Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несебар (Бугарија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од jovana19, 13 јули 2012.

  1. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Јас пред две години и оваа година бев сместена во центарот на Сончев брег е сега хотелот незнам дали е познат на сите но се вика STAR CLUB искрено првата година со дечко а сега маж ми е супер поминавме со дете таму имаме три јадња базен отворен во секое време и е мн блиску до плажата Cacao и до bedroom beach супер е се а плаќавме смешно нас ни искочи 200-260 евра за 6 ноќи. Со се превоз сопствен.
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Мене искрено не ми се допаѓа местово :D.Премногу е гужва,бар за мене.Морето катастрофа,а настрана тоа што треба да идеш у 10 саат за да зафатиш место на плажа.Ние отидовме со автобус,а се сместивме таму кај тие што одма нудат смештај.Тоа беше страшна грешка.Еднособно станче,нема каде да се завртеш,шпорет немаше.За клима муабет да не правеме.Тоа беше лошо искуство,бар за мене.Така да луѓенца,јас ви препорачувам:каде и да одете преку агенција.Ем сигурно :)
     
  3. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Јас бев од 21 до 30 јули во Несебар. Бевме со Црво а смештај таму си баравме. За пола саат најдовме смештај. Не е скапо, само морето не е споредливо со Грција. Од се најскапи се лежалките на плажа по 8 лева една лежалка и 8 лева чадор, башка немаш ништо за пиење за разлика од Гр каде за 3-4€ имаш лежалка и пијачка, а чадорот не ти го наплаќаат.
     
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    134.852
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со одмор во Несебар крај на јуни, стоплено е доволно?
     
  5. Vikit96

    Vikit96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво луѓенца
    Би сакаал да прашам дали некој бил на одмор во Несебар ,како се движат цените,смештај отприлика колку може да се најде? Каква е водата и самиот град? Фалаа ви однапред!!:)
     
  6. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski. Dali moze odprilika da mi kazete kolku casovi e patot od skopje do nesebar so avtobus?
    I dali seuste mose da se najde smestuvanje za 6,7 evra na lice mesto vo centarot? Citav vo poranesnite postovi dekase naogjalo, no dali sega e isto ili pak krenati im se cenite?
    Izvinete na latinica bidejki sum od telefon.
     
  7. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    11.511
    Смештајот е поскапен за разлика од претходните години ама отприлика за 9-10 евра може да се најде на лице место. Не очекувајте премногу од смештајот за тие пари, обично се стари станчиња со стар мебел, или соби со по 4 кревети а бања да се дели со останатите соби... поубав смештај малку поскап од 10е нагоре, со сопствена бања и добри услови.
    Патот од Скопје до Несебар е отприлика 9 до 10часови, зависи дали ке застанувате во попатните градови.
    Плажата е огромна, многу долга и широка, со убав ситен песок. Имате делови со лежалки и чадори кои се плакаат по 5евра, но имате и слободни делови за пешкири. Дури и кога има гужва сепак има голема комоција со оглед на тоа дека плажите се навистина широки. Водата е многу топла и со бранови. На одредени места има големи наноси на алги(навистина големи) ама одминете ги тие делови и барајте си чисти места, таму водата е почиста.
    Цените во Несебар се многу ефтини за храна, исти како во Скопје буквално. И за излегување пијачки и за храна по ресторани.
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    134.852
    Пол:
    Женски
    Јас плаќам 7е од кревет преку агенција. Соба со тв клима и сопствено вц. Кујна нема ама сеедно ми е преефтина е готова храната и не готвам.
     
  9. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Јас бев лани. Како што спомна и членката претходно храната не е воопшто скапа и се останато. Ние бевме крајот на Јули имаше многу алги и медузи. Има многу за шетање во Несебар исто така има и автобуси до Сончев Брег и околината по 2,3 лева така што можеш многу да прошеташ. Ние смештај плаќавме по 6-7€ во центарот на Несебар со посебна бања, куќата беше нова. На самото место каде што застанува автобусот има многу што чекаат и ти нудат смештај. Ние бевме преку агенција од Штип до Несебар патувавме околу 10 саати со 1,2 мали паузи. Смештајот таму го најдовме. За млади местото е топ има многу за шетање и супер журки и во Несебар и околината, но ако одоте на одмор да уживате на плажа и во убабо море не го препорачувам. Што ве интересира друго пишете ми слободно.
     
