лето дојде крај на школо и имаме викендичка надвор од градот во близина мислам и сакаме еден викенд со друштво другари другарки да истераме таму и мајка ми не ми дозволува оти ке сме биле со машки и сами, уште деца да сме направеле вели. не знам стварно како да постапам
Запознај ја мајка ти со друштвото да види ако не знае со какви другари - другарки се дружиш а на крај краева можеш и да и кажеш дека и таа кога сака може да ве посети. Ќе испие некое кафе и ќе види дека се е во ред.
Јас од аспект на родител можам да ти кажам дека сосема ја разбирам мајка ти, а од аспект кога бев тинејџер, знам дека многу ме нервираше тоа кај моите . Секогаш им викав дека се што може да се случи навечер (значи на преспивање некаде) може да се случи и преку ден . Не верувам дека тоа ги смируваше многу , ама навистина е така. Но, од аспект на родител, таквите ситуации се сигнал за паника. Не дека таа сосема не ти верува, ама стравот од тоа да не се случи нешто сигурно е поголем. Покани ја да дојде со вас, под услов да не ви се меша во забавата . Можеби така ќе сфати дека немате што да криете (нормално, секако дека имате, да не се залажуваме ). Во секој случај, ако не успеете да се убедите не го сфаќај тоа трагично, не прави сцени токму за да ги убедиш во тоа што сакаш да ги убедиш-дека како растеш така стануваш позрела личност. А зрелите луѓе не прават сцени секогаш кога нешто не им е по волја . Разговарај смирено, со аргументи, но прифати ги и нејзините аргументи и ставови. Животот е правење компромиси, колку и да не ни се допаѓа тоа.
охх сите ми се смеат. како она да има само дете. ке одиме со бабами или на другарка баба и дедо и таа не глупости ке сме правеле ова ке ми се случило она. ме третира како мало дете постојано се караме по дома јас и татко ми со неа,и се сум и јас крива. имам сестра помала од мене . постојано е со неа убавата на мама на мама пилето ја гушка ја бакнува се она и е најдобра,за во школо само оценки ми збори бев одлична од таа не убава хармонија дома јас сум катасрофа се трудам за се и во ништо не ме потикнува наместо да ми рече можеш ти ке успееш она не ми се верува ти ова да го направиш. омраза ми ствара кај сестрами кога се заедно. ниту пушам ниту пијам некој имат деца што се дрогират ама ги пречекуваат со раширени раце кога си идат дома а она само ми се дери.неможам и ѓабе се разговори а татко ми не може тој,цела сила таа ја има дома
Тебе прво во план нека ти биде учењето... Да пред се учењето, доаѓа крајот на годината уште неколку дена и ништо не ќе се види гледај поправи ги оценките биди барем со 4ки-5ки. Откако ќе види дека ги имаш сфатено нејзините „совети“ ќе ти верува повеќе. Ќе сфати дека покрај тоа што сакаш да се забавуваш сакаш и да се поправиш да ги послушаш советите. Со ова малку барем малку ќе сфати дека се грижиш и ти е важно нејзиното мислење. Потоа продолжи да учиш биди се подобра и на крајот ќе нема причина да ти забрани да излегуваш. Колку лошо и да се понаша ти си нејзино дете. Таа е твоја мајка ти си била во нејзиното тело таа те сака пред се! Ќе те остави да излегуваш барем 30 минути, ако не ти дозволи не бунтувај само кажи во ред разбирам. И продолжи си и нејзе потоа ќе и стане малку криво.
Пријави је во полиција дека те малтретира или другата опција која ти е многу подобра причекај да ти помине пубертетот се ке се среди
Некогаш ќе и речеш ФАЛА на мајка ти за ова што ти го прави (од искуство кажувам). Ниедна мајка не му мисли лошо на своето дете.
Добро за тие што не се полнолетни, но што можам јас да кажам што имам 21 година, а се уште не ме пуштаат на одмор со друштво? Кога ќе ја отворам оваа тема, веднаш добивам негативен одговор. Многу пати сум се обидела да им објаснам, плус тоа студирам надвор од родното место далеку 4 часа, седам под кирија со другарки веќе 7 години. Исто, со истите навики, не ме разбираат или не сакаат, не знам, ама јас веќе си имам свои мислења за животот, знам што сакам да постигнам иако тие не ми помагаат во тоа. За да не им го расипам ќефот студирам тоа што тие сакаа, ок се трудам некако да ја најдам убавата страна во ова, ама сакам приватно со музика да се занимавам, имам талент за пеење, од 10 години знаат за тоа, а се зафркаваат со мене демек ништо не било да бидеш пејачка, ништо не можам да постигнам со тоа. Со еден збор, сакаат да правам само тоа што тие мислат дека е добро, а ич не им е гајле што сакам јас. Ги почитувам веќе 21 година, што мислите дека треба да правам, да продолжам да ги слушам и да ги оставам работите што сакам да ги работам, или да најдам свој стан и работа и повеќе да не ги прашувам за ништо?
