1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нервозни случки на кои подоцна се смеете...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од GeorGinnA, 21 октомври 2010.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ...Пред две недели стокмена и дотерана ,спремна за незаборавен провод у град ја чекам другарка ми да ме собере.Во 22,00 часот договорени арно ама по петнаесетина минути сеуште висам на прозорец дали е стасана доле пред зграда ,мобилниот недостапен....и после половина час цуцата се јави дека имала итна ,неодолжна ситуација со расипаната пегла за коса па дури и не приметила дека и е исклучен мобилниот...

    Ми доаѓа да те акнам од земја значи...тоа беше првиот мој коментар додека влегував во кола:))) си поминавме супер таа вечер ама битно ме извади од кожа претходно:))

    Како и да е,сигурно сте имале такви ситуации кога некој/а ве накострешил до бесвест,ама сепак кога ке пројде време се смеете на тие ситуации нели?:)

    Епа ајде да се смееме заедно,ако ве бендисува темава очекувам сочни и интересни ситуации :*
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ми доаѓа да те акнам од земја значи...

    Темава не поттикнува дискусија. Ќе ја оставам да видам дали имаат другите форумџики да кажат нешто. :)
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Ми доаѓа да те акнам од земја значи...

    јас имам другарка што е многу хаотична,се договара со сите да се види,а знае дека нема време,обавезно касни по 15мин минимум,тешко ја добиваш на тел зашто најчесто не знае каде и е,ќе и кажеш нешто,ќе заборави.најновото беше вчера кога планирала да оди негде околу 8ми декември и после два саати се сети дека нема да може зашто е на факултет-претходно се си мислела дека 8ми декември е после нова година.ама што да и правам,таква си е,најдобра другарка ми е,се навикнав и си ја сакам :D
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Темава е полабава....и мислам дека баш има многу работи да се кажат кои се интересни и забавни....На форумов има толку безвезални теми па никому ништо,некој се потрудил и направил нешто,мислам дека треба да се почитува сечиие мислење...
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Насловот го променив, темата може да остане :) Продолжете со дискусија.
     
  6. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Тој ден многу ме изнервира дечко ми ! И јас, спремна за расправија тргнав накај колата негова да се расправам иии...што да видам кога насилно ја отворив вратата!!! :o Пред мене си седеше еден тип кој си ја чекаше девојката, и широко насмеан само ми рече Кај мене ли ке влезеш??? :D

    Леле!!! :@ Сакав земјата да ме проголта истиот момент, но затоа подоцна следуваше тридневно незаборавно смеење наместо караница ! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    За време на една наша расправија и под влијанието на моите убави хормони, со маж ми така се каравме[​IMG], и така ме изнервира, што фрлив чинија по него полна со јадење и целиот ѕид се извалка...друго слично на тоа...толку многу го вбесив, што го лупна фиксниот телефон од земја и скокаше врз него [​IMG]
     
    На crazylady, Bitter-Sweet, angelche16 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.092
    Допаѓања:
    56.319
    Пол:
    Женски
    Претходниот пат кога ја фарбав мајка ми имавме епско доживување. Таа има многу виткана преееегуста долга коса, и купила една фарба |( .
    - Жено нема да ти стигне.
    - Е ако де фарбај како така |(
    ... не стигна ни до пола. Ајде таква нашлапана стои, го пративме татко ми со кутивчето да купи иста фарба. Во продавницата имало гужва, го чекавме 10тина минути. Дојде,
    -ааа добро таа е си ја погодил.
    Отварам што да видам - само хидроген и упатство во кутијата, ФАРБА НИГДЕ! :o
    Баравме да не паднала, по скали, по патот, ама нема шанси, сигурно некој ја украл од пакетчето. Го чекавме да се врати, кутриот срам му било, ама им кажал што е работата и му дале друга фарба.
    Крајниот исход - од едната страна се оштети косата, ама секако требаше да се шиша после фарбањето, не беше многу страшно :sweat:

    После се изнасмеавме :D Додуша и додека траеше ситуацијава јас се газев во смеење, ама нејзе не и беше баш смешно тогаш :lol:
     
    На Leo girl, iloveyou29, Ingvild и 8 други им се допаѓа ова.
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Мене секојдневно ме нервира продавачката кај училиштето.Ама што да правиш кога е единствена продавница. Толку мрзлива жена у живот нема сретнато.Кај одвај се движи, и не знае да рачуна па уште ке ти се испонаша препотентно како денес што бев нешто во фрка се брзав а оваа уште вика да сум почекала да доразговара со муштеријата пред мене!
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Е луда сум, кога нешто ќе ме извади од памет после тоа ме фаќа една заразна смеа. Една вечер мајка ми ме испрати да спаднам до подрум. Беше полна месечина и беше прилично светло. На враќање една бела мачка ми го прекоси патот па мене ми се причини како дух. Почнав да пискам и да плачам. Седнав на степеници и се свиткав од страв. Мајка ми и татко ми се нацртаа на тераса и ме смируваат, што биде што што??? ајде качи се дома. Станувам јас и одам дома ќе се задавам од смеење, се крекам како квачка. Мајка ми и татко ми ќе ме испотепаа зашто мислеа дека ги зезам хахахах

    Така еднаш се преплашив а бевме со другарките излезени на кеј. Почнав одеднаш да врекам дуууух, дууух и почнавме да бегаме како луди. Навистина ми се причини и се исплашив. Застанавме на едно место и почнав да се виткам на земја од смешки. Тие ми рипнаа на ќеотк, мислат заебавам ги бе па :rofl:
     
    На angelche16 и Aleks96 им се допаѓа ова.
  11. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Јас кога ќе видам некој да се утепа, да се мавне и сл. се газам од смеење :D
    Воопшто не ја сакам оваа особина кај мене, ама таква сум :D Им се извинувам на сите за мојата реакција и им кажувам дека навистина НЕ МОЖАМ да се воздржам. Смешни ми се нивните реакции.
    Така дечко ми од столче си го мавна малото прсте од ногата и почна да скока како луд и да офка.. Јас од другата страна се умрев од смеење. Имало милијарда слични ситуации, да се лизне некој и да падне, да се удри и јас да зајдам од смеење. Им доаѓа во тие моменти да ми ја бапнат една, ама ме знаат каква сум па се воздржуваат. Многу ми се лутат во прв момент, а потоа заедно се смееме. :lol:

    Имам проблем, неконтролирано се смеам. На шали и на смешни ситуации 100 души да сме сите ќе се насмееме во исто време по некое време 99 престанале со смеењето јас си верглам уште. Реакцијата ми е оваа :D :?: :$

    Што да правам?! Таква сум си.. Смешка невидена.
     
    На piksooki, famous-girl, Chiwawa1208 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    ^Леле иста сум и јас. Вака оф-топик одиме што не се нервозни ситуации ама не знам дали има друга таква тема. Еднаш од училиште си идам и таман да си влезам дома едно комшивче си трчка по улицата. Па од еден камен кога се откорна, леташе едно 5-6 чекори напред. Стана веднаш и ме гледа а јас патлиџанче станав у фаца, нели ќе му се насмеам ќе рукне. Си влегов дома и почнав да се валам од смеа.

    Друго, еднаш си седам на компјутер како и обично и на сестра ми и викам: Дадоо донеси ми вода. Таа ми носи и оти во собата секогаш ни е урнебес, од едно столче се сопна иии... целата чашка вода врз глава ми ја истури. Таа офка како луда, а јас се цепкам со водената ми глава :D .

