1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неспуштен тестис (крипторхизам)

Дискусија во 'Бебе' започната од mamicka87, 6 август 2015.

  1. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    1.577
    Пол:
    Женски
    Izvini majka sto se mesam ama denes i nas ni kazaa verojatno bebe ima vodlesta kila a staro e 5 nedeli. Sega za sega ke sledime kontrola po 3 meseci a po 9 ke vidime moze operacija. Vidov deka spomna kila moze li malku poveke da mi pises: ne moze sama da iscezne, koga se operiravte dali imase bolki deteto dali postojat nekakvi masazi??
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Моето е оперирано на двете страни. Се роди со тестисите горе, неспуштени. До 18м го чекаа и само едниот се спушти и шеташе горе доле, а другиот ич не се спушти. На 18м го оперираа тој. После на 7г тој што шеташе без да приметиме, се качил во препонот. Мораше операција и за тој. Оперирани му се значи и двете страни, на двете страни испадна дека поради кила биле качени горе. Тоа се установи на самата операција.

    Инаку јас од Детска Клиника Хирургија сум задоволна. Двата пати таму е опериран. Имаме и за приватно да одевме, ама има добри доктори и на Клиника. Ден се лежи, тоа е рутинска операција. На 18м јас уплав имав по операцијата, тој рипаше скокаше уште првиот ден. Е поголем на 7г, малку беше потешко, поголеми резови.. башка е крупен, висок, со меше. Ама не е страшно, брзо се опоравуваат. Од таа на 18м нема никаков белег на стомак, скроз избледен, а од 7г (9г е сега), мн малку се познава рецката.

    Инаку има случаи каде оперирани, пак се качиле горе (знам за таков случај за детенце во Систина оперирано). Кај мојов е се океј, двата се доле. Од едниот 8г поминати, од другиот 2г.
     
    На Mother of 2boys и lackygirl им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Да споделам и тука.
    Помина операцијата понеделникот, исто и кај синко испадна дека кила има и дека тие го повлекле тестисот бидејќи му беше спуштен ко беше бебе. Средени се и килата и тестисот со една операција. Мајка ми беше со него, задоволни од детска хирургија, јас искрено повеќе имам верба за вакви рутински операции од државно бидејќи секој ден прават по неколку операции. Синко помина супер, многу храброст покажа, не изненади сите :D одма истиот ден после ручек беше на нозе, нема болки, како ништо да не било, 5 год и 3 месеци е. Денес си дојде дома. Др недела контрола и за кончињата вадење. Сите кои имате мака ве охрабрувам што побрзо да одите и да средите проблем.
     
    На Mother of 2boys, Sofi.ja, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Од кои доктори имате позитивно искуство на Детска хирургија?

    Килата не се гледа преку ехо?
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Првиот доктор е во пензија. А вториот пат, по препорака бевме кај Тони Ристески. Задоволна бев од докторот, стручен и посветен :)

    Инаку кај мојов не се гледаше килата. И на двете страни и тоа кила испадна. Не е тоа голема кила, ама па доволно проблем си прави и ги повлекува нагоре тестисите. Во највеќе случаи од кила е крипторхизамот...

    @lackygirl брзо опоравување :) Мада тие мака немаат за брзо, ние што се тресеме само :D
     
    На lackygirl и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Ако добро се информирав,нема врска односно последици за плодноста така?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    7.662
    Пол:
    Женски
    Од килата мислиш да има последици?
    Маж ми е опериран на едната страна уште пред да се запознаеме од препонско кило, а како дете исто имал проблем со тестисот на таа страна ама си го спуштал сам кога и да му се подигнел. Сега му се појави препонско кило и на другата страна ама не се има одлучено да оди да го оперира. Кога се решава проблемот на време нема да има никаква мака со плодноста. Дали е во прашање кила препонска или неспуштен тестис.
    Ете може и кај нашиве ќе испаднат кила во прашање со не даваат да се спуштат тестисите. Ама дур има решение не се секирај ;)
     
    На Sofi.ja и mariz им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Затоа и така рано се прават операциите. Не е убаво да стои тестисот во препонот на таа топлина долго, нема да се развива како што треба. Друга е топлината доле во кесичката. Еве на мојов тој тестис на 7г што се качил, поима немаме кога се качил и колку време бил таму. Но на ехо се гледа колку си е развиен, треба да се тука некаде и двете топчиња во големината. Добро беше кај него се..
     
    На lackygirl, Sofi.ja и Ceneva им се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Мајки јас вака ко изгубен германец, може да се повлече нагоре пак само од себе? На Бебе не му беше едниот спуштен па на контрола на 1месец докторот баш се израдува дека е доле вика ретко се случува толку брзо да се симне обично чекаме до 1 год. Е сега ме фати страв дали може да се качи пак горе ? Од тогаш сменивме педијатар и не го проверува доле а мене ми личи како да е чудно (жена де немаме искуство со таа област) можам јас да проверам дома или педијатар да барам?
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Може, еве прочитај ме мене...
    Двата не беа спуштени, едниот се спушти.. другиот не до 18м. Неспуштениот го оперираа на 18м. Кога на 7г приметивме дека го нема доле другиот (тој што не беше опериран), го оперираа и тој. Има шанса ако е шетачки да се повлече горе.
    Иначе тврди топчиња се, не можеш да утнеш. Особено маж ти не би утнал :D Две тврди топчиња треба да има во кесичката доле (лево и десно).
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Ќе го пуштам после во инспекција :rofl: фала мила :l:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Не се виде и кај синко. Не знаевме дека има, после операцијата му кажал др на мм. Плус и курето му рековме да му го отвори да види да не држи некаде кожиче, ок било, му го имам отварано ама тешко се отвара.
    Јетмир Зибери беше доктор. Мада кај кој и да одите нема да згрешите сите се професионалци. Единствено ме разочара Лазо Јовчевски бидејќи чекавме за термин година и пол, нема нема само, да кажеше бар да си бараме друг доктор. Иначе исто така предобар доктор е само тешко термин ќе најдите кај него.
    Децава се чудо, истиот ден на нозе беше и седеше без никаква болка. Еве го дома супер е се нема пожалено да го боли.
     
