Што и да било кога веќе излегле брунки не се заразни. 7 до 14 дена пред излегување на видлив осип е заразно , и тогаш нема ни да знаеш дека некое дете е заразено а може и со него си. Во секој случај изолацијата е поради паднат имунитет и не е во ред да се носат дечињата. Јас сум строго против носење и мешање кога се болни децата.
С До сушење на брунчињата е заразно. Најзаразни се два/три дена пред избивање и се додека не се исушат брумчињата. Инкубацијата е најчесто до 14 дена.
И јас знам вака, односно дека додека се живи, мокри или како и да се наречат, се заразни. Ама ај што се заразни, туку и ризични за самото дете да направи инфекција.
Во сеој случај не е во ред да се носи дете во игротека, ај нека не и гајле за другите ама за нејзиното дете треба да и е. Паднат имунитет има тоа дете, ќе закачи плус некоја инфекција и вирус.
Може не сум за темава оти без деца ама со доволно изгледани, соживеани и истражени болести, вируси, бактерии и околина околу мене што ден денес не ја разбирам. Да не ве плашам ама сипаници за некој и не се само брумчиња или исфрлано, дури и варичелата. Сестра ми заврши со воспаление на мозок од варичела, цел оддел вриеше со деца од компликации од сипаници. Јас 10 години пред тоа прележав, она не фати од мене туку после 10 години од незнаеме каде.За мене знаеа, од комшиче што заедно си игравме. Прозирен секрет може и да не е ништо( секрет кој менува бои, жолта или зелена е резултат на бактерија или инфекција). Болно дете е за дома. Незнам дали некоја од вас пратила дете во градинка покриено со екстра терапија , ама кај другарка во група ,, совесната” мајка на дете кое горело цела ноќ со тем , бутнала екстра доза лекови и прати дете во градинка за да иде на денска журка за НГ. Детето за 2 саати добива грчеви во мозок и со итна го носат во болница. Прво греота за детето, греота за дечињата кои го гледаат тоа, стресот на учителките кои во моментот додека трае грчот се немоќни да помогнат на дете чија мајка побитна е журката. Знам и гледам од блиски, каде мајката мртва болна буфта во фаца на детето, со бактерија го праќа во градинка , го оправдува дека баба била на гости да се видат. Мајка за која е во ред детето на улица ако му падне храна да ја земе и стави во уста ( на тоа место има сигурно мочки од маче, куче, поминале минимум 20 луѓе со патика која стапнала на подмочано вц на работа, на гомце од куче, плуканица од 10 луѓе кои незнаеме од што се болни). И го имаш коментарит дека други мајки ја гледале како луда… Јас 4 месеци освен работа и дома се немав видено со пријатели( сите со деца) бидејќи постојано бевме настинати ( нежна сум , се ме префаќа лесно) , или пак они и ден денес ми кажуваат ако е болно детето со муабетот ако е бебе/ дете , несакам да се разболиш и да знам дека е он нас. Да , супер е дете ако е болничко да се извади на воздух, ама нема потреба од место каде има лулашки и други дечиња. Па скраја да е, не се вечно болни, тоа трае до макс 2 недели. Јас неможам да разберам родители кои седенката со Петре и Стојна е побитна од тоа сопственото или другото дете се разболат едно од друго. Зашто криење дека детето е болно? Побитна ли е седенката? Побитно ли е било што од детето? Мене возрасна особа ми се искашла во фаца на мекици бевме и ми вика абе јас малце болна сум. Алооо жено, прво свесно болна доаѓаш, после ми кашлаш во фаца. Тоа беше секунда каде бев во шок кога осетив кашлање во фаца, се свртев и се повлеков на страна. Извинете на долгиот реферат, може и осуда ќе имам како некоја што нема деца коментира, ама околината е најголемо искуство.
Еве случка со моето дете од вчера. Станува сабајле и се жали на болка во уста. Со оглед на тоа што се вративме од продолжен викенд, прво помислив дека лаже за да не иде во градинка а и супер расположен беше претходно. Маж ми го носи на матичен во 8 за проверка, му вика замената на матичната ништо не е, нема темп, малку е црвено. Јас решавам да седи дома зошто имав простор да скокнам вчера работа иако он е пак расположен и проверен на матичен дека е добар. Како тече денот, станува кенкав, одбива храна и качува температура. "Домашниот" доктор специјалист го виде попладнето и не му се веруваше како може некој за такво грло да каже дека не е страшно. Еве го под антибиотик и со к.слика со показател на бактериска инфекција. Јас случајно останав дома со него, инаку ќе бев исто во кошот несовесни родители, заради докторката која не знае да види основна работа, како бактериски болно грло.
Морав да ти ги отворам мислењата за да се уверам дека стварно немаш деца 100% бев сигурна дека си мајка, не знам зошто Спојлер Инаку, јас трудна со првото дете јадев тегла краставици дневно и водата ја пиев
Хахаха немам, ама ќе биде и тоа еден ден. Инаку сум постојано со деца, најмала од фамилија сум , и внуци од сите страни, другарки со деца, комшии со деца.
Честа појава. Се чудам како немаат осет? Никаде не ги носам децава кога се болни. Не сакам потоа другите да си имаат мака заради мое невнимание. Еднаш се случи да имам гости дома. Деверот и јатрвата со децата. Замислете... Апла болни. Се изнервирав и му реагирав на маж ми откако си отидоа. А два дена пред тоа поголемиот син оздраве од настинка. Не кажаа дека се болни. Доаѓаат и гледаме дека кашлаат, киваат, нос им тече. Ужас. Да се немало осет.
Епа научени така ги носат во градинка и да им кажеш ќе се наљутат. Некои не ни размислуваат. Ние имаме во група детенце што плаче и кажано им е на родителите за да соработуваат нив мува не ги лази, а не пак да се разболи мртво болно ќе го носат од што се несовесни.
За таквите тоа е нормално. Како немаат граници луѓево, не знам. Нити одам болна некаде, нити носам болни деца. И не сакам некој болен да ми доаѓа. Додека работев во градинка имаше родители кои носеа болни деца. Знам дека некој ќе рече нема кој да ги чува... Ама тоа не е изговор ти да носиш дете со кашлица.