Ајде јас да ти одговорам, затоа што кај мене не беше случајот со несакан туку со непланирана бременост. При крај бев со студии и спремав магистерска кога дознав дека сум бремена, за себе имав други планови ама се случи тоа да останам бремена и не го планирав тоа секако.На почетокот бев исплашена, како ќе реагираат моите, затоа што знам дека имаа други планови за мене да одам во странство за дошколување и таму да останам ама се случи што се случи и јас решив да го родам бебето.Со дечко ми правевме муабет, ме сфати, ме подржа во се и одлучивме да го задржиме бебето и сега наскоро ќе правиме свадба.Кај мене барем се потврдила тезата дека неможе се во животот да ти планирано и сега сум среќна што ќе имам шанса некому да дарам живот, затоа што не секој може да забремени и многу луѓе се соочуваат со фактот дека нема да имаат свои деца. Од мене совет доколку си бремена а не го сакаш детето би препораќала најпрво да разговараш со потенцијалниот татко и да им кажеш на родителите , затоа што тие никогаш не би ти го свтеле грбот колку и да се разочани од своето дете.
мојата бременост небеше ни непланирана ни несакана..прашање на време беше кога ќе останам бремена бидејќи подолго време не се штитевме со никаква контрачепчија.ееее кога дознав дека сум бремена е тогаш сватив што направив и бев преплашена како ќе му кажам на мајками ама се се зврши во најдобар ред направивме свадба... аааа и заедно со бебушкото си дипломиравме
По 7годишна врска, ни излезе непланирано бебенце....точно е дека одма муабетот беше, дека јас не работам уште студирам ова она....ама по неколку дена, и со оладена глава, свативме дека за него сега ќе се бориме уште повеќе, малку ќе биде тешко не велам не, ама ете .... биднало! Па еве сега на секоја контрола му се радуваме се повеќе и повеќе! п.с. насловов да се смени, во непланирана бременост....ова несакана мн грубо ми звучи
ве молам за помошшш Со дечкоми жевееме заедно но во старство тој работи јас студирам ете ми остаува уште една година.Од секогаш сакавме да завршам со студите да се земеме и после да планираме семејство се пазевме освен еднш се испуштивме и оп од прва непланирана бременост.Сега сум очајна незнам што да правам имам закажано абортус за утре ма е сум сигурна дека го сакам тоа.Дечкоми го сака бебево но ме подржува во секоја одлука што ке ја донесам но јас незнам што да правам .Го сакам бебево но сакам и да завршам со студирањето после толку маки стигнав скоро до крајот и не сакам да застанам тука, а двете работи исто времено е можам бидејќи морам да одам на пракса која е задолжителна по 600 часа на година.Што занчи дека ако го оставам бебево морам да завршам со студиите а не сакам ма не сакам ни да го убијам тоа мало човече што расте во мене .Што би наравиле вие да се најдете во ваква ситуација ?
Можеш да студираш вонредно и да работиш додека не ти се гледа стомакот. Зошто да го убиеш и да се одлучиш на чекор кој подоцна ќе се каеш.
Во тоа е прблемот не може да се оди воредно поради праксата ајде оваа година како така ке ја завршам но наредната морам да направам 600 часа во болница ма не можам кога сакам јас туку кога ми дадат распоредот од универзитетот.
Јас пстанав НЕПЛАНИРАНО бремена. На 28 г, вработена со одлични примања, дипломирана,сопругот тогаш дечко со голема приватна фирма и пак... јас кога дознав незнаев што со себе. Па како, зашто, па пазете не е сеуште време. СЕБИЧЊАК НЕВИДЕН. Сопругот не се ни двоумеше а јас??? Јас со секакви помисли во главава. И решив го задржавме. Се земавме. Во петокот се породив. Најубавото нешто што можеше да ми се случи е ова ангелче... поддржувам ако навистина имате услови, сакате да родите. Дар од Бога е дете
Кoгa се сaкaте и гo сaкaте бебетo тoгaш јaс мислaм декa не требa тoлку дa се двoумиш , никaквa силa нa светoв не мoже дa гo врaти пoдoцнa бебетo , a фaкултет ќе зaвршиш зaштo дa не , ќе се oргaнизирaш сo сoпругoт и решенa рaбoтa , не сaкaм дa ме сфaтиш пoгрешнo нo , пoсле aбoртус немoј дa мислиш декa се ќе биде кaкo пoрaнo , еднo е штo бoли и ќе бoли цел живoт зa изгубенoтo туку и oднoсoт вo врскaтa се менувa бидејќи не е еднoстaвнa рaa oдлукa , не те убедувaм дa не aбoртирaш , туку дaвaм мoе мислење и јaс би се oдлучилa пoпрвo дa рoдaм oткoлку дa гo aбoртирaм детенцетo штo сум гo пoсaкувaлa зa 2 - 3 гoд. a Бoг ми гo дaл сегa . Вaшa е oдлукaтa .