Се нервирам кога не го ценат моето време, се нервирам кога ми го уништуваат денот затоа што некој го уништил нивниот, кога нашле па зашле...се нервирам затоа што сум оваква...
Се нервирам буквално за се, неправда ме вади од кожа и често знам да хистеришам како луда, посебно нашава држава, сите компании со несоодветно вработени, што си немаат појма, законите што мора да ги почитува СЕКОЈ, ова ми се нервозите во последниов период. Често ме нервираат луѓе од типот ЈАС и никој друг, ме нервираат луќе што доцнат, што префрлаат вина на друг, знам да се изнервирам и ако диџејот во дискотека не ми пушта добра музика (а фино лепо можам да си искочам), ме нервира кога комјутеров ми е спор, ме нервира кога не можам да си најдам нешто, а ми треба итно, ме нервираат игрине на СРЕЌА што баба ми ги гледа на телевизија (девојка збори како навиена, држи некои си пари и очекува гледач кој ќе го погоди зборот), ме нервира кога некој ме копира, ме нервира дволичност, ме нервира кога луѓето се мешаат во туѓ живот ... можам до утре да си пишувам )))и секако ситници
Се нервирам за се и сешто, најчесто и кога нема потреба од нервоза. Сестра ми и дечко ми се нај неодговорните створења и секако тие се најчеста причина за мојата нервоза. Неред, доцнење, успивање, празни ветувања, заборавени и нереализирани обврски и сл. Понекогаш се нервирам и кога нешто не е на место па ми боде очи или пак е наместено на криво (ова е она нервирање без потреба) бидејќи јас сум чудна сакам секогаш се да ми е под конец. Собата ми наликува на аптека и ако некој партал отскокне ми создава нервоза, неможам да се воздржам да го оставам за подоцна или воопшто да не го средам. Најмногу се нервирам кога некого неможам да добијам на мобилен со саати. Па господи затоа е мобилен, за да може некој да не добие во секое време. За доцнење повеќе од 10 минути коса ми се крева, јас сум секогаш точна до секунда како швајцарски саат. Толерирам доцнење но не кога е претерано. и на врвот е нехигиената аууу сестра ми тука ме убива. Во нејзината соба замислете си дека експлодирала бомба.. е... собата изгледа многу полошо од тоа. Ај што и е собата таква него колку убива она влечкање по неа и собирање се што нема да врати на место а ќе го остави каде што ќе и текне низ целата куќа уф, уф ме изнервира помислата. И така во принцип тоа е тоа. Ситниците подобро и да не ги набројувам
Највеќе се нервирам кога некој ме гледа во очи и ме лаже мртов ладен, а уште повеќа ме нервира кога згора на тоа мисли дека му верувам!!!!!!Исто така ме нервираа кога чекам на договорено повеќе од 15 мин.Е тоа знае да ме извади од контакт.
Сдк..дека се најмногу нервирам кога дома не ми е средено,изметено,избришано прашина ...кога некои работи не се на своите места/..за тоа сум голем ситници али ме нервираат... А има и мн други работи и постапки кај некои луѓе што ме нервираат но ме мрзи да куцам моментално
Се нервирам за небитни работи за ситници кога ке размислам понекогаш си велам се било за џабе.Се нервирам за лицемерни луѓе,се нервирам кога некој ме лаже во лице и упорно ми вика дека е така,се нервирам поради некои другарки сеа на нив ако не им се погодил денот не им се сите овци на број па можат како сакаат да се однесуваат.Јас сум многу емотивна личност и се си ставам при срце иако не треба така и животот ме учи да бидам посилна и се учам од своите грешки најубаво.
Се нервирам за СЕ!! Ама баш за секоја ситница можна јас се нервирам. Се нервирам што воопшто не се грижам за моето здравје... Си имам здравствени проблеми од толку нервирање уште од мала и упорно не ми е гајле за тоа па очигледно треба нешто баш да ме стрефи за да се опаметам Се нервирам кога ме лажат, кога се лути некој без причина, кога некој ми вика, кога некој мисли дека знае се за мене а незнае НИШТО. Сакаат демек само да ти помогнат а само сакаат да ти направат лошо Е сеа се изнервирав неможам да пишувам веќе
Во последно време ифрит сум. Се нервирам, не сама од себе, туку едноставно сите околу мене се толку напнати и нервозни со споредни работи кои отстрана гледано се смешни за да предизвикаат толкава нервоза. И кој е на мета?? Па нормално Нелчееее... За се' едно нешто јас сум крива, јас треба да внимавам што ќе кажам, јас треба да внимавам што ќе направам зошто другите биле нервозни... Ма ајде...?! Јас не сум нервозна, НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!
