Неславни копилиња (Inglourious Basterds) [2009]

Дискусија во 'Филмови' започната од BlackSwan5, 25 октомври 2011.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Како тоа нема тема за еден од подобрите филмови последниве години.Мене многу ми се допадна овој филм од причина што еден период од историјата е прикажан на еден поинаков начин.Режијата и глумата е одлична.Особено Бред Пит кој не го баш обожавам во оваа улога ме воодушеви,одлично ја одигра улогата на Алдо Реин.
    Режисер:Квентин Тарантино
    Улоги:Бред Пит,Ели Рут,Дајан Кругер,Кристоф Волц и Мелани Лорент.

    [​IMG]

    Неславни копилиња е американски драмски-воен филм од 2009 год од маестралниот режисер Квентин Тарантино.
    Франција, за време на германската окупација за време на Втората светска војна. Германскиот водач на Советскиот сојуз, Ханс Ланд ја убива цела фамилија на младата Еврејка Шосан. Таа после тоа оди во Париз каде добива нов идентитет и станува сопственичка на кино. Поручникот Алдо Рејн организира група еврејски војници кои се ангаржирани да извршуваат акции во позадина и да вршат тероризам врз нацистите. Во одредот наречен „Копилињата“ се придружува и германската агентка Бриџет вон Хамерсмарк која им помага во мисијата на нападите на лидерот Рајх. Но, во нивниот план се меша и Шосан, која во своето кино добива прилика да изведе сопствена одамзда над нацистите.
     
    На JuLleE, ludoto19 и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    41.264
    добар филм е, го имам изгледано неколку пати :)
    црна комедија е
    од мене има 9/10
    добра глума, добри актери, супер е

    :D

    на некои сцени ептен сум се смеела, поготово на последната

    и кога збореше италијански :rofl: :rofl: :rofl: т.е бред пит кога глумеше италијанец :lol:

    A сцената кога се запали пожарот со хитлер, 50 пати ја враќав :rofl: :rofl: :rofl:
    врв
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.539
    [​IMG]

    [​IMG]

    Со мали исклучоци, ми се допаѓа секое остварување на Тарантино, па така и ова. Негов добропознат стил, актери како мажјациве погоре, интересна приказна, сатисфакцијата да го видиш Хитлер запален и исрешетан - бесценето.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Да бидам малку тарантиновска и да кажам колку е е*ено добар филмов! Ау!

    Го обожавам. Фацата на Бред Пит кога ги скалпира мртвите нацисти, крв прска сегде, а тој? - прави фаца мислиш меси тесто за кифлички - прајслес! Акцентот, глумата, и се разбира легендарната сцена во кино салата кога се обидуваат да глумат Италијани и „оригинал“ изговореното АРИВЕДЕРЧИ, незаборавна!
    Cristophe Waltz - неверојатно талентиран и како да бил создаден за ваква улога.
    Diane Kruger - секогаш вистинскиот избор. Што да правам, толку ми е нетипично а сепак посебно и нежно преубава што не можам да престанам да ја гледам во билокој филм :)
    Бред Пит - извонреден!

    Го обожавам филмов, го обожавам! И се сеќавам прв пат кога го гледав не можев да прекинам да се смеам, а бевме собрани поголемо друштво и само едно човече не гледаше сите во стилот - како можете на ова да се смеете? Упс изгледа не им реже на сите тарантиновскиот смисол за хумор. Епа....јбг :lol:
     
    На Rosewood, Sephora, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Баш така.Филмот е за една доста сериозна тема но сето тоа е прикажано на тарантиновски начин т.е. преку неговата типична смисла за хумор.
    Е и јас се смеев на сцената со "италијанците" Горлами,Маааргарети и Доминик ди Коко :lol: .
    И уживав на сцените каде што Алдо мртов-ладен ги скалпираше нацистите.Или кога "Еврејската мечка" ги убиваше нацистите со бејзбол палка.А пожарот во киното исто предобра сцена,па кога го издупчија Хитлер со милион куршуми,да ти е милина да гледаш.
    И да интересен ми е говорот на Алдо на почетокот на филмот.
    Ова обожавав да си го кажувам.

