Па и јас од некое расшетано дете со сипаници си фатив тогаш трудна. Катастрофа бев... Никој во наша близина не беше со сипаници, а баш тој период шетавме Џамбо и Ситимол за да си купам нешто што ми фали за на одмор... и сигурно од таму закачив, нема од кај. Тоа кај децата ако било само по нозете, може да се болви или комарци..
Нема кај нас. Има за морбили, ама други се тие сипаници од варичелата што сите деца ја проаѓаат. Измешаа малце мајкиве Инаку детето е најзаразно пред да покаже симптоми, сипаници, грип, мононуклеоза, коксаки, рота... така да, исто ни се фаќа. Болен секако не го носам во градинка, игротека, по гости, ама исипан од сипаница сме го носеле на водно и рано сабајле во градски парк, без одење на лулашки...
Така и на другари малата по дома си седи, лани отиде само да се слика со дедо мраз во градинка и вечерта качи температура - излезе грип. За родителите, она се заразила во градинка. Со докторска логика и период на инкубација за грип, она со едно идење у градинка зарази цела група деца зошто веќе била заразена од баба и додека се сликала. И така.
На оваа тема само ќе кажам дека ми е несовесно од родител кога: детето болно (нели изнемоштено) па сама го малтретира да прави активности надвор од дома затоа што они не можат да испуштат дешавка. А заразата е неизбежна и од кого како е мистерија.
И јас сум многу против да се носат болни деца сегде и по гости, па и возрасни настинати ако се, може биле од сипаници, ама можно е и да се испокасани од комарци толку, еве пример јас што не сум дете некогаш толку сум испокасана од комарци исто како сипаници да имам, и не ми помагаат ни спрејови против комарци ни ништо, едноставно ме касаат. А освен што носат болни деца сегде, дали е ок да носат дете на улица и по гости со вошки? Сипаници кога тогаш мора да прележат, подобро додека се деца отколку возрасни, зошто јас од ситната имав температура 41, бев дете, а возрасен кај ќе издржи, ама додека имав сипаници дома седев, не ме носеше мајка ми по гости или на улица да одам, мајка ми на брат ми намерно му даваше од моја чаша да пие за да префати додека е мал, ама ете не префати, кога бев од крупната сипаница префати ама имаше само 5 дена, а јас 3 недели. Ама дете со вошки да го носиш сегде незнам. Исто и настинати деца си играат со други деца на улица.
Еве јас ќе кажам, прележав ситна сипаница кога имав 10 години со температура 41, цела недела лежев, неможев да станам, дури сакаа да ме остават во болница дека не ми се намалуваше тт, докторот кажа додека не исфрли по нозе ќе има тт, среќа додека чекавме почнав да се исфрлам и ми се намали тт, ме пуштија дома, бев малаксана, одвај стоев, тогаш имаа и други деца од маало, и баба им на едните на 60+ прележа, одвај жива остана, не е исто дете со температура 41 и постар. Со крупната полесно поминав, ама затоа 3 недели имав.
Па имам примено и вакцина. Како и да е сакав да кажам дека дете по издржува од возрасен. А крупната сипаница како се вика?
Луѓе растечен нос со проѕирен секрет и со виножито не се исти. Никој не кажува од проѕирен нос дека се разболува човек. Има родители кои е грижат за своето дете и неговото здравје, а има и родители кои им е побитно да не им зборуваат на работа дека земаат боледувања или ќе земе 70% плата тој месец па затоа не се нафаќа да седи дома, а уствари тродупло повеќе ќе даде пари за да закрепне дете, а можеби и ќе има некои потешки последици и најбитно од се сите родители да би ги изолирале на време децата бидејќи си ги знаеме веќе кога е вирус, бактерија и настинка не би биле толку болни децата и нема ни да има. Ама што би рекла Мила квази родители што се качило температура лупни сируп однеси го во градинка па и не креваат на телефон кога им ѕвонат или ќе кренат и доаѓаат во 3 саат си го земаат детето, а тоа сирото си седи таму на маки. Пред се ние треба да се ставиме нанивно место колку на нас ни е мака кога не боли само глава а не да си омалаксан и со температура да ги прашам тие родители дали тогаш одат на работа или седат дома од што им е мака.
Со оглед на тоа дека имам видено многубројни примери каде самите родители болни шетаат, си одат на работа, по гости, не ме чуди ни тоа дека децата ги пуштаат болни да се социјализираат. Уште и јас кога бев дете во школо си ги носеа децата болни, греота биле дома сами да седат. Па ќе се наредевме цело одделение болни после тоа, и кутрата наставничка. И така во круг цело време. Па еден период памтам се свикуваа родителски да се напомене да не ги праќаат децата болни, ама кој слушал. Последно имавме случај кај роднини дошло другарче на малово, тоа да ти имало сипаници. Детево префати, горе долу лесно помина, ама едниот родител толку тешко помина со брза помош нон стоп беше. И зошто? Само зошто некој нема осет. Факт е дека не можеме вечно да се штитиме од вируси и бактерии, ама кога веќе си свесен дека си болен/детето ти е болно мислам дека треба да си општествено одговорен.
Секогаш страв ме фаќа кога ве читам за сипаници, оти ништо живо немам прележано до сега. Да искористам темава малку офф топик да прашам, што да очекувам, што е толку пострашно и покомплицирано кај возрасни на што повеќе треба да се запази? Очекувам да префатам од децава кога ќе имаат. Се надевам ќе ги преживеам. Он топик, болно дете свесно не се меша со здрави. И нормално тоа го осудувам оти толку да не си свесен кој се можеби ставаш во опасност е надвор од здрав разум. Меѓутоа и често нели си преносител и пред да се појават први симптоми, па.. не можеме да гледаме само црно бело. Големава е скоро 4 и ниеднаш не била во затворена игротека и планирам така да продолжи тоа. Малиов исто не планирам да го носам. Далеку од тоа дека ги чувам во стаклено ѕвоно, често се надвор, во парк, на лулашки и се мешаат со куп деца. Големава свашта ни носи од градинка па сите со ред си прележуваме, ама имам страшна аверзија кон затворени игротеки.
@Yowannty Само да пробам да те утешам, маж ми нема прележано сипаници дури и го убедував сега возрасен да се вакцинира. Фатија двете деца пред 4 месеци, јас здив не можев да земам со недели, а тој не префати Не знам како стварно кога најмала настинка го фаќа од нив.
Како се прават родендени таму? Јас самоиницијативно не го носам никогаш во игротека, ама по родендени кога не викаат одиме. Инаку, ќе ги мислиш сипаниците кога (и ако) ги фатиш. Хидрирање, одмор и тоа е, мора да помине.
Не се секирај, јас и двете ги имам прележано уште мала, со ситната малце потешко поминав дека имав 41 тт, а со крупната полесно поминав, со таа нема тт, ама дека зима и требаше во топло да седа, јас излегував на тераса, таман ми помина и ме повтори уште 10 дена. Инаку и мм нема ништо прележано.
Мене побезобразно ми е мајките од градинка кријат и не пријавуваат дека децата имаат сипаници. Еден куп одмори откажаа заради тоа. И со кој памет едното дете дома има сипаници другото се пушта во градинка.
Братучедка ми ја чуваше дома малата до 16 ден пошто и брат и имаше,на 17 ја пушти мислеќи нема веќе опасност па на 18 се појавија сипаници.Па пак седеше дома 3 недели