1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Несогласување со родител

Дискусија во 'Дете' започната од fensy, 10 март 2011.

  1. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    односот мајка керка е многу битен а ако сака да знае за тебе е тоа за да бидеш по. заштитена . и извини секако таа знае штое најдобро за тебе . пробај .. кажувај и некои работи .. за мода за стил за момчинја што ти се допагаат ке се изненадис колку многу мајка ти знае..и да не заборавиме колку глупости се случуваат баш заради тоа што керката криела од мајката. мајката е најдобриот пријател на своето дете само и дај шанса ;)
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    За да немате несогласување со родителите пред се тие треба да имаат доверба во вас. Довербата е многу важна. И јас кога имав 12/13/14 години се лутев но тајно кога не ме пуштаа на екскурзии, кога не ми ја купуваа омилената блуза, кога немаа пари за чоколадо и слично но со тек на време сфатив дека јас грешам а не тие. Нема родител кој му посакува лошо на своето дете. Но некогаш и родителите колку и да се трудат, колку и да сакаат неможат или едноставно не стигнува. Ги читав поназад коментарите некоја девојка се лути зошто на 16 години не ја пуштиле на одмор со другарки а размислила ли некогаш дека можеби нејзините немаат доволно пари за тоа? Некогаш колку и да се штеди не е доволно. Секако дека е мала за да оди сама на одмор, но може несакале да оди оти немале доволно пари да и дадат а несакале да го кажат тоа оти сепак се родители тие се должни да и обезбедат. Ама во Македонија платите се бедни колку и да се трудиш се е џабе. Како и да е треба некогаш да се погледне и другата страна од приказната. Како што минува времето и годините човек сфаќа дека родители секогаш биле во право а ние сме грешеле. Но многу е важно да се има и разбирање и од двете страни. Родителите можат да не разберат нас и тие биле деца и разбираат дека секогаш сакаме и ни недостига нешто, но ние неможеме да ги разбереме нив не сме биле родители. Ќе сфатиме најдобро кога ќе бидеме. Нормално е секој човек да си има различни размислувања но тоа ако родителот премногу се грижи за своето дете не значи дека има заостанати размислувања туку читаме, гледаме телевизија се случуваат киднапирање, силувања и уште што не. Кој е тој родител што не се грижи? Мајка ми е таква ако ме бара еднаш, два пати а јас сум во гужва не сум слушнала жената одма на најлошо мисли. А не пак да ме пушти на 16 години сама на одмор па незнам што ќе биде. Едноставно мали сме има време ќе одиме и на одмори и секаде. Поважно е училиштето сега за сега. И тоа не е несогласување тие само и мислат добро на девојчето. Друго е да има некој повозрасен со нив друго е група девојчиња.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    И јас имам некој сличен проблем со мајка ми. Значи еве ќе почнам со искачање. Имам 16 години и имам дозвола за излегување до 22и30 т.е во 22и30 да сум веќе во автобус за накај дома , се разбирам јас живеам во Бутел , аа излегувам во карпош/центар , ама сеа во 23 и20 дома да бидам , на што личи. Мои врснички до 1-2 саат сабајле седат , па никому ништо, јас ко 13 годишна. Друго , и викам да се офарбам омбре , неможело , косата ќе сум ја оштетела. Доброоо. Вчера и викам да одам да ми ичупаат веѓите , не незнам што ќе и се напраела на кожата ми вика. Денес и викам може на другарка да и правам друштво во црвен крст ке идеме зедно да волонтираме , не паа ќе ме праќале кузнај каде , ова она. Друго и реков да се префрлам во орце , и почна да ми вика како така , па ја нема дда идам таму да им лижам гз на проф за да ти пишат повисока оцена , неможе таму , ии викам абе не ми е за учење , за друштво ми е , со никој не се дружам од клас , мн ми е лошо , аа па ти на училиште ќе учиш или ќе се дружиш ми вика. Ми вика па и јас со никој не се дружев во прва година ако сакаш да знаеш и јас и викам па добро јас не сум баба Ванѓа да предвидувам како ти било тебе , можесе да разговараш со мене да ме прашаш како ми е во средно.Друго ги молев на глума да ме запишат , ми вика аа не актерите имаат мн лош живот, нема шанси , аа еве оваа година го запишаа брат ми , аа тоа размазен се откажа , го мрзело. ааа за комуникација , ич ја немаме. Ќе речете јас сум крива , ама бе како да и кажувам кога никогаш не ме сфаќа. Кога бев помала и кажав едно машко дека ми се допаѓа, она почна да ми се смее кај сум го нашла ии на брат ми кажала па и тој ме зафркаваше.е и уште нешто , и кажав дека другарка ми отиде на психолог за да разгаовара , за да стеке самодоверба иии многу бурно изрегира мајка ми , па уште да и кажам дека и јас сакам да одам ...Женски ве молам за совет , не се издржува ова повеќе...
     
