1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неспуштен тестис (крипторхизам)

Дискусија во 'Бебе' започната од mamicka87, 6 август 2015.

  1. Aleksandra321

    Aleksandra321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Zdravo majkii, sakam da zakazam za pregled vo Sistina kaj doktor Risto Simeonov, ako znae nekoja majka kolko cini pregledot I dali ste zadovolni od doktorot no operacijata planirame da ja pravime na drzavna klinika, znam deka e dobar doktorot pa zatoa sakam vo Sistina I da ne cekame po ova zeskoto. Inaku sme 19 meseci.
     
  2. Aleksandra321

    Aleksandra321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Zdravo majki, da mi predlozite hirurg vo detska klinika Skopje za nespusten testis, treba da mu pravime operacija na moeto dete.Prasavme na privatno mnogo skapo. Kako pominavte so operacijata, tie majki sto pominale so nivnite decinja?
     
  3. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Прочитај погоре има многу коментари и искуства од мајки. Ќе ти биде од помош за се што те интересира
     
    На lackygirl и Aleksandra321 им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Моето детенце е оперирано и на двете страни. Првата на 18м (тој др не е веќе на клиника, во пензија), а вториот пат кај Тони Ристески. Докторот е супер. Посветен, стручен, одлично поминавме..
    Он и Лазо Јовчевски, се супер. И Лазо тогаш ми го кажаа, но ние се одлучивме за другиов. Јас сум задоволна од Детска Хирургија. Од сестри, до се. Искрено имавме и за Систина, ама посигурно ми беше на Детска Хирургија.. него таму. Особено што слушнав дека опериран тестис на детенце таму, пак за кратко се кренал и пак требало операција. Кај моево е супер се. Пребарај мои мислења, читај како што сме поминувале... :)
     
    На Aleksandra321, lackygirl и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Да не се повторуваме прочитај неколку страни наназад се е напишано.
    Задоволи од детска хирургија, и мене ми беше посигурно на државно бидејќи имаат повеќе искуство, секој ден прават вакви операции, моето беше првично закажано кај Лазо Јовчевски ама не го дочекавме, презафатен е, година и пол кај него чекавме термин, опп ја направи Др Јетмир Зибери, пак ќе речам, прочитај поназад. Со лесно
     
    На Aleksandra321, Fenix05 и mariz им се допаѓа ова.
  6. FedoraFedora

    FedoraFedora Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Iskustvo so doktor Marko Nikoloski od gradska bolnica, mnogo go falea
     
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    7.662
    Пол:
    Женски
    @lackygirl едно прашање. Оперирано твоето дете од еднаш на двете страни.
    Ние денес бевме на контрола, тестисите се во абдомен. Операција на две години дефинитивно. Но прво на лева страна, па на десна. Така овде во србија практикувале.
     
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Не душо, кај моето не беше така, се роди со спуштени тестиси, се беше во ред, ама едниот после 2 год се повлече горе, ми велеа дека подебело било од масно тивко демек се повлекол, ама испадна дека имал и кила, од килата се повлекол тестисот. Килата ги виделе со операцијата и така 2те работи ги средија со 1 операција и кила и тестис спуштија, додека па левиот му е долу ама е мобилен, се крева и се спушта, но повеќе е долу, нон стоп му ги проверувам :) за него не требало операција, така ни кажаа, во ред било така, кога ќе биде во пубертет ќе прекинело демек да се крева.

    Иначе ако е родено со неспуштени тестиси, како кај вас, исто и Мк прават операција, прво еден па другиот, размер 6 месеци.
     
    На mariz, Ceneva и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Да улетам, на моето на 1 месец му се спушти и второто (мобилно испадна на крај дека е) и еве го 7++ шета горе доле и е помалецко од другото, јас немам душа во мене само проверувам рекоа до 1 год ќе чекаме и операција, да ме треба 2год гледам зборите не сакам да брзаме и на крај џабе траумата пак да се качи..
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Најдобро знаат докторите како ќе кажат така, ама ако е мобилно нз мислам треба да се почека. Или побарајте 2ро мислење.
     
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    7.662
    Пол:
    Женски
    Aaa ок. Фала ти мила. Да инаку кај нас е од раѓање така и никогаш не се биле спуштени.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    И моето синче се роди со неспуштени и двата ама едниот се спушти и шеташе горе доле горе доле до 7год. На 7г се заглави горе и тој, па и тој го оперираа... а тој што не беше ич спуштен го чекаа до 18м, па на 18м го оперираа.
     
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    7.662
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа на две год. Прво беше 18 месеци ама денес на две години ни рече. Го виде слабичок, демек да ојача за полесно да ја поднеси анестезијата. Како ќе кажат така. Само се растажив што ќе мора две операции, душа мајкина. Инаку мора да ги наместат кај што им е место за тоа нема збор.
     
    На Fenix05 и mariz им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Подобро така помало, подобро поминуваат помали. Мојот по операцијата на 18м рипаше скокаше, мене страв ми беше.. :sweat: а по втората на 7г, малку потешко дека поголем... Ама децата похрабри и подобро поминуваат се :l:
     
    На Ceneva, lackygirl, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Внуче мое родено со хипоспадија (каналчето за мочање малку подолу, не на средина, туку од страна на главчето на курето) имаше 2 операции за хипоспадијата, плус една имаше на 2 год за кила. Досега се 3 операции, 5 и пол год е, сега му останува уште една операција за кожичката да ја отстранат, заради хипоспадијата, значи 4та ќе биди...
    Прематурче е родено 1770г, со кила од бебе, кои 1 му се вклештија ама мораа да чекаат да направи бар 10кг. После 2 год беше мислам првата операција за кила. Сите досега супер ги поднесе. Исто и моево, одма рипаат, трчаат...
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aleksandra321

    Aleksandra321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Здраво мајки, закажавже за операција во четврток за неспуштен тестис. Доктор ми рече дека ќе биде во 16 часот и во 20 часот истата ден ќе не пушта дома, се имало таму не требало ништо да се носи. Во Аџибадем Систина закажавме. Истата ден да не пуште во приватно така ли е не сум знаеле јас па ќе се спремав за детето. Кај Ристо Симеонов докторот.
     
  17. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Би требало барем 24 часа по операцијата да бидете во болница, барем така е во државна. Како дете ќе се свести за толку кратко време од анестезијата да го качиш во кола да се вози?
    Ако има некоја мајка искуство во приватна како е , нека пиши
     
  18. ivon.93

    ivon.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki, na sin mi mu pravevme operacija na nespushten testis vo Sistina kaj Risto Simeonov. Sakam da prasham dali posle operacija, dole na testisot ima konec so pamuk ? Na kontrola sme za edna nedela pa zatoa me interesira, shto do togash. Dali treba da mu go izvadam pamukcheto
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Да имаше така, мене ми рекоја (на државна) да не фаќам ништо, ако падни само ок ако не да не го тргам јас, само падна по некој ден, мислам дека дренче е тоа, дренажа ама не сум сигурна.