1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несовесни родители и болни деца

Дискусија во 'Дете' започната од SuperGirl24, 2 август 2023.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.287
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има ваква тема на форумов, ама за истата сум инспирирана од една ситуација денес.

    Имено многу често среќавам родители кои своите деца ги носат на родендени, гости, држби со други деца иако знаат дека децата им се болни без притоа да водат сметка дека ќе го разболат и другото дете кај кого се отидени.

    Сум среќавала родители кои се свесни дека своите дечиња им се настинати со кашлица, растечен нос и слично и кои без малце осет ги мешаат со здрави дечиња на лулашки или во игротека па дури и дома ти доаѓаат на гости.

    Мене лично тоа многу ми смета и на тие што ми се блиски им го кажувам и напоменувам дека не сакам да ми доаѓаат на гости ако знаат дека нивното дете е настинато, но на јавни места не ми останува ништо друго освен да го тргнам своето од мрсулавото дете и да молам Бога да не префати некоја вироза или бактерија.

    Денес на пример имавме ситуација, во игротеката во Џамбо (ако некој беше тој период ке знае за што зборам), 2 дечиња беа беа нафрлани по ноџињата налик сипаници. Еден од родителите кога ги виде крена паника зашто се такви и почна гласно да збори дека осипот е многу сличен со сипаници. Искрено сите што бевме не фати некоја језа и сите почнавме едно по едно да си ги прибираме децата и да ги вадиме од таму.
    Девојчињата што работат во игротеката се оградија од ситуацијата со муабетот дека они не смеат да вратат ниту да дискриминираат ниту едно дете.

    Од една страна си велам зарем е можно некој да пушти дете со сипаници меѓу други деца знаејки колку се заразни, од друга страна нишно не ме изненадува.
    Искрено цел ден ми е некако шубе без разлика што е вакцинирана мојата со сите вакцини согласно годините кои ги има.
    Разврската од ситуацијата во игротекава беше дека наводно децата се искасани од комарци па затоа имаат такви пликови, но некако чудно ми беше до токолку да си искасан..

    Свесна сум дека детето не можам да го чувам под стаклено звоно и нормално е дека ќе настине и ќе се разболи некогаш, но навистина не можам да ги сварам органски несовесните родители кои своите деца знаејки дека се болни ги мешаат со другите деца.

    Јас лично ако не сум комплетно здрава како и малата и маж ми, нема шанси да отидам кај некој близок што има дете.
    Искрено не знам каков родител би била ако си свиркам и не ми е гајле за туѓото дете без разлика дали е на некој близок мој или на некој странец во паркот.

    Кое е вашето мислење на темата? Дали сметате дека децата треба да се мешаат (да јачаат имунетит што би рекле старите) и како родители да не обрнуваме многу внимание на тоа, или ние како родители на болни деца да сме совесни и своето дете да не го мешаме се други деца додека не оздрави?
     
    На Verinkova.b, Coco31, BlackNight и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    12.252
    Пол:
    Женски
    Сум за тоа да се јача имунитет и не го тргам детето од лулашки, што е тоа е. Од друга страна, никогаш моето го немам измешано со здрави деца додека е болен, ниту примам болни луѓе/деца на гости. Значи свесно нема да ставам никој на ризик ама на лулашки, игротеки го оставам.

    За конкретната ситуација, многу е неодговорно да однесеш дете со сипаници, крајно безобразно. На светлата страна, може стварно биле искасани од комарци зашто ми се случи слична ситуација на одмор, не изреагирав зашто моите се прележани ама после неколку дена видов дека стварно се комарци.
     
    На Филотеа, Anyshka, Srckata28 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.505
    Допаѓања:
    7.938
    Пол:
    Женски
    Од ова ми е највеќе језа,со оглед на тоа дека малата ке ја носам во градинка од 9 месеци .
    Свесна сум колку несовесни луѓе има,свесна сум дека ги праќаат болни во градинка ,недолечени. Незнам стварно ....
    Треба сам човек да има свест и совест за други луѓе.
    Ама не се сите исти...
     
    На Anyshka, Martka и Осе им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Додека бев бремена имав ситуација во локална продавница за гардероба, продавачката(моја пријателка) да ми ја затвори вратата пред нос затоа што внатре била мајка со две деца со сипаници. После тоа ми се јави да ми се извини и извести. Мене ми се прележани и немав опасност ама во секој случај не верувам дека до толку мајката била без алишта за да мора баш тој ден да купува и да носи деца со сипаници внатре.