    Lt. Aldo Raine: My name is Lt. Aldo Raine and I'm putting together a special team, and I need me eight soldiers. Eight Jewish-American soldiers. Now, y'all might've heard rumors about the armada happening soon. Well, we'll be leaving a little earlier. We're gonna be dropped into France, dressed as civilians. And once we're in enemy territory, as a bushwhackin' guerrilla army, we're gonna be doin' one thing and one thing only... killin' Nazis. Now, I don't know about y'all, but I sure as hell didn't come down from the goddamn Smoky Mountains, cross five thousand miles of water, fight my way through half of Sicily and jump out of a fuckin' air-o-plane to teach the Nazis lessons in humanity. Nazi ain't got no humanity. They're the foot soldiers of a Jew-hatin', mass murderin' maniac and they need to be dee-stroyed. That's why any and every every son of a bitch we find wearin' a Nazi uniform, they're gonna die. Now, I'm the direct descendant of the mountain man Jim Bridger. That means I got a little Injun in me. And our battle plan will be that of an Apache resistance. We will be cruel to the Germans, and through our cruelty they will know who we are. And they will find the evidence of our cruelty in the disemboweled, dismembered, and disfigured bodies of their brothers we leave behind us. And the German won't not be able to help themselves but to imagine the cruelty their brothers endured at our hands, and our boot heels, and the edge of our knives. And the German will be sickened by us, and the German will talk about us, and the German will fear us. And when the German closes their eyes at night and they're tortured by their subconscious for the evil they have done, it will be with thoughts of us they are tortured with. Sound good?
    The Basterds: YES, SIR!
    Абе повторно и повторно би го гледала.Нешто пооргинално што се појавило последиве години.Жал ми е што не доби повеќе оскари филмот.
     
    На JuLleE, lolyta777, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.099
    Тарантино мадафака!! :clap:

    Синоќа го изгледав, и цел филм душата ми се полнеше, со насмевка го гледав, и на некои сцени милион пати се враќав, добор е шо не сум само јас така :D

    Бред Пит, да кажам за него, дека ми беше предобар, одлична глума, акцентот, и како шо кажа Пирамидка, фацките да му ги ручкам, колку само лајт и искулиран беше мх мх мх, мелем за очи.

    Ами па акцентот на тој евреинот шо беше во Бастрдс, само тој шо знаеше германски, леле Боже, таа сцена ја вратив мин 15 пати, кога му пренесуваше на едниот да му покаже на мапата, каков глас :x
    Се растопив на креветот :$

    Јесте да филмот е за еднен трагичен период и болни настин од далечната историја, но богами ваков филм за гнасните нацисти не сум видела и ми се допаѓа многу, многууууу!!
    На крајот, додека девојката ја планираше одмаздата, и пред да ги запали абе возбудена јас мислиш таму сум била, срцето чука ли чука хаха :D
    Малку не ми беше по ќејф шо умре девојката, ама добра работа направи девојко, се одмазди за семејството и за многу еврејски животи! :clap:

    Која прекраснотија од слика беше ле гранд финиш, мх мх мх :)
     
    На JuLleE, ludoto19 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    41.264
    да да, Tарантулава (јас така си го викам) е супер режисер, немам збор тука :)
    Hо, ти прави мерак кога гледаш како ги убиваат нацистите, поради 1та сцена
    значи ептен беше жална првата сцена :(
    Kога го испоубија цело еврејско семејство, и само тоа девојчето се спаси!
    добар филм е, кога и да го начекам на супер мувис го гледам
    Christoph Waltz беше повеќе од одличен во филмов, глума невројатна :)
    Cпоред мене највеќе шмек на филмот му даде неговата улога

    A башка што збори француски италијански германски
    сирот бред се здтка :rofl: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=721VdcLKZV8


    http://www.youtube.com/watch?v=23zOkpuKVO4

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На JuLleE, Phyramide, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Не ме потсетувајте уште еднаш на Доминик ди Коко, и акцентот на КО, а правиш три прсти споени како кога сакаш да кажеш колку ти е нешто вкусно :rofl: :rofl:
    (МаргарЕЕЕЕЕти беше исто така добар)

    Не можам, сега сама си седам и си се смеам. Нездрави се. Одлични! Јадев тогаш пуканки и пиев кока кола и низ нос ќе ми излегоа кога Бред Пит изусти - ариведеерчи со се само не со италијански акцент но најсериозната фаца која што може да ја има :D
     
