1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несака секс!

Дискусија во 'Канта' започната од Ani-Honey, 5 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ani-Honey

    Ani-Honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Бев со него 5,6 пати... сега го молам да дојди со мене чисто за секс.. а тој несака,ме одбива.. го прашувам што е причината он ми вика као демек има друга, ама нема врска нема друга ме лажи! знам дека не смеам да бидам упорна и дека сум женско но милион пати сум поубава од него и не заслужувам такво нешто. на крај крајава не барам да ме сака.. сакам само секс!
    што му е на мушкарциве?

    ахаха звучам смешно.. ама што му е на мушкарциве што не сакаат секс.. он има 30 години, јас 22
    :o :o :o
     
  2. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    е како пред две недели казуваш дека имаш 20 години сега наеднаш 22, ајде апла се гледа дека сето ова е зафрканција,а ј те молам олади по со време!! прашај се што ти е тебе а не што им е на мушкарците??
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Па не го викај ти на дирекно на секс, кажи му НОЌЕСКА ДОЈДИ МИ НА РОМАНТИКА :lol: :lol:
    Шала на страна-Јас мислам дека вака ако сама му се нудиш-не си му интересна :) Ако си поубава од него, тогаш што го молиш, најди си некој друг ;)
     
    На OzzyAngel и Ani-Honey им се допаѓа ова.
  4. Ani-Honey

    Ani-Honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Преглед на тоа кои се вистинските причини за недостаток на сексуална желба кај мажите – дури и при совршена можност.

    1. Остареното момче
    Иако тоа е нормален дел од стареењето, за 40-50 годишните мажи ерекциите не се (веќе) автоматски реакции. На нив им треба посебно, еротски подесување. Ако во моментов еден маж не размислува за секс и вие одеднаш му кажете: “Ајде да одиме сега во спалната” треба реакцијата да му биде: “О, тоа звучи супер”, но на оваа возраст тој, всушност, си мисли: “Дали ќе можам”?”.

    2. Премногу големите очекувања
    Обвинувајте ја Виаграта и нејзините братучеди. Бројот на мажите со проблеми во сексот кои инстинктивно се заинтересирани за лекови со очекувањето дека тие ќе ги решат проблемите, е огромен. Но, работите всушност не се случуваат така. Парадокс, според експерти е дека овие производи предизвикуваат повеќе асексуални односи, отколку било што друго во историјата. И не затоа што не се добри лекови. Кај 65% до 85% од случаите тие помагаат за остварување на сексуален чин. Но, кога еден маж нема 100% сексуална самодоверба, тој се очајува, смета дека е единствениот, пропаднат и тоа – и после земањето Виагра! Целосно фијаско, што често целосно ги откажува од сексуални обиди.
    Покрај тоа, треба да се напомене дека често проблемите кај мажите се повеќе психолошки отколку физиолошки. Затоа, кога еден маж одлучи да посегна кон Виаграта или другите PDE5 инхибитори, потребно е прво да побара консултација со психијатар/сексолог. Кога има наталожени и нерешени емоционални проблеми, лекот може и да не го даде ефектот што го очекуваме.

    3. Цигарите
    Пушењето ги стеснува крвните садовите и го намалува крвотокот – не само во крвоносните садови што водат кон срцето. Крвните садови на пенисот се и почувствителни, затоа што се помали. А помал доток на крв – потешко воспоставување ерекција. После толку јасна и недвосмислена реченица има ли смисла да кажуваме повеќе?!

    4. Стомакот на Дедо Мраз
    Големиот стомак на вашиот сакан може и понекогаш да ви се допаѓа, но со сигурност не му помага во сексот. Тоа е така, бидејќи мастите на стомакот се различни од мастите во останатиот дел од телото.
    Мастите на стомакот го содржат ензимот ароматаза, што го претвора тестостеронот – хормонот одговорен за либидото – во женскиот хормон естроген. Помалку тестостерон значи и намалено либидо, а со тоа и желба за секс.

    5. Не се сите системи исправни
    За една ерекција е потребно многу системи во телото на мажот да функционираат правилно. Крвниот систем треба да е во нормала, за да обезбедува крв до пенисот, нервниот систем треба да ги пренесува сигналите, хормоналниот систем мора да обезбедува тестостерон, за да се добие вистинската хемиска формула… Тоа значи дека сексуалната дисфункција е навремено предупредување за можен сериозен медицински проблем. Навистина сериозен: Коронарната срцева болест (исхемична болест на срцето) обично се развива три години после првите знаци на еректилна дисфункција; дијабетес – после осум години еректилна дисфункција, а кај мажите со висок крвен притисок, еректилната дисфункција предупредува исто така за можен срцев удар и мозочен удар. Во овој случај еректилната дисфункција е симптом, индикатор за тоа колку е опасен високиот артериален притисок. Таа покажува дека можноста од срцев удар или мозочен удар е поголема отколку кај мажите со висок крвен притисок, но без еректилни проблеми.

    6. Емоционален товар

    Некои мажи не само што носат “емоционален товар” со себе, туку се и едноставно потиснати од психо-остатоците од минатите врски. Ако еден маж е поминал во сложена разделба, а партнерката му била многу критична кон него како кон љубовник, тој – многу е веројатно – сака врска, но не е сигурен дека ќе биде способен да се справи како маж.

    7. Неговата свест е премногу “загрижена”
    Во многу случаи, мажот бара секс за да му послужи како растовар од тензиите, но некои ситуации можат да го натераат неговото либидо да “заспие зимски сон”. Понекогаш човек може да е толку загрижен за решавањето на проблеми од секојдневниот живот да сексуалноста му остане последното нешто за што воопшто се сеќава. Стресот, исто така, може да е причина за силен замор, која на крајот од денот целосно уништува. Покрај тоа, определен тип однесување, поврзан со стресот – пушење, пиење, прејадување, употреба на лекови, исто така, влијаат на либидото

    хмммммммммммммммммммм Ч))))
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Има ваква тема. Пред да отвориш нова тема провери дали има иста или слична.


    Аман веќе денес |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.