    Последна измена: 3 јули 2018
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    134.852
    Пол:
    Женски
    Јас ова не знам уште од кој не го слушнав и прочитав, и еве уште не знам што му фали на плажите и морето.
    Песок мек, без камења, пикавци и ѓубре. Вода плитка и чиста. Океј на северната плажа има малку камења во плиткото ама ништо страшно


    Screenshot_15.jpg Screenshot_14.jpg

    Screenshot_16.jpg Screenshot_18.jpg
     
    На cresa-jagoda, Selest, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво, некој шо бил скоро во Несебар или Сончев брег да кажи дали сретнал скутери за изнајмување?
     
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Да има во Сончев брег на плажата Какао.
     
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Мене Несебар ми е поврзан со љубов. Убаво градче ми е, има кај да прошеташ, безброј кафанчиња со ниски цени, бутици, пекари. Морето ми е океј, не сакам што е зеленкаста водата и се наоѓа по некоја медуза. Песокот ми е љубов.
    Могуче је и да ми е љубов пошто прв одмор со мајне либе беше таму, па затоа. Хм..:^):^):inlove:
     
    На cresa-jagoda и TutiFuti им се допаѓа ова.
  14. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Да не знаеш како се движеа цените?
     
  15. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Мислам дека беа од 30лева наготе не сум сигурна бидејќи лани бев а сега оваа година крај август ќе одиме и не знам дали е сеуште иста цена.
     
    На pavlinapale му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariiiii

    mariiiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Nekoj da mi predlozi smestaj vo Nesebar? Kolku se dvizat cenite?Dali lesno se naoga?Planiram preku agencija samo za prevoz a smestaj tamu da si najdime
     
  17. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Пред 2 дена се вратив од Несебар, и можам да кажам дека се заљубив во стариот дел на Несебар. Налик на Скопската чаршија, само многу поубава и поголема. Стариот дел нс градот има "душа" за разлика од новиот.
    Бевме сместени во вила Русеви во новиот дел, и беше на средина па си одевме и на двете плажи. Водата овој пат на Јужната плажа беше по убава а и плажите беа повеќе средени.
    Во однос на цените лежалка е изгор 8 или 10 лева, и чадор 8 или10 лева, зависи дали си на Јужната или Северната плажа.
    Храната е како кај нас, исто и во рестораните и кафичите. Автобуси имате на 5 мин што те носат до Сончев брег за малку пари. Голем ноќен живот во Несебар и нема, поубаво е во Сончев брег.
    Патувавме со агенција Црво експрес и можам да кажам АЛАЛ ДА ИМ Е за се. Преубави и комфортни двокатни автобуси, персоналот на место. Ние доаѓавме од Скопје, и до Штип не однесоа со комбе затоа што бевме само 6 души од Скопје, а агенцијава е штипска. Таму се префрливме во автобус. На враќањето бевме само 5 души и не вратија до Скопје со кола. Не оставаат ниту еден патник да остане не згрижен.
    Како за прв пат на одмор во Бугарија сум задоволна од се, освен од негостопримливоста на бугарите.
     
  18. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    А кажи нешто повеќе за плажање? Како е водата, алги, медузи, знаменца......
     
  19. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Водата во Бугарија е генерално многу лоша, но Несебар е убаво местенце. Посебно стариот град каде има полно ресторани со пристапни цени. Имате низ новиот дел многу маркети и продавници за гардероба. Храната е супер, а многу евтина. Бостанот им е топ. Сите хотели и вили имаат супер брз интернет. Навечер е претежно мирно и забавата продолжува во Сончев Брег.
     
    На lilo и Dust им се допаѓа ова.