Многууууууу често се нервирам во последно време.Секоја ситница ме вади од такт.Ама и сама сум си крива кога се земам при срце.Добра сум сега,порано да не зборувам Ако нешто ми се сменеше во плановите веднаш паника ме фаќаше.Сега се ме нервира,ама пред се луѓето.Најдобрата другарка воопшто не забележува дека ме нема во нејзиниот живот,почна да се дружи со другата другарка што исто така ми беше блиска и како јаготка на шлагот и со девојчето што најмногу го мразев.Сигурно сега има некој evil plan како да ги сврти сите против мене.Другата наводна другарка по толку време што не сме се виделе и текна да ми пише и јас така си се спремав цел саат за искачање и и текна да ми каже дека и излегле некои други планови баш кога излегов од дома И сега седам по цели денови сама дома,во депресија и ме нервира и брат ми,па можам комотно да си земам еден нож и да си средам работа.И сега искрено не знам што е работава.Дали е до мене што не ми иде комуникација со луѓе,иако не правам ништо лошо па да ме отргнуваат,или е до сите овие кретени.Само надеж ми останува дека ќе си најдам подобро друштво,пред притисоков од толку нервози да ме среди.
епа и јас се нервирам со пријателите и непријателите со да се прај ... му велиш на девојчето знам дека лажиш и не се ни обидува да објасни вели не не лажам и вика ај јас ке заборам и ке пробаме се да биди како порано иако не вервам и тебе крива те вади и ај да не се нервираш...
Скоро за се! Па порано се нервирав,ама некако научив да се смирам малце..Само со домашните уште не можам да научам,ама ќе биде.. Најмногу ме нервираат прости луѓе. Ме нервираат луѓе кои цело време се нешто се жалат. Ова ме боли,она ме боли,главата ќе ми пукне,вака ми е,нака ми е,ама нервира овој,ама ме нервира онОЈ..Чекај бе малце,јас не сакам да слушам некој како ми кука...Ај гитла од тука! Ме нервираат луѓе со кои не можеш да си направиш муабет...Кои се нешто му е до заебанција..Идиоти прости! Ме нервираат шмизли,да можам сите ќе ги збришам! Се нервирам кога сум можела нешто да направам подобро,а не сум се потрудила доволно..Како оваа проклета матура.. И.. Крај!
јас најмногу си се нервирам кога ќе се расправам со дечко ми..не дека не ми е интересно,ама од ништо нешто прам и после ми е криво и се нервирам. А нешто најмногу што ме нервираше во животот беа мојте другарки најлицемерните на свет.Кај нив гласи мотото:Ме сакаш-те сакам,Мразиме-те обожавам гревчина мразам лицемериееееее
Се нервирам за секоја можна ситница .. Многу од пријателите и од роднините велат дека ставам се на срце. Но тоа е тоа. Зарем јас сум крива што сум толку чувствителна? Се нервирам кога некој ме лаже, а јас ја знам вистината .. Се нервирам на некоја случка со некоја дволична личност, но најмногу од сум се нервирала за мојот бивши. Поголем кретен во животот немам сретнато, се трудев да го заборавам но не успеав во тоа .. Четири години го сакам и се нервирам да не ги направам повеќе, зошто стварно веќе неможам да издржам .. Он се лиже сега со други, јас дремам и си правам езерце дома од плачење.
Абе какво езерце..Ајде ставај со убавото газе и ти оди во провод! Немој да си дозволиш така да останиш..И јас бев таква,ама после дупло му вратив.. Секоја прилика ја користев да му покажам што изгуби во мене...Кретен! Кис,сонцуле!
Се нервирам кога моите не се еднакви со мене и со брат ми. И покрај тоа што е постар од мене, јас сум таа која треба да изиграва трет родител во куќава!
Секој ден пукам нешто И тоа за ситници, а пак за битни работи леле леле ........ А пак чудно е што пак за некои работи другите луѓе што се замараат јас сум си боли ме уво
Јас за се и сешто се нервирам, за најмали ситници знам да се изнервирам. И секој ден мора, значи мора за нешто да се изнервирам, ниту еден ден не ми поминал без нервоза. Колку сакам да се врати детството кога бев безгрижно дете, кое само се „нервираше“ кога требаше да оди дома.
