам бидејќи е дел од мојот карактер и веројатно мојот живот.
И премногу се нервирам. За се, општо сум многу живчана. Со мајка ми по дома за се се караме и нервираме. Не се сеќавам кога последен пат не сум била нешто изнервирана или под стрес. Но тешко се контролирам и тоа ми е најголема маана.
Се нервирам за се.Ама нервозата многу брзо ми врви.Ке се изнервирам,ке се скарам со некој и после пет минути ке одам да го гушнам да му прам пак муабет
Често се нервирам и малце ми трае ама тоа време додека сум нервозна не сакам никој да ми се доближува
Се нервирам кога некој ме испрашува за лични работи( а не ми е близок)се нервирам кога некој ме мерка од глава до пети , па почнува да ме боли глава ( лесно паѓам на очи де)исто од такт ме вади кога некој упорно ми се контри и по секоја цена ми наметнува свое мислење.
Зависи кога како. Понекогаш се нервирам многу и за ситници, како на пример некој оди споро пред мене а јас се брзам. А пак некогаш за се што се случува што би можело да ме изнервира си викам само I don't care и толку. Се зависи од тоа како сум расположена.
Многу се нервирам за се и сешто, дури и за ептен безвезни работи. Мразам што сум таква ама што да правам не е до мене.
Ако верувате повеќе се нервирам за секојдневни ситници отколку за поголеми работи... Доколку се случи нешто не дај боже одма регирам ако неможам да го променам почнувам да прифаќам и да се носам со тоа на донстоинствен начин без драми,како што растев научив све повеќе и повеќе да се соочувам со проблемите фала му на бога,иако сум чуствителна личност но мислам дека имам цврст карактер, како и да е нервозата и стресот не ни требат на никој ама ете ЖИВОТ тоа е ...
Само јас не се нервирам за ситни секојдневни глупости?? Си ги чувам нервите за вистински проблеми кога ке наидат
Јас многу се нервирам. Се нервирам буквално за се'. Како темпирана бомба сум, со краток фитил. Понекогаш знам да имам трпение до бескрај, ама ретко ми се случува тоа. Секоја ситница знае да ме изнервира. Да се разбереме, тоа не значи дека јас цело време се карам со некого и на некого му се истурам; тоа дури многу ретко ми се случува и всушност тоа е проблемот. Што се јадам внатре во себе. А да не зборуваме кога сум во ПМС - во состојба сум да почнам од себе да гризам . Тогаш, до 12 се мразам сама себе, а после 12 го мразам цел свет. Многу лош ПМС имам. И уште еден проблем имам: се' си ставам при срце. I just can't help myself.