Признавам дека сум нервозен карактер, и тоа многу, но во текот на животот научив да се контролирам, помалце да се нервирам, да не кинам живци за незначајни и минливи нешта, научив и да ја прикривам нервозата! На некој начин сфатив дек можам да живеам и пооупуштено и ете така се чувствувам подобро во сопстевата кожа! Знам многу да се изнервирам кога ме убедуват во нешто за кое веќе сум донела одлука, се нервирам кога некој се фали со искреност а всушност е јасно дека е далеку од искреноста, ме нервираат и скирени интереси, ме нервираат ,,филозофии,, на теми кои им се тотално непознати на ,,филозофите,,.... и уште еден милион секојдневни нервозички кои како што реков некако успевам да ги контролирам!
Лошо е што се нервирам за секаква глупост, ситница и за работи кои не се вредни за нервирање, а добро е тоа што не ме држи многу. Се нервирам кога ќе снемам цигари а саатот е 4 сабајле, кога треба да чекам одговор на порака еден саат, кога некој сака да се направи паметен па зборува глупости само колку да каже нешто и на крај муабетот нема врска и се чудиш што всушност сакаше писателот да каже, кога луѓето зборуваат едно, мислат друго а прават трето, кога немам време да завршам некоја работа, кога немам кредит а треба да се јавам на некого...и многу други работи.
Се нервирам буквално за се! Стално си наоѓам причина да се нервирам, па дури и за тоа се нервирам Ама највеќе ме живцира школото, кога ме мрзи да седнам да учам, па цело време кукам дека ништо не знам...Еве како на пример сега
За жал, се нервирам ПРЕМНОГУ ! И тоа за ситници и некогаш дури и мене ми пречи ама што да правам? Посилно е од мене
па не се нервирам мн.... алииии нешто што мозе да ме изваде од контакт ее да си води инает некој со мене
Колку се нервирам? Подобра прашање е колку не се нервирам!!! Хахаха за се можам да се изнервирам, мора да е некоја способност тоа! За најмали, намалку важни и беспотребни работи се нервирам. Нема ден барем малку да не се изнервирам. Хаха па што да правам, како да се сменам ај кажете?? И што е најлошо обично си го чувам тоа во себе. И ми пука филмот и на погрешно место и на погрешни луѓе. Е тоа е!
Уфф .. каква тема . Многу често се нервирам за се нешто. Она класично што си е ме нервираат глупави луѓе, луцемери ......... а, онака преку денот може да се изнервирам за обични глупости, на пример сум го мислела вака, а било така, кога немам доволно време страшно се нервирам, кога некој упорно ми се контра, а не е во право (или е ), кога чекам некој, ме нервира и кога некој или нешто ќе ми го расипе планот и нема да излезе како што сум сакала. И да не набројувам понатаму, веќе заклучивме дека сум нервозно човече . Ама кратко ми трае нервозата и лутината, така што не е страшно. Ако е за ситница за 5 минути заборавам, но ако некој крајно ме изнервира, се потсмева итн. итн. е тогаш, малку потешко . Може е до годините и таков е периодот, мислам дека ќе помине (се надевам ).
Колку и за што!? Многи и за се! Што да правам кога таква сум,преголем перфекционист,ситничар,и поради тоа секоја ситница ми ги крева нервите ненормално многу.На моментот се нервирам премногу и можам да изнакажам 1001 збор а секој од нив да е погрешен и да се каам.Што да правам кога се ме нервира.Ама буквално СЕ! И една мравка и една трошка и СЕ може да ме изнервира,ама доброто е што многу бргу ми минува лутината и за 2 минути веќе сум друг човек,па самата себе си си се смеам за глупостите кои се изнервирав
колку се нервирам? хаха па јас цело време се нервирам...значи премногу. што да правам, таква сум. секоја ситница може да ме изнервира, почнувајќи од школото а завршувајќи со...па да речеме проблемот што да облечам денес