Воопшто не се нервирам и сите ми се чудат како можам толку смирено да ги прифаќам проблемите...и ако се изнервирам некогаш нема шанси да ме препознаеш дека се нервирам
Се нервирам буквално за секоја ситница,дури и јас самата не се поднесувам што сум таква,али што да се прави .Таман речам готово веке не се нервирам за ништо мора да излезе некој проблем,така да еден ден не ми е поминал без да се изнервирам.
Некогаш за навистина важни работи, а некогаш ситници ме вадат од такт. Денеска на пример, се нанервирав зашто Нивеа се помалку го произведува мојот омилен дезодоранс, а на неговото место прави некои "водурливи стварчиња". Ме нервираат и луѓе кои солат памет. Во принцип најмногу ме нервираат луѓе.
Јас во последно време под стрес сум доста и постојано за небитни работи се нервирам и се разбира доминира човечки фактор как предизвикател..инаку што би ме изнервирало....Деновиве сум како Калимеро...ЕПА НЕМА ПРАВДА!!!!!
нервоза само нервоза, и стресови буквално за се и од се ЧовеЧкиотфактор-главен предизвикуваЧ лек за нервоза и стрес диси длабоко-вдиШи-издиШи, и 3 пати по 2 б6 витамини -требA и јас да пијам поЧесто, знам знам
Па се нервирам и тоа за секаква ситница . Ме вадат од такт глупости, а како повеќето од феминките причина за нервозата се луѓе што се прават паметни, а грам мозок немаат . Не сакам да се нервирам така, ама неможам дури и сега се изнервирав додека објаснував
Се нервирам само кога јас сакам Знам дека глупаво звучи ама преку глава ми е од нерви,се нервирав некогаш со причина а повеќето без причина и решив на никој да не му дозволам да ме изнервира а поготово самата себе.Тешко ми оди но се трудам со некои мали психички вежби од типот(не се нервирам за мали работи а се е мала работа)
Порано имав многу напади на нервоза, со плачење, дерење ко луда, сега се контролирам и сфатив дека нема потреба од толку потресување. Се нервирам со прости и глупави луѓе, факлутетот и професорите ужасно ме нервираат и уште еден мал милион ствари
Колку сум повозрасна толку повеќе се воздржувам. Сепак без нервози не е можно да се живее. Секогаш ќе се најде барем една ситница која ќе те изнервира. Најмногу се нервирам по продавници и ресторани. Ме нервираат намќорести луѓе поготово кога од таквите зависам на каков и да е начин. Значи да ти се згади цел живот кога ќе ги погледнеш! Ми иде се да тепам, по ред! А да не кажам колку ме вади од такт простаклук и некултура. Се бута и прета со рацете ко мува без глава. Море и без крилја. Пред некое време слушнав добра реченица - „јас во суштина сум алергична на луѓе“. Тогаш се смеев, сега разбирам. Ама ај, во име на убавина која не сакам да ја губам, знам се почесто да мавнам со раката и да се изолирам од билошто што ме тера да ја губам
Се нервирам кога пробувам нешто, а продавачката со лажна- неуверлива насмевка ќе каже ПРЕУБАВО ТИ СТОИИИ!! а пример ми е широко или тесно хаха Се нервирам кога не сум дома, а батеријата од мобилниот ми титка при некој битен разговор Ме нервира кога ќе видам дека цело друштво ставиле ист кармин ! Ако и стои на едната убаво, не мора да значи дека ќе им стои на сите Ме нервира кога ќе ми капне некоја капка од клима на главата или кога некој ќе ми стави снег во врат хаха Но, највеќе од се ме нервираат глупави луѓе, на кои мислењата не им се совпаѓаат и упорно се заглавуваат во ќор сокак - продаваат магла Аааа...и ме нервира фактот што секогаш се загледувам во идиоти, од толпа машки јас мижејќи најголемиот кретен ќе го изберам !!! аххх Има и други нешта што ме нервираат....ама ете да оставиме нешто и за друг пат