    Друг случај пред две три недели доаѓаат роднини кај нас со подарок за бебето, децата со изнафрлана уста со херпеси. Се скапав пазење, да не го бакнуваат бебето, случајно тоа да не се допри до нив, до уста. Еден куп пати ја носев во спална демек се преоблекуваме, за да ја бришам со алкохол. Исто комплетно неодговорно. Раните со херпес се едно кај 10+ годишно дете, сосема друго ако 5-6 месечно бебе се зарази.

    За игротеки и градинки немам сеуште искуство.
     
    На Coco31, BlackNight, Anyshka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.505
    Допаѓања:
    7.938
    Пол:
    Женски
    Мене на роденден ми дојдоа со исипано дете ,а јас трудна 7ми месец.
    Образложението беше ,во моментот не знаеле дека се сипаници испитале после тоа)
     
    На Anyshka, Miss_S и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    38.378
    Пол:
    Женски
    Мене ми се темни искрено кога гледам дека болни деца се носат по игротеки , на лулашки , во градинка или било каде .
    Болни деца се за дома за никаде на друго место .
    Крајно неодговорно од родителите.
    Кога беше најмалото бебе ако некој сакаше да дојде прашував прво дали сите се здрави .
    Сега незнам што ме чека во градинка :(
    Пак Јово наново со вируси и болештини.
    Не дека децава ги чувам во стаклено ѕвоно, се разболуваат и они ама не ги пуштам никаде да шират зарази и да се јачаат други деца . Ако е настинка , некој може и потешко да ја помине и е не фер.
     
    На Coco31, Anyshka, LivingGlam и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.287
    Пол:
    Женски
    Искрено се надевам дека дечињата (братчиња) навистина пликовите им се од комарци а не сипаници пошто у спротивно жива ќе се изедам.
    Како што кажав настана многу непријатна ситуација бидејки сите почнавме во ист момент да си ги собираме децата избезумени и да излегуваме како земјотрес да има.
    Не знам еве цел ден некако мислам колку пати сум се нашла во таква на непријатна ситуација кога сум ја собирала малата од лулашки или од паркови само затоа што некое дете било настинато а родителите се понашале ноншалантно.
    Во секој случај не ми е ок тој момент.
     
    На Anyshka, Misskirova, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.042
    Допаѓања:
    66.628
    Пол:
    Женски
    Многу е поверојатно да се од комарци. Мојата така се исфрлаше, пликови. Па уште некоја болва ако беше....:worried: Инаку, мислам дека перцепцијата е различна, според моето искуство барем. Родители што децата полесно им минувале се пононшалантни и ги шетаат децата и настинати. Оние што стално полошо поминуваат повеќе ги тргаат децата и не им ни текнува да ги изнесат.
     
    На Srckata28, Космонаут, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    11.908
    Пол:
    Женски
    Не сум родител но крајно неодговорно е болни деца да мешаат со здрави деца, по игротеки да ги носат, градинки, паркови, молови...
    Имунитет ќе билдале? Ма дај бре не заебавајте.
    Ко прво од кај знаат они каква им е здравствената состојба на другите деца? Има толку деца со кревко здравје, нежни и болежливи, ги пазат мајките цело време да не им се разболат и ќе дојде некоја несовесна ќе го донесе болно детето и ете ти проблем и нервози.
    Стварно не е во ред тоа што го прават, толку да се без усул и да не размислуваат, а знам дека и да им кажеш отворено нема да послушаат и пак ќе си тераат по свое.
    Разбирам дека дете не може у стаклено ѕвоно да го чуваш и треба да се дружи со врсници ама и ова од мајкиве ми е нонсенс и за осуда.
     
    На Angie1432, Anyshka, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    12.252
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right Па и не е баш така. Не зборам за температури и чуда ама за растечен нос сигурно и ти не седиш дома. Идеално би било тие деца да шетаат само на отворено додека не бидат здрави ама ете.
    Јас се сеќавам ние кога бевме деца не сме седеле дома со растечен нос, не идевме во игротеки ама сите на улица бевме. Мајките не не проверувале тогаш кое е болно туку сите на куп. Од школо се отсуствуваше само ако си во кома од температура. Не велам дека е ок туку дека малку претеруваме сега. Деца се, така раснат.

