Се нервирам за работата,финансиите,по нерви ми скокаат свекорот,свекрвата,золвата! Ама нема ден да не се изнервирам поради нив.Куќата никако да ја довршиме,никако да најдам стабилна работа.Барем да се вработам,сигурна сум дека нервозата ќе ми се намали. Ќе си ја накривам капата и ќе си свиркам!
Чекање по банки, доцнење, ко нешто не е по мое а сигурна сум дека е поисправно, кога не ме слушат одредени личности кога им кажувам дека поради нездрава исхрана сами си влечат болести, кога ми поставуваат глупави прашања.... често сум нервозна и дури се нервирам што не можам да си го сменам тоа.
Porano da cesto i za sitnici... sega ne nema poenta nisto ne se menuva i resava ako se iznerviras...taka da chill.. sing a song ...enjoy
Знам да се нервирам и за ситници,за неправди обавезно и други работи кои може да ми расипат денот.Проблемот е што тоа не излегува на површина туку се собира како сунѓер внатре,а надворешно како да ништо не ми е.Сепак практикувам да што помалку ставам при срце такви работи (некогаш не бива мме,човек сум).
Нетрепение. Патам од нетрпение. Многу сум нетрпелива, ама не хиперактивно. Едноставно мислам дека на дневно ниво најмногу ме нервираат луѓе кои се движат бавно, доцнат, дури и зборуваат бавно. Ме иритираат луѓе кои и покрај тоа што ги чекаат други луѓе и разни активности, уште доцнат, па уште се " влечкаат ". Луѓе во редици кои ги задржуваат редот за без причина. Луѓе кои не се основно информираани, кои разговараат за клише квази балкански теми. Проблем на кој се трудам да поработам. Мислам дека надпросечно се нервирам околу тоа. На друго ниво нервоза ми создава чувство на беспомошност во било која ситуација.
Ме нервира чекање во редици по банки и институции, кога некој лаже и се фолира, кога некој се однесува надмено и арогантно, или премногу замара и нема осет.
Многу се нервирам, нервозна сум и се земам на срце. Се нервирам за ситници и за работи кога не ми одат по план.
Многу се нервирам, воопшто немам трпение и тоа е првата работа која сакам да ја променам кај себе. Ме нервираат и ситници како начинот на кој диши некој. Кога ме нервираат блиските се карам па ми е жал, а кога ме нервира непознат секогаш си ќутам.
гледам одамна не сте пишувале на темава можеби не се нервирате веке дај боже да е така ама еве јас се нервирам многу уназад период веке и почнаа да ми се тресат рацете, мислев шекер е па тироидна, проверив се е во ред, па панични напади мислев да не ме факаат ама пва е од нервоза и сакам да ми кажете за нешто на природна база за смирување ама што не е за спиење зашто јас си спијам одлично и доволно а и притисокот ми е сега на топлово низок. така да нешто да ме смири да не ми се спие
Па на природна база можеш да пиеш чаеви од Маточина,М.Душица,Камилица. Види како ќе ти делуваат при организам. Знам дека чајот од маточина е особено добар при главоболки добиени од нервоза.
Социјални, економски, легислативни неправди ме нервираат. Знам дека е како што е, ама не можам да ја 'истресам' од себе надежта дека може и подобро.
Ме нервира неправда и да бев правник мислам ќе скренев од тоа колку бавно или некогаш воопшто не излегува правдата на виделина.
Се нервирам за ситници ако нешто не ми оди како шо треба, особено оваа недела сум многу нервозен и резултот беше се подскарав со татко ми. Незнам шо мие...
ти со татко ти крв вода не е ке ти прости јас на работа од шеф до колешки и баш така оваа недела е нешто посебна