Луѓе кога у школо барале потврди од лекар за отсуство дај не зезајте. Дома мајките ни пишуваа оправдување ако отсуствуваме или доаѓаа не правдаат лично пред класни. У живот немам однесено од доктор оправдување за отсуство. Јес да сум била у основно пред 30 години ама не верувам дека е нешто сменето. Па често не ни идеме на лекар секој пат кога ќе се разболиме него сами си даваме дијагноза и се лечиме со чаеви и кафетин, што е друга тема на дискусија. Ќерка ми се на се дали 2 пати ја имам однесено на лекар и тоа за да ми даде мене боловање да седам дома со нејзе. Фала богу немало потреба од многу шетање по лекари, си ја знам терапијата за лесни настинки.
Мојата ќерка фати сипаници на роденден во игротека. Мајката го донела братчето на славеникот,иако била свесна дека почнало да исфрла сипаници и тоа прв ден со тт. Детето директно се искива врз ќерка ми и после 16 дена се исфрли. Мајката ми се јави утредента ,по роденденот као да не предупреди ,а еден куп деца имаше што не прележале плус трудница. Медицинско лице е мајката бајдвеј ,и само се плашеше највеќе за трудницата. По тој разговор прекинав контакт. Исто моја познаничка знам дека децата со секакви настинки и вируси ги носи по родендени,да испушти роденден а детето да и е болно нема шанси
Пред неколку дена, на село кај свекор и свекрва бевме во двор. Гледам по улица се шета комшивка со детенце, кои патем беа на одмор. Не' поздрави а јас прашав како поминале на одмор. Одговорот следеше: ,, Кој одмор? Умор! Цела ноќ ја поминавме во болница на инфузии. Цел ден не можеме да смириме повраќање, 200 км воземе за назад! Два дена не поминаа! Еве сега сопругот ја носи големата на инфузии! ,, Демек децата виновни се. Ништо. Помина замина. И цело попладне го возеше по улици. Вечерта гледам го седнала детето до друго детенце од улица заедно и ги возат. Аууу, викам колку само немаат осет луѓево.
Денес пишува мајка во групата на вибер од јасли дека малиот има варичела, денес се нафрлал. По нејзе уште две мајки, мојот е нафрлан пред 3 дена, мојот пред 5. Ниту една од нив не сметала дека треба да ги извести другите дека детето и има варичела. Е ова е несовесен родител, а не тој што го носи детето со растечен нос на лулашки.
@SuperGirl24 во однос на темата, секогаш внимавав да не ја мешам каде што има болни деца, да не оди никаде кога е болна, да не ми доаѓаат болни, ама некако често испаѓаше да се разболи кога најмногу ќе ја пазам. Моето бебе до една година немаше влезено во маркет, трговски, на затворено во ресторан, па после секогаш беше најболежлива во однос на децата од околината. Па низ годините извлеков поука дека најдобро е да не му ја мислам и анализирам околу децата и родителите какви се. Многу голем товар и оптеретување си правев, сега сум поопуштена, но поминаа повеќе години, иако сеуште знае по некоја вознемирувачка мисла да ми помине во глава.
Истово се случи за коксаки кога се исфрли ќерка ми. Кој од пред 3 дена, кој од завчера.. Ама сите мене ме чекаа изгледа да им пишам иако ќерче 3 точки имаше се на сѐ
Да ме видите моментално ќе речете оваа ко војна да водела со комарците не да ја касале, рана до рана, сипаници ден не знам кој не ми е рамно. А комарци се, јас секое лето сум така, цели нозе пепел. Еве ме на село сега и по тело имам излегоа болви цела ноќ не сум спиена едвај чекам да осамне да си одиме. Да ме види некој ќе бега може од мене а јас сум само искасана од комарци. Не знам како има луѓе кои не ги касаат, нисам ја те срече. Еве и децава исти се, лом. Јас ако се сомневам на нешто ќе прашам. Е сеа јас моето го приметив дека има сипаници на роденден на кумчето, немаше апсолутно никакви симптоми дека има сипаници, земав пелена да му сменам и го гледам точка на газот, мислев му е некоја реакција, до дома излегоа уште 3 и следниот ден сфативме дека се сипаници. Во очи Нова година. Нит пакетче, нит сликање, нит Нова година видовме. Јас немам прележано но не префатив. Изреагирав кај кумата и кажав, да пренесе на гостите со деца, може и мене ме оговарале, ама стварно немав никакви предвесници дека ќе има сипаници, здрав прав. За другото излишно е да се збори, болно дете е за дома и крај, а што е болест што е Ништо страшно има кој да каже, јас знам дали собава е ок за дневна или е мала и за детска и толку е мојата стручност.
Секогаш е исто за било што. Само да погледнеме од една друга страна. Не сите градинки и групи имаат вибер групи нели? Јас овде би барала одговор од воспитувачите зашто матичните лекари би требало да информираат во градинките, секако ако децата се однесени на лекар.
Матичните одма даваат оправдување, мене не ме ни прашувале зошто земам само потпишувале...не дека е толку строго сега и ти.
Да, матичен може да даде ама зборот ми е ако на потврдата пишува обична настинка или зависно како запишуваат кај нас се случуваше класен да не признае
Кога мојот одеше во градинка мајка пушти дете исфрлано со сипаници во графинка. Додрла приметила воспитувачката поминал доручек. На крај мајката се трудеше да ја набеди воспитувачката за сипаниците (демек касно приметила, не била совесна и слично). Па се вадеше алергија било, па не знам што. Срамота и жално, ама некои луѓе немаар совест ич. На лекар намерно не го однесе никогаш детето. Дури откало оздраве им однесе потврда дека е здраво. Сите во група што немаа прележано фатија тогаш.
Ние сега немаме вибер група, мојот баш кога фати сипаници ја прашав докторката што да правам за градинка, колку време не смее, што и како, ми спомна самата дека нема потреба да се јавувам туку таа известува во секоја градинка кога има случај. Исто и во ИЈЗ нели нормално. Како и да е, мене стварно не ми е јасно зошто се крие, деца се, сите сме свесни дека ќе се разболуваат, ќе поминат секакви вируси. Баш од денеска имам пример за темава, сабајле ми пишува една не толку блиска другарка дека детето има температура, гнојна ангина и попладнево доаѓаат на лулашки. Си седна до мене и на нејзиното вика ‘еве оди играј си со Х (моето дете)’. И мртва ладна си почнува муабет како збеснала веќе дома, морала да се излуфтира, јас седам ја слушам и не ми се верува што се случува. Само станав и реков Ние тргнавме да си одиме, се гледаме друг пат. И цела вечер ми е шубе, со месеци ги чувам дома зашто сериски беа болни, а она мртва ладна си доаѓа со болно дете. И себични, и несовесни, и невоспитани.
Како и да е, не ми е сеедно со болно дете да си игра кога дома правам се што можам да ги припремам колку толку за следната зима. Јас знам како ми беше 4 месеци со две болни деца дома од кое едното бебе. Верувам дека ниеден совесен родител нема лабаво да си искочи на лулашки, посебно па кога имаат температура лулашките не ми се ни во позадина на паметот.