ауууууууууу колку ме нервира мува кога ми зуе или пчела,или пак додека спијам и некоја мува што влегла од прет таа ден да ме разбуди лелеееееееее станувам и ја убивам ама после цела ден ми шњ!
моментално се нервирам зашто МЕ ЗАМАРА, ПРЕМНОГУ МЕ ЗАМАРА и не сваќа дека ме замара ! а исто така се нервирам коа некој е оладен спрема мене, осеќам дека е љут , а сепак негира .
Е сеа можда е малку глупаво, ама се нервирам за времево, затоа што врне, а тоа не ми оди баш во прилог. Ако не престане до четврток, ништо од тоа што го имав замислено за фризурата.
Се нервирам кога некој ќе ме извиси,кога некој нон стоп ви виси над глава и ми соли памет,се нервирам кога врни ,се нервирам кога се наградени тие што не го заслужиле тоа,се нервирам кога некој не сака нешто да ми објасни и само ќе кажее ДОБРООО!! ууфф...
се нервирам кога некој ми откажува договор најчесто за излегување, се нервирам кога некој не е точен , се нервирам кога чекам и најмногу мразам неодговорност и неорганизираност
Нешто посебно не се нервирам, други ме нервираат. Ме нервираат моите кога се расправаат за ситници, после јас нервозна а они си се разбрале Ме нервира и инструкторот по возење, само да знаете колку го пцујам во себе, ме нервира и дечко ми кога се прави невинаш. Ама не е толку страшно, овие нервози бргу поминуваат.
Се нервирам кога ме злоупотребуваат. Да не се разбереме погрешно, мразам кога јас сум секогаш тука за некого, а тој некој не може да ме удостои ни со еден смс.
Се нервирам -затоа што не ги сакам моторите ...А мојот син бара мотор...Имам лоши успомени од лудите години . И не ги сакам во моја близина. Но кој ме шиша , крвта вода не бива и гените се наследни ...каков татко таков син.На крај ќе попуштам и ќе го купам
се нервирам кога нешто ми е испланирано а трга наопаку се нервирам затоа што неможам да си најдам работа и се нервирам кога ќе видам дека 15 годишни девојчиња имаат секс а не се ни целосно оформени е ова не да ме нервира ме вади од такт се нервирам кога некој ме прави будала во здрав мозок а знам дека ме лаже се нервирам затоа што сум добра со сите и незнам да кажам не
Kога некој ме прави будала во очи а знае дека не му верувам ни збор и сепак продолжува со убедувањето
брррр... дечко ми во последно време ме нервира најмногу... знае да биде терсене некогаш уфффффф не можеш да се разбереш како човек, се мора со викање и кавги
најмногу ме нервира кога некои личности секогаш не ставаат во 2план.и кога љугето мислат дека можеш да издржиш се