    На Ceneva, јolene, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Неможам едит на пост сега ми текна, ко се роди второво летото, ко не испишаа за дома појдов кај докторката и ја прашав, Докторке дали му се спуштени тестисите :D ми се пули и ми вика Да еве ги и ми ги покажа, а ти мајка што мака си имала, и кажав е па затоа ме праша, никој не ме прашал вика :D ама ми вика до година не се знае можи и да се кренат. И на бебево десното му е мобилно. Но претежно е долу, засега е ок се надевам нема да заглави :worried:
    И друго ко ми го донесоа бебето одма пелена отворив да го видам и отворот на курето дали е горе на врвот, бидејќи имам внуче со хипоспадија (средено му е со операција исто на Детска хирургија Ск кај Јовчевски) таа е потешка операција и се лежи 7,8 дена.
     
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Еве те барав да видам како сте :l:.
    Гушкајте се сега и до овде нека се стресови :hug:.
     
    На Mother of 2boys и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Оо вие сте баш мали :inlove:. Инаку да и кај нас беше водена кила ама само на едниот тестис, си се забележуваше и на око, кога ке погледнеш едното топче му беше малку поголемо од другото, што се потврди и на ехо. Кај нас ни беше кажано бидејќи се работи за водена кила најчесто можела да се повлече до 2 години и докторката не посоветува да почекаме да видиме во кој правец ке се одвива ситиуацијата меѓутоа не се повлече и го опериравме. Доколку кај една моја познаничката детево го имаше истиот проблем и му закажаа операција на 2 години и 2,3 месеци и кога оп болен, и му ја одложија. И зимен период период во комбинација со градинка се нешто де кашлање де нос растечен( а со такви симптоми не оперираат дете) додека отидоа на наредната контрла поминале неколку месеци и им кажеле дека си се повлекла килата.

    За операцијата кај нас малиот беше повеќе исплашен зошто го двојат од мене и кај го носат докторите сам, додека другото го поднесе како еден вистински мал херој. Мојот искрено не се жалеше ич на болки, првиот ден така лежеше, беше истоштен, со повраќање од анестезијата додека вториот трчаше, скокаше, го смирував цело време да биде мирен, да не падне. Ама секако во болницата му стават обезболување во инфузијата, а дома се дава сирупче против болка. Во главно не се секирајте мајка, за нив, докторове овие се по рутински операции, денес го оперираат, утре го пуштаат.
     
    На Sofi.ja, lackygirl и Besbes24 им се допаѓа ова.
  16. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од др. Весна Наунова, секои пофални зборови за жената. Ние размислувавме и за др. Ацо Димов од Ремедика ама искрено превише не разочара со неговиот однос така да за стручност, сигурно е стручен бидејќи има искуство ама за однос никаков.

    А за плодносто не знам во случај на кила, меѓутоа во случај на неспуштени тестиси има влијание бидејќи тестисите кога се наоѓале горе биле на повисока температура од температурата што е нормална за нив во кесите и тоа влијаело врз намалување на сперматозоидите.
     
    На Mother of 2boys и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  17. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Мајка значи се приметува вака со голо око. И кај нас е таа ситуација, едниот е опериран и прицврстен, сега за сега стои на место, не мрда (fingers), а другиот на топло де ке се покаже убаво надоле во кесата, а на ладно знае малку да се пособере. Докторите велат нормално е ама мене ми е страв немој да се крене горе, а ја да не приметам. А и да прашам вие после колку време почнавте со возење на точак? Нас ни кажаа до 6 месеци никако возење ама мене еве некако уште ми е страв да му дадам, а како се разубавува времето се повеќе и повеќе бара да вози
     
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Фала многу сваќе :hug: :sun:
    Нема болки ми моево досега, само го караме да не трча, да не се качува по кревети, по столици, се витка, буквално како да не е правен операција, не се допазува.
    Исто ме интересира за возење точак, тротинет... @mariz
    Малку му е како потечено долу спуштеното сиг е нормално? Пак ќе речам не се жали на болка воопшто.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Сигурно е нормално отокот,знам по мене (епизиотомија)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Нормално е.. кај мојов и белег остана на тестисот, а на стомакот па избледе (facepalm) Ваљда дека различна кожа е... Иначе нормално е дека доле на тестис има рез + дупче од дрен. Малку траума си доживеало местото.. но ќе си среди..

    За точак врска немам искрено, имам заборавено како беше (facepalm) Март беше опериран на 7г, а мислам тек таму крај Мај, Јуни да почна да вози...
     
    На Ivana-Iva.94 и lackygirl им се допаѓа ова.