Ах, сите со мајките, јас и со двајцата...И мојава ситуација не е баш сјајна...До пред некое време, мајка ми ја сметав за најдобра другарка, се и кажував (со исклучок за дечковци ), само таа ме разбираше најдобро од сите, и се беше совршено...Но, постепено, се се сврте наопаку...Повеќе не е онаа што беше, а богами ни татко ми...Сега секој ден се слушаат пцовки и караници, за добро утро ни е дерење за безвезни работи кои се случиле пред времето на Дедо Ное, цело време е депресивна и ништо не и е по ќеиф, од ништо не е задоволна. Се обидов мирно да разговарам со неа, и нема никаков ефект, се на нејзе и смета што и да правам...Ми вика дека сум била мрзлива и дека само за на компјутер ме бивало...Ок, до некаде има вистина во тоа, си признавам, но по тој разговор се обидов да се сменам, ама џабе беше...Да, избувлива сум, и тоа си признавам, но и тоа се обидов да го поправам и пак немаше никакви резултати..Како да ужива да се расправа нон стоп А за мојот "татко" имам само пофални зборови Порано ми беше мојот идол, немаше подобар и посилен и похрабар татко од него, постојано се смееше за безвезни работи, и најмногу си го сакав...Ама, со текот на времето се претвори во вистински психопатски случај. Сега кога и да се обидам да разговарам со него за тема која не му се допаѓа, во најдобар случај поминувам со ненормално дерење, но неретки се и заканите дека ќе ме претепал и не знам уште што...Лично сум била сведок на неколку малтетирања врз мајка ми, и тоа почесто како мала, кога не можев ништо да сторам...А кога малку потпораснав почнав да се спротивставувам, ама само на полошо одеше работата...И навистина е луд, што уште повеќе ме иритира, барем да пиеше, па да го оправдав со тоа....Вака, слабо...Колку пати сме збореле со него да си оди, ама не сака....Јас и мајка ми немаме никаква друга опција освен да трпиме...Сега е малку потсмирен, што многу ме чуди! Сум приметила дека кога не му збориме, се обидува да ни угоди и многу трезвено се однесува, но штом работите се потсмират, пак продолжува по старо...Сега проблем ми прави за мачињата, знам дека се многу и дека не е нормално толку да чувам, ама се приврзав за нив и не сакам да ги давам...А на него упорно му сметаат, иако единствена обврска му е да ги гледа се вкупно 1 час неделно. Сега и за тоа кај и да е ќе настане кавга, и не знам како ќе издржам. И што е најчудно, само кон него имам слабост, секогаш се расплакувам и на најмалото повишување на тонот од негова страна, а колку сакам да не е така. Еве и сега го пишувам ова и плачам. Тој е крив за состојбата во која се наоѓа мајка ми, и се заколнав дека еден ден, без разлика кога и да е тој ден, јас ќе се одмаздам за се што ни направил, и тоа на најсуровиот за него можен начин. Сега во секое машко наоѓам по некоја негова особина, ја имам изгубено довербата во секого, дури и јас почнав да забегувам...И што е уште пострашно, мајка ми постојано ми вика дека сум иста како него...Зарем е вистина тоа?!?!? Не сакам да е така!!!! Се извинувам за долгиот пост, но морав да се испразнам некаде
Пампкуин не гледам причина зошто толкави нервози . Ти си сеуште во раст и развој и ако од сега олку се нервираш заради домашните проблеми , тогаш што ќе биде понатаму ? Па ќе ти требаат нервите бе. Пробај да ги разбериш домашните , сите си иимаме некоја таква фаза кога не ни е денот и за ништо не сме расположени . Ако ти вели да седиш помалку на компијутер , тогаш тоа и направи го , не е толку тешко . Изненади ги понекогаш со некоја твоја постапка , например среди си ја собата без таа да ти го каже тоа , ќе видиш колку подобро ќе биде . Што ако правиш муабет и ја прашуваш зошто така се однесува , докажи дека ти не си толку мрзлива како што мисли таа Дела, а не зборови Со среќа.
