Несоодветно постапување во породилиште

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mazegin, 27 јули 2022.

  1. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    988
    Најпрво, со оваа тема НЕ сакам да ги исплашам идните мајки и трудници, и затоа можеби е подобро и да НЕ го читаат ова!

    Темата е со цел да се споделат мислења на родилки, кои што доживеале непријатна случка/искуство за време на пораѓај.
    Така што ние како жени, и идни мајки би биле по претпазливи во изборот на клиника за породување.

    Овие денови на соц.мрежи врие од српски видеа #стоп за акушерскосто насилство (на српски) каде што родилки коментираат какви несакани "третмани" добиле.
    Имаат профили на тикток, како и група на фејсбук со над 4.500 следачи.
    • Родилка изјави дека после царски рез молела за лекови против болка, а сестрата одговорила "епа сакаше да бидеш царица, сега трпи си"
    • Друг случај, каде што докторот пресилно ја притискал родилката под гради за да излезе бебето, кога се пожалила дека се гуши тој и рекол "дај боже да се угушиш"
    • Трета изјава беше на друга родилка, каде што практиканти ја шиеле катастрофално а потоа морало да ја прешие доктор, на што докторот де жалел "кога веќе ќе имал нормална жена за шиење"
    Ова се дел од изјавите на родилките.. некои беа и многу грозни и непријатни за читање.

    Се пишуваше и за видеото во Бразил, каде што анестезиолог ја силувал родилката за време на царски рез.

    Кај нас сличен беше случајот со родилката каде што и беа извадени половина органи при царски рез, правда и ден денес нема, да не го заборавиме и случајот на Дона!
     
    На DarkStormm, MilaSs12 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.371
    Најубаво да не постои темава.
     
    На Mama993, Dreamer, Dust и 18 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Го читав ова, ги читав и коментарите и се згрозив. Вистина е, и е толку нечовечко,нехумано.
    Страв ме фати дури и за себе лично што немам родено.

    Исто така имаше и за оние кои имале спонтан абортус,ги оставале во веце сами да го родат мртвиот плод,да ги трпат пресилните болки.
    Дур го пишам ова желудникот ми се превртува…
     
    На sj *O*, _beautyy_, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Темата воопшто не треба да стои во ова катче!
     
    На Oneo, -црноока-, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Имам лошо искуство од ГАК лани кога отидов за несакан абортус, но не од медицински персонал туку од хигиеничарка.
    Истата "жена" кога отидов после еден месец на клиника и ме виде во медицинска униформа остана со отворена уста.
    За медицински персонал можам да кажам само пофалби.
    Сметам дека лошите искуства треба да се пријават на соодветни места пишување по форуми создава само непотребен стрес за тие што ги чека породување.
     
    На marchi-cool, MilaSs12, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Темава и те како треба да постои!

    Треба веќе да се стави крај на нехуманите односи по болнициве. Толку сум згрозена, што веќе не треба ни да се молчи за ова.

    Инаку и јас имам другарка, која ја оставиле сама да роди мртво бебе, буквално сама, во рани утрински часови, без надзор и во огромни болки. Не ми текнува само во која болница...
     
    На marchi-cool, Angie1432, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Ај кога ќе ти текне пиши ја ама и докттор, и сестри и сите што биле приутни со име и презиме. Зашто да биде рекла казала и да се ставаат сите доктори и медицински персонал во ист кош.
     
    На GirlVolley, sj *O*, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Важи. Ќе ја прашам и за матични броеви, у случај да не има некои истоименици, па да напраам каша-попара тука.
     
    На Juicy, Oneo, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.865
    Да, со темава ќе се стави крај на не хуманиот однос, токму тоа беше камчето што фали во мозаикот.
    Има тема за лекарски грешки-зјае мртва и празна.
    Има теми и за Дона, и за родилката од Дебар. Тема за поддршка е во ред, ама без институционална разрешница, ништо.
    Со ваква тема во Бременост само непотребен стрес на трудниците се прави. @RainBow нека пресече
     
    На Victorian, Oneo, Осе и 12 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    најдобронамерно пишувам. Темава е осетлива не е за ширење само паники. Инаку и јас го имам слушано ова и гледано сите видеа ама дајте темава ставете ја во друго место.
     
    На Amelia, sj *O*, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Сметам дека на темава не и е место каде секојдневно читаат и пишуваат трудници. Не им е потребен дополнителен стрес.
    Подобро да се премести во посоодветно катче.
     
    На najjacha, Осе, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Темава треба да постои, но се сложувам, во друго катче.
    Инаку, со првото дете кога се пораѓав на ГАК бев сама оставена на бокс и имав страшни и болни напони. Во соседната соба си седеа лекари и сестри и си се смееја.
     
    На Amelia, MeowMeow, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Говеда.. И после зашто луѓе и кредити земаат за да одат во Ситина и во Ремедика. Па не сме стока бе.
     
    На DarkStormm, Tanjamm, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    988
    Се согласувам дека е пре осетливо, затоа и првата реченица ми беше упатена кон трудници сѐ со цел да не ги вознемирам.

    Многу се молчи за ова, а секоја пациентка заслужува човечки третман.

    Изјавите се за државните болници, не знам како е кај приватњаците.

    Не секој има средства да се лечи и да раѓа во приватна клиника.
     
    На DarkStormm, Amelia, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Ова со свои очи го имам видено. Се скарав со сестрата оти девојката рикаше од болка со саати а сестрата ја игнорираше.
     
    На Victorian, lovely91, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Темава сосема непотребна и од никаква корист, имиња никој нема да открие само ќе се читаат лоши сценарија од рекла казала муабети од типот на братучетка ми, сестра и, на комшивката, ко да малце е стресен периодот на бременост па и уште вакви безвезни теми
     
    На lovely91, -црноока-, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Треба да постои темава.
    Баш на форум како Фемина, треба да има тема за несоодветни услови/услуга/кадар при пораѓај.

    ... само не во ова катче.
     
    На Victorian, Осе, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    За што да постои? Да раскажуваат приказни од типот сама во сала х личност се пораѓаше со мртво бебе ? Се претерало малце повеќе со морничавиве фантазии.
     
    На elimkd и eli25 им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зошто да не постои темава?
    Лошите искуствата на некои жени се исто така релевантни и имаат право да зборуваат за тоа исто колку што имаат право и оние со убави искуства.
    Ај да не бидеме себични добро?
    Во сите теми истиов муабет, се вознемирувале трудниците, да не може никој да си ја сподели болката.
    Јасен е насловот на темава, која се вознемирува нека не чита. Сосила не е натеран никој да чита.

    Пишувајте до приказната и болница, ако не сакате име.
    Не дека не знаеме веќе какви се условите во болниците, ама да се потврдат некои работи.
     
    На DarkStormm, VDT2906, Juicy и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Малку разбирање нема да е на одмет.
    За тебе е фантазија затоа што не ти се случило, за некои е реалност.
    Зошто сте толку сурови?
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.