Се нервирам за се и сешто, неправдини ме вадат од ТАКТ , а посебно НЕПИСМЕНИ ШЕФЧИЊА-ТУКУ ШТО ИСПИЛЕНИ кога ми солат памет како се работи Или луѓе кои што мислат дека се шефови, оние кои појма немаат од работа а се прават дека се знаат, и на крај ќе ја убрбљаат целата работа, ме нервираат зајадливи, љубоморни и нереализирани створења, кои што совен долг јазик немаат што да понудат во животот. Пукам од нервози и лесно избувнувам...
Ме нервираат луѓе мислат дека се многу паметни, што се замислуваат дека се многу јаки и интересни, и што мислат дека сите на светов се расипани( освен нив нормално). Уште многу други работи ме нервираат ама ова најмногу
знам многу често да с еизнервирам и без причина ама многу брзо ми поминува,ме нервираат луге кој се праат дека знаат се и сешто шо се праат многу паметни а уствари се живи дудуци и ме нервираат луге кој не се у право а упорно викаат дека се у право е од таките косата ми се дига се нервирам коа ке треба да идам некаде и некој у последен миг ми вика неможам,и кога дечкоми ке ми каже БЕВ У КЛАДИЛНИЦА
се нервирам кога некој ме гледа во очи и ме лаже, а ја сепак ја знам вистината..., ме нервира кога времето е лошо, ме нервира кога некоја другарка ќе купи нешто видено однапред на мене, ме нервираат лицемерни,дволични,недружељубиви,некомуникативни луѓе кои шират негативна енергија... па во принцип тоа ме нервира
Ме нервираат мрзливи луѓе. Па ај што се мрзливи, туку и злобни. Да гледаат само со друг да се извадат. Ццц што се не шета по светов.
Се согласуваааммм само ке додадам мрзливи и искористувачи кои те бараат кога им требаш а после ciao bella
да да гледаш добро што ме потсети еххх колку луѓе ме имаат зезнато на овој начин... те бараат додека си им интересен, ќе го добијат тоа што го сакаат и после ЧАО,се знаеме? затоа сега малку се сменив само поради ова, ми беше добра лекција... порано кога ќе му требаше пари на некој одма давав, му треба ова му треба она, ја глупа одма трчав да помогнам и на крај пак тие луѓе зборат за тебе какви не работи, а не се сеќаваат дека кога им требала помош ти си била тука и си им помагала. Затоа поубаво биди ѓубре и убаво ќе ти биде, а ако си добар сите ќе те газат и ќе те искористуваат. ама што да правам рак сум во хороскоп и таква сум, али пробувам да го сменам тоа како што напоменав погоре и не сум толку добра и дарежлива како порано
И јас така трчав се додека не сватив дека за никого веке не е вредно да се мачиш и дека луге веке не постојат. Секој гледа само да те зезне колку може повеке, а после да каже извини или да се прави на тошо. Епа затоа и многу не ме сакаат зошто не знам да бидам лицемерна, искористувач и итн итн. И викам на мајка ми никој не ми одговара или јас сум посебна. А таа ми вика и јас сум таква нема луге веке не е до тебе. Не се лоши времињата, лоши се лугето!!!
Па не знам колку ме почитуваат ама знам дека ме мразат и се љубоморни. Ама љубоморни се само оние кои се несигурни со себе .
е злато од секад ќе има љубомора. Ако си ти таа што ќе постави граница и ќе рече "доста е веќе" нема да се осеќаш ти повредена и разочарана на крај. А што кажи ми што е подобро: да изиграваш потрчко на некој со еден збор да бидеш добра, фина... и на крај кога ќе си го земе тој/аа тоа што им е потребно да те шутнат ИЛИ подобро е уште во почетокот да си поставиш граница на се? како и да е, што и да направиш и каква и да си пак ќе зборат лошо така да не се замарај терај си го и прави си го животот онака како што ти сакаш и не дозволувај да ставаш некој пред тебе, зашто ако ти не си се ставиш на прво место никој друг нема да го направи тоа наместо тебе
Е точно така е срцко. Ставив додуша некоја граница. Нит ја викам нит идам кај другарка ми. Ако сака да дојде знае кај сум ако не ciao bella. Не се замарам веке. Подобро сама него у лошо друштво . http://www.youtube.com/watch?v=eqBuLD0Lt7E мн ми се свига песничево.
Во последно време лесно станувам нервозна. Поточно, сега омекнав малце, но кога имав за учење за матурските испити и згора на тоа дечко ми ми правеше притисоци- е не можев, мислев дека ќе пукнам! Инаку, во последно време дечко ми се повеќе ме нервира со некои негови изрази што знае дека ме нервираат и упорно ги кажува..Или нешто што сум го убедувала дека не е така, а тој ми го повторува по 100 пати во ден И ме нервираат луѓе кои се преценуваат.
И мене ме нервираат таквите луѓе . Мн ми се никакви . А дечко ти гледај да го одвикнеш од тоа и да му укажеш дека те нервира. Така правам јас со мојот и сега престана со некои од нештата кои ме нервираа . Не се нервирај за глупости не си го губи здравјето
vo posledno vreme mnogu sum napnata imam nekoj vnatresen nemir vo sebe i za gluposti se nerviram a najnervozna sum koga nemam pari.