1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несогласување со родител

Дискусија во 'Дете' започната од fensy, 10 март 2011.

  1. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Девојки имам голем проблем и ми е потребен и ваш совет. Мајками ме убива. Не ми дава никака слобода. Сака само она да контолира се сака да знае во се ми се меша имам 16 години не ми дава сама да размислам за некои работи ако ми е потребен совет да побарам тогаш кога ке ми треба а не се она сака да мисли ради мене . Да ја имам излажано ме тури под казна не излегов од дома повеќе немам излажано но и пред ова да се деси ме мачи. Модерна мајка е свака се , али сака да биде она како ке каже. Не ми се свигаат овие со кои се дружиш се криеш од мене,а јас пусто кријам заатоа што не знам она како ке изреагира на тоа ми е страв. Татко ми само си ќути кога сме сами едно лафи кога е со неа друго. Не ми се влева дома. У школо попуштив пошто немам атмосвера дома за да учам и за тоа ми се дери. и се сум јас лажга и се сум јас крива. ПОМОШ!!!!!!
     
  2. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Зошто не разговараш смирено со мајка ти,и ако можеш да и објасниш некои работи, и дека се ќе биде подобро ако и таа покаже разбирање за она што ни се случува во овој период.Кажи и дека немаш 12 год,и дека ти треба малку повеќе простор за живеење..но кажи и дека и ти ќе бидеш поодговорна и дека сакаш самата да се соочиш со своите проблеми и да се изградиш како возрасна личност ,а вака не можеш бидејќи цело време си контролирана од некого...Ако можеш обрати се до некои поблиски роднини,разговарај со нив, но мислам дека најдоборо е смирено да разговараш со неа и ако може без дерење,....Се надевам дека ќе успееш..Со среќа...и ако сакаш извести ме по разговорот :)
     
  3. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со коментарот погоре. Секако треба да и дадеш до знаење дека сакаш повеќе слобода, но дека целта ти е да почнеш самата да се развираш психички како возрасен човек. Да одлучуваш за себе, но и да си ги сносиш последиците. Искрено и јас го имав сличниот проблем со мајка ми кога бев помала. Ја разрешив ситуацијата преку татко ми. И тој најпрвин молчеше во сите оние кавги меѓу неа и мене. Но најпрвин го седнав него ( бидејќи мислам дека со него имам подобра комуникација ) и му објаснив што е што. Заедно зборевме со мајка ми, а пред тоа тој ја смекна на некој начин. Само кажи и дека знаеш што е најдобро за тебе. Се надевам дека ќе успее да те разбере, сепак мајка ти е и на нејзе и значи твојата среќа. Поздрав од мене и ти посакувам многу среќа.
     
  4. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    nekade procitav deka ,,vistinskite roditeli,,se onie koi svoite deca gi pustaat slobodno da letaat,znaci so sloboden elan i sila,da razmisluvaat slobodno samite so svoite glavi,a koga ke im treba pomos da bidat tuka za da pomognat,nekogas nie roditelite od sto se plasime za nasite deca da ne im se sluci nesto loso pravime mnogu golemi greski,,,,,,razgovaraj so majkati ,kazi i deka taa dobro te vospitala i deka nema da ima potreba od grizi,,,,,,,,,da te ostavi samata da razmisluvas sepak ne si mala,,,,,,,,,,,,,,,,,pozdrav
     