    На Sephora, lolyta777 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.832
    Пол:
    Женски
    Само што го гледав, прекрасен филм, останав без зборови.... баш е убаво да гледаш филм за нацистите (намерно е малата буква) од малку поинаква перспектива.
    Бред Пит како и секогаш знае да се соживее со улогите, знае да влезе во улогата и одлично да ја претстави.
    Мене филмов не ми беше грозен, да, имаше сцени со скалпирање, крвишта насекаде, ама се поднесуваат, типично Тарантиновски :clap: :clap:
    Ме изненади сцената во киното каде Шошана покажа сожалување кон "главниот актер" пред да ја застрела, требаше да го доврши започнатото...што бараше да му се приближува. :^) :(
    А италијанците :D ...аривидерчи...ха, ха, ха...
    Од мене чиста 10-ка.
     
    На BlackSwan5, JuLleE, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Интересен филм, со интересна содржина...којзнае каков би бил светот сега ако завршела 2СВ на таков начин :D
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    9.653
    Допаѓања:
    153.902
    Само што го догледав филмот. Совршенство,страшно добар филм.
    Тарантино е маестрален, Бред Пит исто така, а за глумата на Кристофер останав без зборови :x.Кругер ми е една од омилените актерки, совршена за улогата. Одлично, комплетен филм, од режија до глума, абе се :lol:.
    Колку добар филм!

    Туку јас најмногу се смеев на Еврјската мечка, леле ќе се превртев :lol: , и да на славното Аривидерчи.
    А како ги изговараа имињата. Акцентот :lol: .
    И посебен мерак ми направи снимката кога излегува ликот на Шошана и им вели на нацистите дека ќе умрат од една еврејка eнд Хитлер капут :Down:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Абе Џули јас и ти изгледа во исто време сме го гледале филмот :lol: ,и јас пред малку го изгледав по трети пат неделава.Па цела година го немам гледано мора да си го повтарам :) .
    А како заборавив да ја споменам брилијантната музика од филмот,секоја песна е совршено погодена со секоја сцена.
    Е да,и конечно да ги приметам згодните дечки од филмот за кои зборувате.
    Д Бастрдс Вилијам Вики и Хуго Штиглиц.Какви длабоки гласови имаат,да ти е милина да ги слушаш.Бред Пит е ништо споредено со нив (всушност тој мене никогаш не ми е ни бил тип на маж) но проклето е добар во улогата на Алдо па и акцентот кој го има.
    Ми се допаѓа Дајан Кругер но и Мелани Лорент (Шошана),и двете глумат одлично.

    И мене мерак ми направи последната сцена,кога Шошана си ја оствари одмаздата (иако за жал умре) но сатисфакцијата да ги гледаш гнасните нацисти изгорени и издупчени беше незаменлива.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.471
    Пирамида ме пресмеа! :D :D Колку и да сакам нема да успеам да напишам се што сакам во мислењево, се имаш доловено!
    Само сакам да додадам за глумата на Daniel Bruhl. Паднав на газ кога го видов. Што човек ќе беше, невиден талент, а како зборува француски. Алал да му е! Ме остави без здив, озбилно.
     
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.651
    Мене пак најмногу ми остави впечаток како е претставен Хитлер во филмов, како мало исплашено детенце. Најсмешни ми беа тие сцени, кога го пукаа паранои кога слушаше вести во врска со Копилињата, кога му се дереше на војникот што им ги кажа информациите на Копилињата дека не смее никако да шири шпекулации :lol:
    Го обожавам Тарантино, како уметнички им се изруга на швабиве алал да му е.
     
  15. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    151
    Каков филм луѓеее. Кога почнав да го гледам имав ват да фак фаца ама после не можев свртам поглед од филмот! ПРЕЈАК ФИЛМ! Глумата, италијанскиот акцент на бред пит, а тек кога има црташе кукасти крстови на нацистите. леле колку сум се смеела.
    awesomeness lvl INFINITY! :D
     
  16. Sandokan123

    Sandokan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    6
    Аууу,филмчето е прва лига,одлично,право си го вежбам и германскиот 8)
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.038
    Јасно е дека кај Тарантино нема промашај, а мене ми е и еден од подобрите филмови на Бред Пит.
    Обожавам филмови со ваква тематика. Крајот е одличен.
    Бред Пит ми е инзвореден, за секакви улоги го бива.