    Трето :D . Со другарка ми пред 3-4 години бевме на базент. Јас сеуште не знаев да пливам а бевме во 2метри на крајот влезени во базентот. Така си преткав со нозете назад и еден дечко од таму се изморил, без воздух сиротки прета и вика: Помооошш!! Помоошш!! па ме фати за нога, ме повлече и така да се подигне повисоко со раката ми ја фати главата шлап под вода. А другарка ми си правеше муабет со еден дечко и тој ме гледа зачудено и и вика: Еј другарка ти се дави. Оваа кога ме виде ме фаќа, ме вади и ме чука, се наголтав јас. Овој се спаси некако излезе од водата а сестра му па била во близина и кога виде што ми направи, се затрча и пљаас го бутна во базентот сиротки со последните сили си го спаси жиотот.

    Леле што ми текна сега на овие работи ќе се смеам цела вечер. :rofl:
     
    На piksooki, iloveyou29, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Случка стара десетина години, секогаш кога ќе се сетиме на неа, со сестра ми се газиме од смеење...
    Со татко ми сме биле отсекогаш многу блиски (сеуште сме), и за некои работи немало срам..Јас баксуз, да не видам дека ми завршило пакетчето со влошките, а ми требат итно, и го замолувам татко ми да оди и да ми купи..Арно ама, од тие што употребував немаше во маалските продавнички, само во еден супермаркет (да не рекламирам) и му го давам најлончето и му викам вакви да ми купиш, те мооолам. :angel: За побрзо човекот ќе оди со точак, а што имаше па еден точак-пони од 83, Хитлер на бегање го оставил, ама толку си го сакаше за друг ни да чуе. И отиде татко ми, чекаме пола саат, саат, го нема, тогаш немаше мобилни ...И ете ти го доаѓа, запотен, вцрвенет, нервозен, му чури од очи и од уши. :@ Влага внатре со улошките во раце и ја лута-Де бе тато да не береше памук, што направи...Слушај вамо мало (така ме викаше), од сега па надаље со сестра ти сами да си купувате памуци, ја вас памуци и пелени ќе ви купувам...или на време да кажувате што немате..
    И ја го сечам - е добро де што не ти е првпат, мислев некој го навредил... :worried: :o
    Татко ми-точакот ми се скрши, едвај дома го донесов...и за една секунда ја, мајка ми и сестра ми до доле, се ваљаме од смеење... :rofl: :rofl: :rofl: (кој знае како изгледа пони точак ќе му биде јасно-се скршил меѓу вилушката и делот што се спојува со тркалата, и тоа за време на вожња)
    И сега го замислувам како го носи точакот и памуците и прснувам
    п.с. Не се откажа од неговиот верен пријател, го однесе да го заварат и замислете уште го вози...е тоа ти е тетовска упорност. :clap:
     
    На Leo girl, blackwave, iloveyou29 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    хахахахха ме насмеавте..
    Беше зимо пред продавницата имаше мраз, се лизгаше ненормално , но јас тоа не го видов и залетана на продавница ( па и скокам од ѕидчето) кога се лизнав мислам го скршив целиот мраз.. тогаш се утепав плакајки сега кога ке се сетам се мочам од смеење :D :$
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Бев на одмор, имаше еден италијанец.. Абе што да ви кажам. После 3 години уште летам во облаци кога ќе ми текне на него. Ах Алесандро, Алесандро...
    Тамам собрав храброст да му пријдам, излезе англиски не знаел и мајка ми ми се смееше како сум добила корпа. -.-
    Изреволтирана јас, наредниот ден се решив ќе го палам, се средив за на плажа што да ви кажам. Да ме види и на г*з да падне. Како што го соблекував фустанчето (кон главата, не знам како да опишам), сфатив дека горниот дел од бикинито не ми го заврза мајка ми, бидејќи сама се уште не знам ништо да врзам. Фала богу тој не ме виде каде што не требаше (не дека има што да види :lol:), и немаше никој се уште кај лежалките освен нас двајца, па не беше до толку срамно. Важно јас фино си се соблеков. Секоја среќа кога го правев тоа без со грб свртена, па тој само тоа го виде.