  4. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    Досега таκви големи несогласувања сум имала само κога не саκаа да ме пρефρла во дρуго сρедно шκоло, тогаш ептен ме неρвиρаа и воопшто не му ни збоρував, ни јадев. Си идев од шκоло и диρеκтно в κρевет. Ама паκ не успеав да ги пρемислам, мислев деκа се без жал , а сега немам таκви недоρазбиρања, сеκаде ми дозволуваат да одам, ми даваат паρи κолκу да му побаρам, не се мешаат во биρање на моите дρугаρκи и таκа.. Се она што би тρебало ноρмален ρодител да му го даде на своето дете се ми пρужат. За ρазлиκа од мене имам една дρугаρκа луѓее мајκа и е κаκо умоболна, нон-стоп ја κазнува, и зема таблет, телефон, таа и биρа дρугаρκи ( чудно не знам κаκо јас не и сметам), значи се дρужам мн со девојчето и има дρуга наша дρугаρκа.. а мајκа и не саκа да ја види, мн лошо се однесува сеκаκо и виκа на дρугаρκа ми за неа и ρед дρ умоболни ρаботи...
    Јас исκρено не би издρжала κаκо дρугаρκа ми..
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Сум поминала низ различни периоди во краткиов ми живот, сум се нашла во секакво друштво, со деца од секакви позадини, и иако можеби тоа влијаело на мене сепак сум останала иста, како велат, верна на себе си. :)

    Можам да кажам дека со тоа што родителите ми пришле на (многу) погрешен начин со неаргументирано расправање од нивна страна и закани, ништо не ми помогнало. Сама на себе сум си помагала секогаш, сум учела од сопствените грешки, влегував и излегував од депресии и не се лутам што тоа моите не го забележале. Едноставно, ја почнале работата со погрешен пристап, а дете не почнуваш да го воспитуваш од 15/16 години кога е во годините на најголемиот бес. Сметам дека е потребен разговор отворен за (скоро) се уште од мали нозе, на тој начин се стекнува заемна доверба. :)

    Пред година ипол, две имав страшни несогласувања за излегувања до подоцна и сеуште ги имам понекогаш, јас секогаш ќе бидам нивно дете но не и дете земајќи ги во предвид годините. Мене навистина ми е жал што тие ќе треба да ми го финансираат факултетот, што ќе ги немам тие средства но тие сметаат дека дури живеам под нивен покрив и добивам нивни пари, ќе играм по нивни правила и ете го проблемот со излегувањето.

    Можам да зборувам уште многу, но сакам само да кажам дека нема да ми биде времето на 23/24 години да правам тинејџерски "глупости" и да не се прибирам дома кога ќе имам други обврски, кога ќе дојде денот вистински да се соочам со животот. И тоа е проблемот (овде зборувам општо) дете пуштено од ланец после 18 години или ете завршено средно нема да знае кај попрво да тера, ќе направи можеби посериозни глупости на куп и ќе ги доживува тинејџерските години на 20+. Што ќе биде незрело и неадекватно нели.
     
  6. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    20.898
    Пол:
    Женски
    Немам проблеми конкретно со родителите, туку и со баба и дедо ради тоа што живееме заедно во трособно станче.Како и да е, нив ги сметам за постари и ајде им опростувам колку толку, али мајка ми и татко ми ги сметам за помлади кои би требало да разберат во кои години сум, и низ што се поминувам.
    Поточно, често поминувам низ периоди во кои имам потреба да бидам сама, само сама.Не ми се зборува со никој, се затварам соба и си седам сама со оглед на тоа што ако седам со моите ќе треба да се карам.Не сакам никој во моја близина.Е сеа остај тоа што стално мора да има некој дома, реков нели во еден стан сме 6 луѓе, па мора и во соба да ми доаѓаат и да ме тормозат со безброј прашања поврзани со се и сешто.До толку ли не сеќаваат дека едвај им одговарам? :^)
    Не сте свесни колкава потреба имам да останувам сама.Ете ќе се случи во 1 месец неколку саати сум и верувајте за мене тоа е рај, буквално рај.Имаме иначе стан кој го издаваааме под кирија наместо да се растеретиме малку.Па сеа и мама овие денови е дома малку, и секој ден пред да идам на училиште ме малтретира со нешто.Де седни учи, де вака прави, смрт. :x
    Иначе иаме разговарано со неа во врска со приватноста, и наместо да ме разбери и да ме сфати што сакам да и кажам таа дополнително ме нервира, демек ние ќе се иселиме ти живеј си сама, кого ќе прашуваме ако не тебе итн итн.
    Е сеа, кажете ми совет како да им дадам барем малку до знаење да ми се тргнат од глава, периодов ми е лош, а последно на памет ми доаѓа да се искарам со некој од нив.
     
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.499
    Пол:
    Женски
    има разлика од родители до родители , баш ми е жал што имам родители кои живеат во 10 век , штета што не сме се родиле во друга држава каде после 18 години си заминуваш од домот и ди го живееш животот како што сакаш , али
    си имаат услови за таков начин на живот во странство !