наместо во месара легов во пекара и порачав кило со кило. културниот господин ми ја укажа грешка а јас засрамена излегов бидејќи видов дека неговиот син што стоеше тука беше згодниот дечко од другиот клас. што да праам бе еј ставиле пекара и месара едно до друго, кој го прави тоа ?
пред година дена одам во супермаркет барам шекер никаде нема покушувам демек на српски ама овие младиве словенки и не знаат (или така се прават) и јас попиздена бидејки тоа ми требаше најмногу купив се другото излевам и одам дома,нервозна па уште звонам на мојот и му велам да купи шекер оти во толкав супермаркет немаше..и он како бе немаше па зарем не отиде на делот за слатки работи пише СЛАТКОР...и јас едно нервозна друго глупава трето засрамена му исклучив и седам и се секавам како една од работничките ми велеше..а слаткор? а јас не не шечер офф бре после едно добро смеење и на крај пари во рака и отидов во другиот супермаркет (подалеко ми е) ама срам ми беше пак таму да влевам...
Годинава на први април мислам дека ќе полудев. Никаде не можев да најдам течна пудра, аптеката беше далеку, па решив да ја искористам белата темпера. Го глумев Грејвс. Се нашлапав со бела боја, црно креонче, туш, црно-сиви сенки и по десетина минути сфатив дека бојата почнува да се лупи и да се суши... Кога почна да пука, отиде се во неповрат. Немав воопшто време повеќе. Се измив набрзина, не знам ни сама како успеав да го извадам цело црнило. Прашањето беше сега што да се биде. Си реков само ќе си се нашминкам и ќе ставам маска. Како што ги фатив сенките четири бојни, не сум забележала дека четкичката сум ја ставила во бордата, а не во кафената. Си се гледам на огледало, се смешкам и кога видов што ставив на очи фацата ми беше . Бришење одма и ајде пак од почеток, пак си се смешкам и повторно истата глупост сум ја направила. Се гледам - пак црвена. Во себе очајно почнав да си повторувам: „Трпене - спасение, трпение - спасение...“. Свесна сум колку изгледав како глупача кога дури и трет пат гледајќи се ја згрешив бојата. Го избришав некако и почнав да гледам во палетата, а не да си се гледам во огледало дур ставам сенка на четкичката.
Ха, па за тест на училиште ако добијам слаба оценка во моментот се изнервирам али во себе, да не се примети и не плачам .. на ниско ниво е плачењето за тест.. али подоцна кога сфатам во глава, ехее и готово кажав веќе нервирање нема за такви работи
хахха мајками ме прајча во проддавница и ми вика купи ми едно кило прашок за перње јас кизне кај бев со мозков и важи и викам потоа одам во продавница и му викам дај ми грашок значи мене то ми се слушнало во моментот ии си идам дома мајками гледа грашок повели и викам јас хаххаха абе прашок ти реков абе и викам прашак грашак шо има врска ај свари го таму ке мезниме хаххахха
Оооо,колку само има такви... ама тоа беше порано. Сега на некој начин се внесов еден `метод` и секогаш кога почнам да се секирам или нервирам за нешто веднаш си го поставувам прашањето дали вреди. Ќе ти значи ли овој настан после 10 години? пак јас и моите филозофии.
Ова се случи сега за Божиќ. Другарка ми дојде една вечер кај мене (на спиење). Јас мислев дека дома имам RED BULL, но сум немала. Решивме да одиме во продавница и да купиме. По пат сретнавме двајца кои разговараа. На едниот раката му беше во гипс, а врвците од едната патика му беа одврзани. Бидејки сам неможеше да ги врзи, другарот се понуди да му помогне. Тој со скршената рака ја потпре ногата на едно ступче, а другиот почна да му ги врзува врвците. Неднаш изгуби рамнотежа и се најде на земја. Јас и другарка ми замираме од смеење и "ден денес", но ситуацијата и не беше за смеење. Се испокрши кутриот. Кај раката скршена дури и половината ништо чудно ако ја повреди. Кичмопоеби што би рекла другарка ми.
Кога некогаш сум се карала со некого за некоја ситница.. Хахаха има мн такви случки.. Но тоа е било кога сум била мала .. А сега се кинам од смеа кога ке се сетам...
