Ептен многу се нервирам! За секакви работи, и важни и помалку важни. А не бев толку многу нервозна порано. Ама верувам дека секојдневните проблеми и стресот си го направија своето, некогаш не се препознавам, ептен ми се слаби нервите, не личам на 20 годишна девојка на моменти.
и јас имам 20 години но нервите ми се навистина при крај ми иде некогас да фанам мене да се скрсам од нервоза,инаку сум најтолерантната ли4ност на овој свет па мозес да замислис 4им ја се изнервирав колку ли е страсно да си овој период во моја коза... некако се од себе давам со никогас досега не сум го правела и никој не го цени тоа НИКОј! порано ко бев лоса и ко не се замарав ама бас со никој мислам дека сите ми беа на колена да не претерувам ама срекна сум со не сум бас опкрузена моментално со лугје сто ме знаат цел зивот инаку би се отепале од смеенје,незнам стварно се нервирам ке пукнам
Ве читам и гледам дека повеќето се нервирате за ситници-станувате и немате кафе,ве нервира гужва во автобус,таксистот,другарките итннннн....... И јас се нервирав за вакви слични ситуации,но кога ќе настане нешто што ќе ти го смени животот од корен-е тогаш сакаш нејќеш -се нервираш Муабетот ми беше,да не си ја трошите енергијата на нервоза за ситници,бидејќи во животот допрва не чекаат нервози и тешки работи....ова ме советуваа моите и навистина така испадна...затоа што помалку нервоза...бидејќи сега кога ми се струпа"вистинската " да речам нервоза и оние секојдневните, за кои сфатив дека џабе сум се нервирала во споредба со оваа,завршив со антидепресиви...да не ве замарам,значи моментално се нервирам веќе 3 години ,бидејќи мојот татко не напушти ,а пропратно со тоа се јавија други проблеми
Се нервирам кога барам нешто,а не можам да најдам,а после кога барам нешто друго го наоѓам ова што претходно сум го барала. Е тогаш многу се нервирам . Се нервирам и кога некој ќе ме извиси во 5 до 12,се нервирам кога некој ми води инат а знае дека сум во право,се нервирам кога нешто чекам на тв а не почнува,а некогаш се нервирам мислејќи си мора ли ова да го направев вака,што ќе беше да не кажев/направев нешто. И за мноогу други ситуации,ама овие ми текнаа сега.
Se nerviram koga se brzam za negde i togas nemozam da najdam nesto sto mnogu mi treba; koga ne po moja vina kasnam negde; se nerviram koga nemozam nesto da napravam i mnogu drugi raboti ..... a za pokrupni nesta da ne pravime muabet ))[mod-kirilica:2ofe45k4][/mod-kirilica:2ofe45k4]
Многу, ненормално колку многу се нервирам. Само нешто да појде по лошо макар и ситница да е, веднаш се нервирам викам, урлам. Веќе сите ме научија, и започнаа тоа да го сфаќаат како моја карактеристика, и да ме прифаќаат како таква. Тоа е тоа, заминати ми се живците веќе, не држам струја ич...
Се нервирам за се и сешто за небитни работи ма за секави глупости се нервирам, а највише ме нервира кога некој ме лаже или не го исполнува ветувањето исто така многу често и домашните знаат да ме изнервираат
Јас не се нервирам за ништо.Ма јас сум многу кул девојче.Најсмирената личност што ја познавам,се додека не влезам во WC и не видам дека капакот на шолјата е кренат! A да, ќе заборавев...и многу се нервирам кога ќе си ја завршам работата таму пред да видам дека нема Перфекс - знаете лакше се брише
Премногу. За буквално се’. И шо е уште полошо, се’ си берам во мене. Се чудам како досега на некој не сум му се истушил, онака салам, да го отерам УПМ Знам дека не чини, ми влијае и на здравјето, и на секојдневното функционирање, ама не можам поинаку. Колку и да се трудам, едноставно не ми оди.