    Другото лето во Египет, ми се допаѓаше аниматор од тимот, и ме одбраа за Мис хотел...арно ама имаше игра да се качи аниматорот на стол, и јас со пинг понг топче да треба да почнам од ногавицата на едната нога, до ногавицата на другата нога. Топчето да е внатре (во фармерките), и преку неговите фармерки да го тркалам така од едниот до другиот крај. Можете да замислите раката кај ми забега.
     
    На Espadrila, theowndemon, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Другар ми бара помош за некоја тема за неговата братучедка. И јас му направив една минатата година, ама тоа беше историја, требаше за некој филозоф да се направи тема. Википедиа, копи-пејст, готово.
    Ама ова беше тема кај што требаше да се искаже лично мислење. И тој цело време ми вика-како се викаше таа веб страница кај што земаш теми? И јас иако му објаснувам, тој цело време ми вика-ама веб страницата како беше, па братучедка ми не е глупава, ќе направи нешто. :!:
    А по мене викаше мајка ми, оставив нешто несработено.
    И пола час му објаснувам како за тие теми треба сам да си кажеш мислење, и дека јас ќе и напишам нешто, не е проблем. А тој продолжува да ме прашува за веб страницата... :headbang:
    Ама човекот исфустриран, нервозен, сака да помогне, и јас почнав да го зезам. И го прашувам-Дали ти е подобро, да не си нервозен нешто? А јас од друга страна сакам компјутерот да го искршам. :devil:
    И он-добро ми е, само не се разбирам јас во овие работи, дај те молам кажи ми ја таа страница!
    И толку! Паднав в земја, и се смееме со сестра ми, и така продолжувам да се зезам со него, и после му викам-океј, ќе видам нешто од веб страницата, и ќе го напишам. :D
    DUMBASS!!
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Најгрозни се нервозните ситуации за време на кои некој се нервира, а некој пука од смеење :)

    Мене ми текнува на една нервозна ситуација за која до ден денес се смеам, ама тогаш не ми беше сеедно, верувајте. Се случи неколку дена откако со дечко ми тогашен си купивме нова кола. Отидов на работа со истата, после работното време се влечкам ко мрож полека кон колата и од далеку ја забележувам и стискам на клучот да ја отклучам, нали. Ништо. Не светка. Стискам уште еднаш. Ништо брате. Гледам што му стана на клучов - се укочи! си помислувам :o Стискам повеќе пати едно по друго, пак ништо, нит светка, нит ништо, нит ч’т, нит п’т прави.
    Го ставам клучот да отворам механички, не влегува! Си велам, чекај бре, некој тука си игра мајтап со мене?! Па сабајле ја оставив колава овде, дали тоа некој ми ги променил бравите во меѓувреме и сега ме следи од страна со скриена камера. Дури и почнав да рагледувам наоколу да не видам некои познати фаци или нешто слично.
    Ништо. Повторно пробувам да ја отклучам колата, стискам се обидувам да го втурнам клучот - ништо. Тука веќе нервозна му вртам на дечко ми - не ми крева. Уште толку нервозна се обидувам мислиш Сизиф да ја отклучам колата и во тој момент здогледувам еден постар човек како се влечка и чудно ме гледа. Само што сакав да му викнам во сета нервоза зошто се ѕвери во мене, човеков ми вели - девојко, ама зошто упорно се трудиш да ја отклучиш оваа кола кога цело време светка онаа онде!
    - Онаа ОНДЕ?! (дум дум дум дум twilight zone!)
    :o :o

    Се вртам и навистина на неколку метри истата таа кола, иста боја, ма све исто! А јас не ни претпоставив дека може да не е нашата кола бидејќи тогаш скоро никој немаше такво количе.