    На fensy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    По цело време читам коментари од типот „разговарај со...‘‘. Во ред, некогаш со разговор навистина се средуваат работите ама понекогаш зборувај колку што сакаш, нема оправија и нема. Мајките секогаш своите деца ќе ги сметаат како деца. И 30 години да имаш за мајка ти дете ќе бидеш. Се согласувам со коментарот над мене. Родителите толку се плашат да не им се случи нешто на нивните деца па и претеруваат. Не ја гледај мајка ти како непријателка. Едноставно таа е личност што тешко стекнува доверба. Се надевам не правиш работи што не би можела да и ги кажеш на мајка ти. Кога и да излезеш, кажи и каде одиш и со кого одиш. Не би требало да ти смета ако мајка ти тоа го знае. Од лично искуство ќе ти кажам ако те прашуват за саат не кажувај време ако не знаеш да го испочитуваш. Секогаш кога ме прашале за саат сум велела -Зависи колку ќе ми биде интересно бе, неќам да претерувам со саати да дремам, може за пола саат ќе дојдам, можеби максимум 2. Однесувај се со мајка ти како другарка. Колку повеќе криеш толку не бидува. Некое време и јас вака бунтував, сега иако имам 17 години со мајка ми за се слободно разговарам, знае дека имам дечко и кога излегувам со него. Па и таа била на мои години, ме разбира. Другото да не го повторувам од коментарот над мене, на место е.
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Покани ја мајка ти да дојде со тебе кога ќе излезеш или оранизирај специјално средба со твоето друштво. Нека ги запознае. Послуши се со некои финти . Кажи и на мајка ти дека некоја колешка на мајката на твојата другарка ја поздравила, која случајно сте ја сретнале шетајќи со другарка ти ( а ти секако не се сеќаваш како се вика и се чудиш од каде те познала)...чисто за да и проработи она внатрешното - дека и таа твоја другарка е нечие дете за кое некој исто така се грижи, па тој некојси таму родител е пријател на заеднички пријател ... и такааа :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Ѓабе се разговори таа е таква и иако ме излудува морам да се помирам. Зборевме сега за одмор со друштво и со дечко ми Во охрид струга било каде . Неможи мала си од кај знам каде ке одиш каде ке се сместиш што ке ти се деси знаеш дека сум паничар. Па има деца по 7 одд ги пуштаат сите се шетат јас дома седам кога ке и кажам некаден настрана да одам се мисли на најлошо. и со разговори ништо не помага ти вика таква сум ме страв има други родитили поразлични јас не би можела да бидам како нив и крај
     
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сега јас како родител...... Има една поговорка “ мајка што премислува, Господ да не ти даде“, оти секогаш ни идат низ глава најлошите можни сценарија. Немој да ми се налутиш ама јас ја разбирам мајка ти потполно, незнам дали моето дете би го пуштила со 16 години само на одмор. Нема око да склопам, ке ѕвонам на телефон постојано па ако макар и еднаш не се јави, ке запалам кола и ке отидам у Охрид. Колку и да мислиш дека си зрела на 16, едно е шетање во град со дечко и другарки, друго е одмор. Не дека ти неможеш да направиш глупости дури си дома, ама пак дома си.
    Од друга страна сега ви е интересно. Мене некој гратис да ми даде у Горица 7 дена, јас ке се размислам дали да тргнам, па кој ке се вози 3 саата, па какво ке биде времето, кој ке се пегла и пакува....
    Немој со пристапот “ме излудува“. Со бунтовничко однесување ништо не се постигнува. Учете малку од политичариве дека округло па на ќоше подобро поминува. Пробај да разговараш смирено и со аргументи. Ако успееш да ги убедиш ок, ако не, немој да им се лутиш и обиди се да ги сватиш.
    Вака ке се грижат до кај твоја 30та, и после ке се грижат ама тогаш ти ке почнеш повеке да се грижиш за нив, кога ке почнат да недочујуваат, да недовидуваат, да ги фаќа срцето и реумата, ти ке им ѕвониш и ке се плашиш да не им се случило нешто ако не кренат слушалка........ тркалото на животот.

    А тие што пуштаат деца 7мо одделение сами на одмор, извинете ама треба да им се одземе родителското право.
     
    На cresa-jagoda, friendy, Juicy03 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    донекаден е така ама ова е претерано и многу неубаво ми се понаша . ниту со другарки ниту со дечкоми се поздравува. ги одминува на улица . Океј знам дека е таква гледа ко не гледа кој знае кај мисли и мене ме има одминувано,но дечкоми со брат ми на улица и оваа го вика брат ми ја затвора вратата од портата и дечкоми виси надвор пред кука истото и со другарки. Ме става во многу незгодна ситуација. не е тешко барем едно здраво да каже. нели и се под кејф или не знам што е работава. Ме ПОЛУДУВА !!!!!!!!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    И мене мајка ми ми правеше вака кога имав 16 год и цел живот ќе и бидам благодарна за тоа,да не беше она сега не се знае што ќе беше од мене.
    Така да слушај си ја мајка ти што и да ти каже затоа што еден ден ќе и бидеш благодарна за тоа што ти го прави сега :)
     
    На cresa-jagoda и avita им се допаѓа ова.
  11. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    се согласувам дека мајките не секогаш се во право ( и јас сум мајка)но сепак треба да се грижат за своите деца,тоа им е обврска.Сега си во тие години кога се те нервира,не викам дека мајка ти убаво се однесувала кога им ја затворила портата на дечко ти и другарките но размисли можеби има причина за тоа,ти најубаво си знаеш.Немој да мислиш дека тоа злонамерно ти го прави сосема спротивно !!! Секоја мајка посакува најдобро за своето дете,и да ти сеуште си дете,и јас моите најголеми грешки ги имам направено на твоите години.Но те разбирм и тебе,сакаш слобода,да се почувствуваш самостојна,да одлучуваш за себе.Не сум против тоа,треба да разговараш со неа и да најдете заеднички јазик,со убав и културен пристап сигурна сум дека нема да те одбие,а додека бунтовништвото не е решение.Позз ти посакувам секое добро
     