    Јас имам бебе што нонстоп е болно од раѓање, брат му носи дома сешто. Сигурно дека нема да ги затворам дома за да ги заштитам, не знам од што би ги штитела. Да се со кревко здравје јас нема да ги носам во игротека, а не обратно.
     
    На Spidy, Srckata28, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.512
    Допаѓања:
    34.662
    Пол:
    Женски
    Затворен простор, игротеки, молови, гости и слично ниту носам болно, ниту ми доаѓаат. Ама... за отворен простор некој да ми мрчи зошто сум го изнела детето на воздух (нормално ако е фит, пошо не сите болести децата ги прележуваат легнати во кревет) мало морген ;) Ко што би рекле членкиве од Германија, воздухот чуда прави :D

    Растечен нос не го рачунам за болест :nod:

    И дај не бидете параноични до толку |(
     
    На Spidy, Miss.Sweet, naturally и 18 други им се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.449
    Пол:
    Женски
    Сипаниците се заразни пред да излезе осипот, немој да паничиш.
    Не сум за дома да се затвораат болни деца, зашто им треба свеж воздух, ама последно нешто кај шо би однесла болно дете е во игротека.

    Имам блиска шо редовно ми го носи детето полно со мрсули, на инхалација, со антибиотик, под изговор дека тоа не е ништо, стандард од градинката.
    Баш еднаш бевме поканети на гости, сто пати препрашавме дали детето е здраво, бидејќи од него моето закачи бактерија во носот шо ја поминавме 5 дена со 41° температура и после милион потврди дека е здраво, кога појдовме детето беше на инхалатор. Онака чисто инхалирало физиолошки раствор, демек за разонода.

    Во принцип никогаш не мешам болно дете со здрави деца, дури и на гости кај моите да треба да одам, им најавувам доколку има мрсули на пример или дека до пред 2 дена бил со температура. Ама сме го шетале в парк (не на лулашки) и секогаш практикуваме кога е болен да го вадиме на чист воздух.
     
    На Coco31, strelec231992, BlackNight и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    11.908
    Пол:
    Женски
    Добро не зборам за растечен нос ама ако до вчера горело од температура и кашла рика, денес у мол со други деца го пушта ко ништо да не било.
    Тоа не ми е нормално.
     
    На Anyshka и Skyler им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    161.609
    Пол:
    Женски
    Мислев се опрај ова од корона натака? Пошто памтам, ако не сме биле за кревет од болест - сме оделе и на училиште и по родендени и кај роднини. Шо према мене е крајно неодговорно. Истото ова беше страшно нормализирано околу мене особено кај семејства со деца и после ковид некако ептен ретко го гледам ова. За алергија се стресват а не па за нешто поќе. Ама ако има уште луѓе шо се толку лабави, три години ништо не сме научиле.
     
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, tanjaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    38.378
    Пол:
    Женски
    Воздухот чуда прави да.
    Можеш да го носиш детето надвор никој не вика не . Не се носи на гости , во игротека да се издува .
    Збориме за болни деца , недолечени . Вчера тт , денес фит ајмо во градинка .
    И после ќе се лепат листови на влезна врата во градинка . Имаме болести за mitnehmen
    И ќе праќаат учителките инфо потсестници кога се пуштаат деца во градинка . Дека со тт деца , со проливЧе , со стомачен вирус се чува дома. И 48 саати да е без симптоми.
    Ама на кој да се каже .
     
    На Coco31, sweet-cherry, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    12.252
    Пол:
    Женски
    Научивме, како не. Само различни работи сме научиле :D
    Се претера во корона тајм со пребришување, дезинфекција, пазење, маски, тотална изолација од светот, ужас.
    Поболни не памтам да сме биле сите дома, колку што се разболувавме со маж ми последнава година, толку се немаме разболено во последните 15 години.

