1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нерешени мистерии (Unsolved Mysteries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AnaKarenina, 28 декември 2011.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Unsolved Mysteries е американска документарна емисија во која се прикажуваат мистерии од реалниот живот, како нерешени убиства, исчезнати лица, духови и други необјаснети феномени. За популарноста и успехот на оваа емисија, говори и самиот факт дека се прикажува од 1987, па се до денес.
    Постарите генерации верувам дека ја паметат и ја гледале во времето кога кај нас се прикажуваше на Сител.
    [​IMG]
    Познатиот водител и наратор на емисијата беше Robert Stack, чиј глас во комбинација со музиката буквално ме ежеа! Robert Stack ја водеше оваа популарна емисија се до 2002, а денес во негова замена се појавува Dennis Farina.
    [​IMG]

    Ја следевте ли оваа емисија? Се сеќавате ли на некои нерешени мистерии?
    Јас се сеќавам на многу кои ми оставиле впечаток, особено оние со духовите и нерешените убиства. Се сеќавам дека доколку во меѓувреме некоја мистерија прикажана во постарите епизоди се решеше, ја даваа во новите. И тоа беше најинтересниот дел.

    Од песнава до ден денес ме лазат морници!
    http://www.youtube.com/watch?v=K2S6ZQn9lvk
     
    На crazylady, ludoto19 и WinnieThePooh им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Уф, најубавата емисија. Уживав да ја гледам. Ја барав и да ја симнам од нет, ама или беа епизоди со НЛО што не ми се интересни или звукот беше за никаде.
    Е Сител ова нека го репризира, а не таму некои глупости и турски серии.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Еве еден исечок од емисиите, и тоа со духови!
    Желудник ми се превртува...
    Емисијава ми беше пострашна и од хорор филм! Затоа што си свесен дека работите што ги прикажуваат се реални, постојат, а не се „како на филм“.
    http://www.youtube.com/watch?v=jrL1QiiX ... re=related
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ej колку многу ги гледав овие....

    Давајте уште линкови :D
    Ај и јас подоцна ќе побарам.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Јас до сега го гледав клипов за детево што исчезнало. Не се знае дали било убиено, дали се самоубило или било несреќен случај. Само исчезнало, а потоа било најдено неговото стапало.
    http://www.youtube.com/watch?v=raTbeKnO ... re=related

    Едит: уште некои интересни случаи
    http://www.youtube.com/watch?v=GDW3sV7R ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=jbum90_n ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=xC2IV5gy ... re=related
     
  6. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ја гледав и јас. Сега ја даваат некаде на нашиве или на странскиве телевизии?
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На нашиве ја нема, а од странските евентуално на Lifetime, ама таа ја нема на нашиве кабловски.
     
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Леле и сега дури ги гледам исечоците ми е страв. :lol: Како мала, обожавав да ја гледам, ама после до WC ми беше страв да појдам. :rofl: Послебно меисплаши една епизода, мислам дека се работеше за некоја девојка во сино (Lady in blue), се појавуваше нејзиниот дух покрај морето. :rofl: :rofl:
    Неможам да најдам исечок од таа епизода на youtube. :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mногу ми е познат насловов,но не можам да се сетам на серијава,изгледа многу мала сум била :^)
    Bидов неколку видеа,и ми е интересно,ме интересираат вакви работи,случки
     
  10. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    4.552
    Пол:
    Женски
    Колку ме плашела серијава како мала :D сеа гајле си немам, даваат нова сезона на Fox Life
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А кои денови ја даваат серијата и кое време? :)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас вчера фатив една епизода на Zona Reality, беше некаде околу 1 по полноќ.
    Ама целосно е сменета емисијава. Најавната шпица не е иста, ниту пак музиката што толку страв во коски ми влеваше, а водителот не е толку добар како стариот.
    Дури не ни ми беше страв да ја гледам.
     
  13. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Ееееееееее, тука идеше едно квалиетно пишкање од страв, кога со татко ми ги гледавме на Сител.
    И ден денес сум си параноик поради ова.
     
  14. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Не ги гледав редовно, не се ни сеќавам многу, онака бледо, ама знам дека беа интересни. Донекаде им се восхитував на бујната машта на луѓето. :!: Иако знам дека беа тешки измислици, добро би било на Сител да им текне да ги репризира старите епизоди :) .
    Вака на компјутер ми е мака да гледам. Нема шанси, ТВ си е ТВ :^)
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Има и Канадска верзија на емисијава, почнува на полноќ на Zona Reality, а новата верзија на Unsolved Mysteries почнува веднаш по неа, од 1 саат.
    Убаво им е замислен концептот, даваат случаи од секаков вид по еден. И убиства и неразјаснети случки и измами. Синоќешната епизода беше страшна, се работеше за човек што комуницира со духови. Без никакви претходно набавени информации, им кажува како изгледал починатиот, од што умрел, со што се занимавал, на која возраст бил...
    Бев како кокошка наежена. :|
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    :clap: :clap: :clap: :clap: прекрасна емисија, на јутуб јас ја начекав 58785768375 епизоди, да го најдам каналот ќе ви го пуштам!
    инаку на Cител играше, јас бев 8-9 години, сабајле беше, ја памтам, дури и водителот памтам дека Pоберт се викаше
     
  17. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ејј, многу ми беше добра емисијава. Стално си ја гледав :D

    Хаха и мене ме плашеше, особено водителот и тоа најавната шпица :lol:
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Ja имам видено јас и таа новата, ама мене не ми е тоа тоа без тој Роберт водителот
     
  19. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Кога и кое време ја даваат на Fox Life ? :)
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ех серијава, ја имам гледано, ич не ми е страшна, интересна ми е,знам порано ја даваа.Читам ќе имало нова сезона на истата, само незнам кај и во колку часот.