  12. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Значи имам договор со неа преку ден учи па излегувај 2-3 часа. тоа не е проблем,но проблемот е тоа што сите другарки пријателки оваа години на одмор одат мене не ме пушта. во скопје на еднодневна прошетка со пријатели не ме пушта.колку концерти се одржаа во мак.градови само јас никаден не бев се мене ке ми се случи нешто. А и понашањето што го има кон одредени мои луѓе ми смета. И кога ке и речам не се понашај така она само се смее и ми вели или не ги видела или пак - тие многу лутковци што ако не сум им рекла здраво нека си гледат за нив. а не свака мене како ми е сите ми зборат дека мајка ми има нешто проти нив. И читам коментари слушај си а мајкати најдобро знае , се сложувам најдобро знае и мисли за мене но сметам дека малку треба да излади истото го гледам и со брат ми ова прави она прави неможе надвор мислам прво 2ро одд. не го пушта на продавница за разлика другите деца сами на школо одат цела ден се по улица си играат брат ми нема шанса коли има . Е тоа ме мачи од што премногу мисли за нас претерува и другите имаат родители сигурно тие што им даваат слобода на своите деца им мислат лошо.
     
  13. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    А што не разговараш со татко ти? Мислам од ова што го прочитав извини ама мајка ти како незрела се понаша да не им вика ни едно здраво на другарките и дечко ти... Најдобро би било да разговараш со татко ти кажи му дека не може вака веќе сега како на другите ништо не им се случува нема ни тебе! Не очекувај ако разговара со мајка ти одма да те остават на одмор,но полека па ќе се среди. ;)
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас веке долго време имам несогласувања со родителите,постојано на пари да се мислело.Еве мајка ми другата недела ке ме остави и ке отиде за Италија а јас сама ке бидам со сите мои проблеми.
    Причината за несогласувања се многу:Се започна кога ме пратија на факултет онаму кај што јас не сакамтуку кај што тие сакаа и со тоа загубив многу пријатели и една личност која ја сакав многу.
    Друга причина е тоа што не ме подржуваат во најтешките моменти...Еве на пример моментално страдам по личноста која ја сакам,и кога и да се доверам на мајка ми таа само се потсмева и не ми дава корисен совет па мора да се жалам на пријателите. ;(
    секогаш мора да им одам по нивниот кеиф а дали мене ми треба нешто не ме прашуваат :(
     
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Не постои родител кој му мисли лошо на своето дете, има само деца кои не ги разбираат родителите или не им се допаѓаат нивните совети. Мајка ти не ти се посмева, едноставно мисли дека тој што ти си го избрала не е добар за тебе а верувај мајките ги активираат сите чула кога станува збор за своето дете.
    По однос на парите, навистина мора да се заработува во денешно време, парите се неопходни а тоа што ќе бидеш сама не значи ништо, ти не си сама, тука е и татко ти. не оди на шетање оди да заработи. Ќе имаш дете па тогаш ќе ги разбереш родителите. А пријателите тие да тие ти кажуваат тоа што ти сакаш да го слушнеш тоа што ќе ти се доапдне, ама само колку сеирот да ти го фатат. Мајка, мајка и никој друг.
    И сосема е нормално да се расправате па станува збор за судир на генерации, живееле во едно време сега ние во сосема друго време кога се е искварено и не знаш што ќе те очекува. Гледај ги работите малку од друг агол, и запомни:НИЕДНА МАЈКА НЕ МУ МИСЛИ ЛОШО НА СВОЕТО ДЕТЕ.Освен екстремни случаи а мајкати не е таков.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aх па таа и пред да ја ислуша таа работа која ме мачи(Кога речам мамо ме мачи проблем со едно машко и пред да ја ислуша приказната) таа само не се глупирај,па мене таков совет не ми треба.Јас сакам таа да ме подучи и да ми каже каде грешам и како треба да постапам а совет не се замарај не ми е потребен.
    Тоа што ме натераа да одам кај што не сакам не можам да им го простам,најлошо е да се прави нешто што не се сака а сите очекуваат од тебе.Точно дека родителите мислат најдобро за своето дете ама и знаат да погрешат некогаш...Губиш желба за учење,желба за успех...а и самотијата не е убава работа...сите се во странство јас сум сама дома. :worried:
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    fency
    те свакам како ти е , оти и јас имам сличен проблем со моите родители(а се потекнува од мајка ми)
    и секако татко ми се надоврзува на тоа како грижлив родител |( само што за разлика од тебе, јас до сега неколку пати по ред за чудо останав жива(прво рагањето, па сообракајка) па незнам веке што-како што ми велеше една соученичка од средно школо дека сум била мачка со 9 животи :lol:
    и моите дома сите врски ми ги знаат(освен една врска, ама не беше ништо сериозно траеше само 2 недели, и подоцна сватив дека ми беше фатална грешка) :puke:
    исто имало кавги за заеднички одмори-кога бев во врска, ама најлошо беше кога бев во охрид, и кога се јави да ме праша дали сум стигнала, а јас кога и одговорив стигнавме(јас и моите работи :P ), а се договоривме со типчето да ја делиме собата да не плакаме двојно, и да бидеме заедно
    и ако и кажам дека сакам да излезам сама(пример на концерт, во кафуле-кога нема кој да ми прави друштво)мајка ми се плаши, па затоа не и ни кажувам, оти е претерано голем паничар исто и татко ми и истото е со брат ми(помал е , веке е маж), а највеке ме нервира за интервју кога треба да отидам некаде, и сред интервју или веднаш после тоа ми звони-не може да издржи да и кажам кога ке стигнам дома :@ , и кога аплицирав во една фирмадобив одговор после некое време, и не ми текнуваше каде се наога фирмата-не аплицирам во една фирма, дома хаос, почна да ми вели не те пуштам да одиш на непознати места, леле жено аман бе :envy: :devil:
     