Мајка ми не праќа со сестра ми по сол во маркет и одиме и јас си земам сол и да платиме на каса, и сестра ми ми вика абе еј мама рече да земеме сол од ИРАН , јас викам каков ти е тој сол од иран бре еј тамуу војна на тие до сол им дошло да произведуваат и она не не не го земај ќе се вратиме дома а оно топло лето беше и ајде назад јас си викам ти мене будала ли ме правиш !? одиме дома и мајка ми вика абе јодиран сол леле пак назад на топлото се нервирав ама после се смеевме
Колку е за овде следново незнам, ама... Бевме излезени со другарки две и шетавме така низ маало и зад нас еден човек со долга коса и брада,многу висок и во црно. Мене па на прв поглед ми се допадна како беше облечен,косата и сето тоа.. Малку беше морничав и страшен, ама не треба да се има предрасуди за човек според надворешниот изглед,нели? Им кажувам на овие две до мене и двете му се вртат и му се ѕвератМи идеше да им залепам по едно шамарче. И ајде си продолживме. Тој по нас, и почна да зборува нешто неразбирливо, мрмореше, незнаев дали нас ни се обраќа, зборува на телефон или со себе си зборува. Заиде автомобил и јас се свртив, демек да се потргниме настрана и го гледам уште зборува и гледа во нас. Почнавме да се стегаме сите три и кој ако не јас, пукнав и почнав да трчам, веројатно со тоа му дадовме уште поголема причина, преку улица имаше продавница "Ристески", не видов ни лево ни десно дали доаѓа автомобил и почнав да трчам, само светлото од еден автомобил го забележав од мојата лева страна и продолжив да трчам и да викам ристескии,ристескии в продавница идајте. Јас само трчав, зад мене не се вртев,не видов што стана со човеков. И влеговме в продавница испаничени, јас не носев пари,незнаев ни дали другиве носат, битно ги стуркав в продавница, "се спасивме". На почетокот сите три бевме испаничени, ама после смешно ни дојде. Човекот незнам дали трчаше по нас, не ни видов, ама кога почна да мрмори и да не гледа чудно, не издржав. И си продолживме, пред зграда сакавме да одмориме малку, зградата ни беше добро позната,секое лето сме таму. Одиме кон клупата и се паркира еден автомобил тука, излегуваат жена и маж од него и жената нешто кажуваше, ама со повисок тон и најпаничарката од нас три кога скокна да бега па ја повлече со неа и другата и јас почнав да се смеам, жената исто, неможеше да се соземе од смеа, сите почнавме да се смееме, кој од кој побудала..
Значи многу се изнервирав кога на плоштад ја пеев две лири од Каролина не ми го уклучиле првот дел што пеев и се пренервиравв уффф, но подоцна си треков ќе пееш на патронат и се изнасмеав за ова на плоштадов
Вака за читање не е нешто посебно ама ставете се во моја кожа... Го среќавам тој што ми се допаѓа и ми вика "Како си". Јас не очекував дека тоа ќе се случи и одвај прозборев "Добра" почна нервоза да ме фаќа, да ми се губи гласот, појма немам што, мислам дека и боја на лицето сменив и ми вика "Што си нервозна од сабајле" јас онака успеав да се насмеам и викам "Ме сети" и ни чао ни ништо да ме нема од таму. Леле жива се изедов од нервоза, како тоа изгледало во негови очи ама ај после почнав да си се смеам се сетив на некои филмови дека има такви сцени као ај ќе зборнат, ќе се насмеат, ќе свртат глава и ќе заминат. Бев во фазон Чао журим, ај не беше трагично.
Незнам дали ова е за овде ама да си кажам јас Еден ден јас и другарка ми шетаме низ град и јас гледам една трудна жена и на заебанција и викам шо ке биде ако на оваа и акнам два бокса и еден дечко случајно си минеше ни вика ќе се породе пред време ние цркнавме од смеа
А, зошто рандом жена на улица воопшто помислуваш да ја удриш?Па и трудна?! Вакви работи не се предмет на 'заебанција' како што ти викаш. Дојдов во темава мислев нешто интересно ќе прочитам да се изнасмеам, а сега сум целата dafuq did I just read.
Го читаш воопшто насловот нс темава или неписмна си? Што има врска оваа тотална глупост што си ја пишала со темава? Поглупо нешто не сум прочитала во последниве 10 дена. За тоа што си помислила да го направиш немам коментар, па и тој што дофрлил а вие сте цркнале од смеење... Еј човече колку е смешно.... Ако имаш 10 год ок, ама ако имаш повеќе тогаш ти препорачувам да си закажеш за во лудница. Еве вака и преку форум може да се откријат некои што имаат психички проблеми.
Замисли те слушнала ,ти се врти и не два него ти ака 6 бокса и те рамни со земјата Шо кјутиш де насмеј се или не сум за темава
Извини ама како шо може да се прочита тоа беше кажано на шала мислам хелоу луге сме нели никој нема да отиде да тепа трудна жена