се нервирам за се( и за ситници, и за големи нешта) таква сум, и тоа не можам да го сменам, а кога сум нервозна или почнувам да се смеам , или да викам или пак знам понекогаш да заплачам(ама тоа ретко се случува) пијам б6 витамини(супер се за цело тело ама понекогаш не помагаат)
Истото е и кај мене, мн се нервирам, за се и сешто, и сте ми велат дека за се некоја глупост се нервирам.. а од инает почесто се смеам, некоаш и расвикувам и нормално плачењето, ако сум сама или ако е нешто ептен сериозно. А витамини никако, моите другари често ми препорачуваат да пијам нешто, ама јас не сакам, зашто мислам дека ништо нема да ми помогне
Смирена личност сум, многу тешко да се изнервирам за било што. Ама сепак мислам дека не е убаво така, го чувам тоа во мене и најверојатно полошо му правам на организмот. Ама тоа е не знам да покажам нервоза, треба ептен некој да ми ги спои жичките што се вика, за да експлодирам
Последно време како повеќе да се нервирам, им завидувам на оние кои тврдат дека со годините научиле да бидат посмирени, а всушност со мене е обратна ситуацијата. Најмногу ме нервираат секако луѓето и тоа во следните ситуации- - те лаже и лаже и упорно се заплеткува и тоне се подлабоко и уште мисли дека му веруваш иако го гледаш баш вака и ги менуваш нијансите на лицето, - барање глупави изговори, не ми врти наоколу со мизерни аргументи кои не вредат ни 5 пари, бидејќи тоа навистина ме полудува, пр. не му ја даваат колата од дома, а ги убедува сите дека не ја зеде бидејќи планирал да се преалкохолизира, а потоа гледаш дека има 200 ден. ( не ми е целта да ја нападнам финансиската немоќ кај некого, туку заобиколувањето на вистинските причини ), - ме нервира кога некој доцни, а посебно кога чекам на многу прометно место, па сите наоколу ќе приметат колку чекам некој/а бескичмењак/чка, - ме нервира кога некој ми менува во последен момент нешто многу важно, - ме нервира кога некој мисли дека е толку паметен, а сите мудроштини му се толку излитено проѕирни што и на 5 годишно дете му се јасни, - ме нервираат емотивни вампири, кои се движат наоколу со една единствена цел - да го цицаат мирот и спокојството на сите наоколу, - ме нервираат такви што никогаш не ќе научат да се осамостојат целосно, секогаш зависат од се‘ и секого значи тотално неспособни за ништо субјекти кои напразно го дишат воздухот на планетава. Засега толку, да оставам нешто и за другпат.
нервоза? составен дел од сечиј живот! аххх колку би сакала се повеке и повеке да кулирам, ама неможам-таква сум ептен сум нервозна. најчесто се нервирам поради ситници и разни глупости, почесто постапките на мајка ми и брат ми морам да се дерам на нив, лелеее.... толку ми ја земаат енергијата... понатаму ме нервираат многу глупави луге прости и неписмени кои не се во тек со напредниов свет и се што спага во нив, вклучувајки и наједноставни работи манири и така натаму. морам да нагласам дека многу штетно ми влијае нервозата и тешко дека можам да ја исконтролирам. може да кажам дека во последно време повеке сум нервозна, отколку што сум онака искулирана што би рекле. се обидувам да не се нервирам за ситници ама тешко ми оди. таква сум ама по се и лугето околу мене. е тоа ти е!
се нервирам повеќе за ситници отколку за големи работи да се случи нешто ќе избројам до десет и самата со себе разговарам(чекај смирисе мора да има некое решение) а ситници ме погодват не внимание од луѓето незнам ниски глупи работи и несакам да сум таква ама ете неможам некогаш да се контролирам
Не се нервирам за ништо...ништо не вреди за да ми го расипе расположението...се ќе се реши само треба време да помине
Во последно време најмногу се нервирам за тоа што немам што да облечам. И ќе купам се и на крај пак немам. Не знам како така. Ама ете, немам што да облечам
Се нервирам за се и сешто, од тоа кој што рекол за мене до тоа кога сакам да си купам нешто а не сум во можност највеќе за последново