  18. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Потполно се сложувам со тебе Пеликуна немам никаков мотив за учење можеби сум малку и премала само 16 години но знам дека ова ке се случува и по 4,5,6 и 10 години. Кога цела моја генерација ма и помали ги пуштаат зошто не и мене,јас ако сакам да правам глупости ке правам и дома немат поверение во мене затоа што ја имам лажено а не свака дека а лажам затоа што не знам како ке изгреагира ако и кажам нешто па ајде јас подоброто да го зборам,мисле јас сакам да лажам. Колку само ми е болно ме лажи ко мало дете поправи оценки сите 5ки па ке одиш на одмор хаха прикаски ја слушам и си се смеам во себе и самата помисла како лани додека другарки мој ми се фалеа овака онака си поминале на одмор јас кмишев со нив и ко ке ми рече ајде бе тебе цел месец ти даваат на море ти ке одиш во Охрид. Не е битно каде си нели свака дека неможам со нив повеќе досадни ми се. И истот срцекршачка преку ден на мобилниот имам 60 пропуштени повици од нејзе. Татко ми неможи ништо да стори затоа што таа го има целото влијание и на тешки маки сум ми доаѓа да си одам од дома жими се . Ѓабе имам се и ке ми купува се, не сакам ништо сакам само барем малку СЛОБОДА. Да размислувам сама за некои работи совет само од нејзе сепак сум во години кога созревам и се градам како личност. До минатата година се каравме кој алишта да ги носам .. па не се трпи јбг :@:@
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Сите понекогаш сакаме некој да не ислуша, макар и да не сме во право, сакаме да ни рече - да во право си, така е, те поддржувам...

    За жал, или за среќа, мајка ми никогаш не ми го вика тоа. Само ќе ми рече, епа не знам, не сум упатена. Малку ме навредува и ме иритира тоа, се она не е упатена, а ако почнам нешто да и кажувам, сестра ми по дефалт ме прекинува. И така. |(

    Ме нервира, ја нервирам, еве сега баш и кажував за матурата нешто, и иако знае дека прилично многу учам и сум одлична ми вика - не знам јас таа работа. Тоа ме вади од такт, може барем еднаш да рече нешто поутешувачки. :^)

    Едит: Не викам дека треба да ме поддржува во се, и правилно и неправилно, туку може некогаш, само некогаш да ме утеши со нешто. Не треба ни да биде како една што ја знам... вика типкава, мојата ќерка цигара не ставила во уста, секој петок до 12 е дома, се отепува од учење. Во реалноста, девојчево пуши како турчин, во 12 испаѓа од дома а и не е некој јак ученик. :!:
     
  20. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Девојки помош !!!!!!!!! неможаммм веќеее ... една пријателка доаѓа кај мене , не се подади мајками Здраво да рече ниту пак да праша нешто. Се јавуваат на девојчето нејзините поздрави ја другаркати мајка и .. а не се ни познаваме .. Стварно во незгодно ме става,и кога ке и кажам на мајками она вика тоа не е така зафатена сум. Епа претера јбг