Повеке не се согласувам со мајками одошто со татко ми. Ми се меша во врска, сака многу да биде по нејзино и такви ствари и еве пред некој ден почнав да и кажувам дека ми смета тоа што ми прави дека ме гуши буквално и пак јас испаднав крива. И ги кажувам тие работи за да не се нервирам и еве на крајот јас сум крива. И после зошто сум и се доверувала на тетка ми??? Епа затоа што таа ке даде совет и нема да ме повреди на тој начин како тоа што го прави мајка ми
Аница бе за 21 година вака да се понашаш и да се смееш толку на нечиј проблем браво. Ако можеш да дадеш салам совет океј ако не не пишувај ич и не се смеј дебилски на проблеми.Барам помош а не исмејување
феминки не се издржува веќе со мајка ми секој божји ден караници со неа, еве и денеска исто така а се немавме видено 5 дена и она пак по старо, ми прави проблеми на 7дена пред поаѓање на одмор, и тоа не за друго туку за Сексот сексуално активна сум веќе 3 месеци, она не го знае тоа и сега си мисли дека тоа ќе го направам токму на одмор, и пробува на секој начин да го саботира, си увртела во главата дека сите машки сакаат невини ако не ме земе дечко ми ќе ме видела што ќе правам, постојано ми повторува дека ќе плачам по дома, и само си го кажува она нејзиното " не го давај газот под кирија" од каде и е ова не знам , веќе не знам со што да ја убедам дека не е 15 век, дека нормално е тоа, дека се сакаме со дечко ми. Еве сега ми кажува како некоја ја оговарале затоа што имала односи пред брак и никој не сакал да ја земе абе ајде . За еден месец полнам 21 година а она се понаша со мене како да имам 15 Не знам што е со неа, не е воопшто заостаната, работи со луѓе, има контакти со различни луѓе секој ден , и за се ме сфаќа и разбира ама за ова не и не Што да правам со неа, не ми се доаѓа дома веќе
[Ова често и мене ми се случуваше периодов изминат. Иако со мајка ми најдобри другарки сме. Друштвото знае да те сврти за 360 степени. И мене ме свте друштвото, се сменив малку, да кажам се расипав малку, но вака ми е многу подобро. Мајка ми примети и се каравме доста, но свати дека си имам свој став,карактер, и што и да се деси не потклекнувам на нешто лошо. Разговарај со мајка ти и не ја лажи. Мајка ми ми има кажано, еднаш излажи ме, два пати три пати нема да дознаам.. али десетиот пат ке дознаам, и дупло ке ти се отплати! И имам еден страв, па воопшто не ја лажам, сеа добро.. си знам да си сокријам мн работи и да се напраам мутава, али она се праи помутава од мене, си приметува и си преќутува Збори со неа со добро, чим викаш дека не е старомодна, нема проблем зашто не би и се отворила.
Познато ми е...мене така ми викаше до последниот ден пред да се омажам... Знам дека сега не ти е смешно но искулирај, и ако е таква немој да и кажуваш дека си сексуално активна...јас ќе криев засекогаш, ќе продолжев да и правам филмови дека и на мм не му давам, но бебето ме издаде
Анастасија па кажи и дека веќе си сексуално активна и дека нема назад, што би направила? Ќе мора да се помири со тоа, барем според мене. Е сега ако има опасност така па да не ти даде пари или на некој начин да ти забрани да одиш на одмор, тогаш издржи уште овие неколку дена. Сигурно веќе си пробала на мн начини да и објасниш дека не сме 18 век, така да глупаво е тоа да те советуваме. Мене искрено би ми пукнал филм и би кажала дека не сум невина, свесно сум решила да го направам тоа, знам да се заштитам и се со ред. Кажи и дека ја сфаќаш едноставно се грижи за тебе, но постои период кога децата веќе и не се толку мали и свесно решаваат за мн работи од својот живот, а тоа се баш овие години кои ги имаш.
Ани јас потполно те разбирам и со мене зашто беше истот,меѓутоа до негде ја разбирав жената зашто ипак јас имам 18 години.но од кога ми го најде тестот за бременост веќе свати што се дешава се помири со судбината.еден период цело време и збореше на мојата најдобра другарка али сега е многу помирна и не збори,можда зашто гледа врската ми оди на многу сериозно. па ако ти осеќаш дека врската ти е стабилна може од неа утре да биде нешто големо-кажи и на мајка ти.ако е чисто авантура тогаш ќути дека утре ќе те напне само тоа ќе ти го спомнува
Па тоа е најлошото што врската ми е сериозна, дечко ми доаѓа кај мене дома се знае со неа, јас одам кај него се знам со неговите, нашите планови се за заедничка иднина но не и е на неа тоа доволно
епа нз шо да ти речам.јас правам друга политика.на почетокот кога дозна ми трубеше и ми пукна филмот и реков ТИ НА 19 ГОД СЕ ВЕРИ ШО ЗНАЧИ МОЖЕ И ПРЕД 18 ГОД СИ СЕ СКИНАЛА ТАКА ДА НЕМАШ ПРАВО ДА ЗБОРИШ таа почна да баста друго е јас друго е ти бла бла,ама ке наоѓаш зборови и ќе се помири со судбината