    Ооооо смотаницо една! You just had a blond moment, huh? |( Пропелтечив нешто као - ахам, стварно епа таа е мојата кола, оваа не е. Очигледно.
    Ја погалив колата која се обидував речиси да ја силувам и веќе клештејќи се му се заблагодарив на чичето и џом да ме нема :rofl:
     
    На Leo girl, blackwave, Ingvild и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Една вечер си седеме дома ке гледаме филм јас и мајка ми ама таа уморна од работа си дојде и ајде и она седна до мене на каучот.Си сварила кафе зената пие и гледа филм а јас легната во нејзиниот скут мислам главата така си ја наместив,се вдлабочивме во филмот јас така ни со око не трепкам сум зјапнала кога одеднас бас на најинтересното плааааааааааассссс целото кафе врз мојата глава.Мајка ми заспала гледајки го филмот и пиејки кафе :fubar: :@ леле кога срипнав абе нервозна ке пукнев а мајка ми сонлива ме гледа и кога почна да се смее будала зена бе, сега кога се присетам смесно е ама тогас си го пропустив филмот миејки си ја главата од кафето,срека па не бесе врело
     
    На theowndemon, Aleks96 и la-chicka им се допаѓа ова.
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Еднаш бевме одени со сестра ми на гости кај братучеда ми и бевме излезени навечер во соседното село до тоа кај што живее таа и бегавме накај дома. Беше лето. Ние, демек за побрзо да стигниме дома, одевме по скратен пат преку една ливада што е меѓу двете села ( а и по асфалтираниот пат е исто ама јбг), надвор темница - катран прст пред око не се гледаше, та ливадата цела со дупки нозе искршивме и како било, одиме размуабетени, развикани од страв, од еден муабет во друг само за да не ни е страв и почнавме да наближуваме кон селото. И стигнавме до првата куќа, газдите не живеат тука, а мажот е починат, ни улична ни ништо пред куќа, се зашумено со капини и само слушаме офкање како од жена:„ Аааах, аааах“. Леле, нам и така ни беше страв, ама сега од ум се извадивме, срцето в петици. Сите сместа застанавме и слушаме и тоа пак - ааах. Се што беше влакнесто на нас се наежи, не знаевме дали да бегаме или да седиме. И пак слушаме - аааах и тогаш ко фативме да пиштиме, колку што не’ држи глас и фативме да бегаме. Ко се растрчавме во темниците, по дупките стани-падни, на сестра ми и влечката и испадна кај што трчаше и подизбегавме малце подалеку кај што имаше струја и застанавме да видиме што било тоа. Кога почнавме да плачиме сите, ни беше страв и по влечката да одиме и ај јас демек ко најхрабра отидов, ја зедов и пак слушнав офкање и спринт назад, ко ме видоа дека трчам и тие двете по мене ( сестра ми со една влечка на нога, другата кај мене в рака - од страв заборавив да и ја дадам да ја облече), со плачење, право дома. Таму ко не видоа, ко дух да имавме видено. Им раскажавме се’ ама возрасниве ко возрасни почнаа да не’ зафркаваат. По неколку дена, братучеда ми била пак излезена и едни другари ја прашале како си поминавме пред некој ден ко си бегавме дома и почнале да се смеат и и’ кажале дека биле тие и краделе малинки од кај таа куќата и мислеле дека е некој од комшиите и за да не ги фати почнале да офкаат за ги исплашат. Е богами „ги“ исплашија. Поминаа околу 8 години оттогаш и сега се „газиме“ од смеење кога ќе ни текне ама тогаш ич не ни беше до смеење.
     
    На theowndemon и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Саботна вечер мислам дека беше . Бев кај дечко ми и влегов да се туширам . Си пеев и му кажував да не влага во веце и како за инат влезе да ми досаѓа . И јас нели како лута овде и изнервирана ни две ни три да искочам сакам . Не видов дека чергичето е тргнато т.е поместено .. мојот обид да отидам кај дечко ми во соба не заврши добро , се најдов на плочките пред вецето .. Не знаев дали да се смеам дали да плачам од што ме болеше газот . Дечко ми како утеха демек да ми пружи , ме гушна , срце :$ А уствари осеќав како се тресе од што се смееше тивко :lol: После тоа саат два се смеев и јас , ама кога паднав не ми беше баш смешно . Се смеевме и вчера за ова , ама јас си знаев како ме болеше :D
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.