    Единствено би сакала да останеше правилото да не си дишеме во врат во редица ама за жал и тоа си отиде со короната :D
     
    На Осе, see.emily.play, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    6.872
    Пол:
    Женски
    Леле за градинки како се нервирам, коса ми се крева, јас моите ни сп 37 со 5 тр не сум фи мешала со други деца, а камоли во градинка да ги мачам, сме се снаоѓале со мм, со бабите, или јас да земам боледување, секогаш постои опција, моиве нон стоп се болно штом понам да ги носам во градинка од такви несовесни родители ми е преку глава, не можев децата да си ги оправам на пролет, буквално 2 месеци беа болни!
    За родендени и игротеки ич да не зборам, и дома ми доаѓале со болно деца, ама пресеков и си дадов за право за мои деца да кажам да не ми доаѓаат на гости болни. Без осет се многу родители, а ова со градинките уште не знам како ќе го решам, и јас си мислев ќе им јачам имунитет така, и во април ги носев постојано, они разболи се јас пак однеси ги... и се во круг, за на крај скроз да им падне имунотетот и цели 8 дена да не можам да им спуштам 40 тт со јака инфекција во организмот и да завршиме во болница 10 дена! Дете до 3 години нема и не може да изгради така лесно имунитет, како што е дете од 5-6 или 10 години.
     
    На Осе, Anyshka, Misskirova и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    161.609
    Пол:
    Женски
    Ма нормално. Ама на училиште да кивни ми го враќат дома. Шо не беше случај пред 2020. Посериозно се зема здравјето во училиште и искрено мислам дека то е важно и добро. Да, изложување носи до градење имунитет ама јас можам за себе, мои ближни/деца да одлучам то. А не да одлучам за некој друг. Пак, не знам за игротеки и во парк како е пошто моето директно искуство сега е со тинејџер, а не мали деца. Исто и за време на пандемија работев со деца и ми имаа на поќе наврати донесено позитивно дете, свесно. Оти "немало гајле". Thanks to that, јас сите варијанти ги прележав и ме уби ментално и физички. :D

    Omg please. Ми недостига слободата да нема околу мене луѓе на 2м. :D
     
    На Осе, 1209, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Јас сум од онаа генерација каде што и здрави и болни се одеше на училиште. Со температура на тест, со скршена рака, нога по екскурзии, битно да не се пропушта училишна активност. И не го оправдувам тоа што ние го правевме.

    Ама сега за секое кивање веќе се седи дома.

    Е сега друга опција е во пролет што еден куп гости ни дојдоа до симптоми на вирус и изговор дека е пролетна алергија, па поштено или маж или јас или бебе си одлежувавме по некој ден. Така да не знам што е правилно и до каде да се постават граници.
     
    На Осе, Spidy, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    33.465
    Пол:
    Женски
    Најодвратна реченица на цел свет:@. Ако на детето почне да му тече нос и те како е заразно .Проблемот е што немаме ние родителите можности дома да си го чуваме и го праќаме на градинка.Растечен нос детето го бриши со рачето и фаќа предмети кои друго дете ги фаќа или пика во уста и еве болно дете .После почнува да кашла и кива , научивме од короната дека на тој начин се исфрла вирусот.

    Инаку еден вирус на некое дете може да му предизвика да му биде 10 дена само растечен носот, ама на деца како ќерка ми кои спуштаат на гради на втори ден и те како е ризично. Никогаш не се знае дали ќе заврши на кислородна подршка и дали ќе се опорави.
    Сега најинтересно и многу неферски е што тоа со растеченото носе си оди понатану на градинка и разболува други деца , а ќерка ми со бронхит е заразна и опасна за секое дете .Дури се кажува на секој родите имаме дете со бронхит во групата внимавајте.Така мојата си седи дома 5 дена и не успева никој да зарази , а тоа со растеченото носе заразило уште минимум 5 други деца и така.Растечен нос не е болест;).


    На темата не е фер да се носи дете болно во јавност и затворено.Треба да се избегнува контакти.Има многу без осет за жал и нема некој што не искусил на своја кожа ваков тип на луѓе:(.
    Кога ќе видам дете со мрсули до колена фаќам дете за рака и бегаме.Дури и кажувам на големата штом видиш со мрсули некој бегај.Не дека почитува али ај.Моите се болни на две недели и со многу луѓе откажувам средби ради тоа.Дури некои луѓе не ми ни веруваат мислат не сакам да ги дружам, али јас пазам.
    Секако на болно дете му треба одмор.
     
    На Coco31, strelec231992, Angie1432 и 13 други им се допаѓа ова.