Која возраст е детето? Интервенцијата секако мора да се изврши, и тоа е факт, а избор на родителот е времето. За детето е подобро помало да е, пред се за него се помали трауми, подоцна ем поголемо па и повеќе разбира потешко е за сите. Од било кој аспект да гледате, дали социјален, дали здравствен, подобро е порано. Како родители немојте да бидете себични, детето, сега е здраво, нема болки, нема да има ниту понатаму, но се работи за неговата иднина, формирање на семесјтво (па во мал процент ако остане горе, има можност и за малигна трансформација -во доцен период пример до 20 години, доколку не се корегира навремено). Често пати на родителот му е жал да го стави детето "под нож" бидејќи е мало, па ја одложува интервенцијата, но сепак пак ќе кажам, колку порано-толку подобро
Мојот бивш дечко се опереираше од неспуштен тестис на 23 години, кога бил мал мн плачел и на неговите им било жал да го пуштат под нож .. многу беше ризична операцијата и ако не се интервенираше на време голема беше веројатноста да добие тумур, и мислам дека не му е во функција тој тестис (на него му кажаа дека до 2 години морал да се изврши тој зафат)... Мој братучед го правеше на година и пол, не е ништо страшно, утре дента го пуштија дома, детето одма си играше со колички, без никакви трауми..
Е оно па е многу мало,има шанса за него (да не ме сфатиш погрешно, верувам ехо имате направено и докторите ви кажале каде се тестисите, во кој дел од ингвинален канал или се сеуште во абдоменална празнина). Мое мислење, за овој случак почекајте го до годинка некаде барем +/- 2 месеци и направете ја интервенцијата. Нека 'пркне' сега малку ви посакувам се најдобро и успешен крај на оваа не толку страшна приказна
упдејт за мојата ситуација - синко е 18,5 месеци и има еден неспуштен тестис...бевме повторно на ехо и сега тестисот е некаде на средина како што разбрав-- потребна е интервенција рече докторот и тоа сега есенва додека е ладничко...рече нема потреба од грижи дека е тоа една рутинска операција и дека сме навреме дојдени..мајчино срце не ми воопшто сеедно сепак е операција..наше е да се одлучиме кога... од друга страна пак од мои блиски роднини и пријатели (ова од нивно искуство) имам како совет демек почекај ќе се спуштат сами покасно.. иако ме допираат овие муабети сепак мислам дека докторот знае најдобро...
Неврзано за дијагнозата.. Керка ми е оперирана од кила на 2 години.Исто бев мн испаничена,уплакана со денови иако ми велеа дека е рутинско. Во 8 не примиа на одд а веке во 5 напладне беше дома и јадеше и гледаше цртани Ни болки ни Т не качи ни повраќаше од анестезија(сето ова е можно по операција).Исто како да не ни беше во болница.И требаше околу час и пол дур се освести саглам и дојде при себе после се си течеше во нормала. Зборот ми е ако треба операција што порано тоа подобро.Едино може проблем да ти биде тоа што нокта пред операција ке ти речат да не јаде ништо а тоа дете е како за инат баш тогаш ке бара
zdravo nie bevme deneska na drzavna i ni zakazaa hirurski zafat za na 22 kazete iskustva so operaciite, kolku vreme trae, kolku dena bevte vo bollnica, na kolku meseci go operiravte koj doktori i se vo vrska so operaciite pisete se so znajte ve molam mnogu sum zagrizena
уште еден упдејт за нашата ситуација @mamicka87 @mariz - мајки знам дека чекате бевме на операција пред неколку дена и да Ви кажам право јас колку се плашев - помина за миг и се во најдобар ред... во болница не задржаа 1 ден..ноќта пред операција син ми си легна во 22,30 ..немав проблем со нејадење и непиење..утредента отидовме во болница, го облековме во нивни пиџами, му дадоа сирупче и го симнаа доле во сала...мене не ми дадоа да се симнам , право да Ви кажам поарно да не доживувам таков стрес...не било дозволено и не ни инсистирав...му ставиле анастезија , ми се јавија дека е се во најдобар ред и дека е веќе во сала...операцијата кратка некои си 45мин...во шок соба исто не дозволуваат мајки...само сестрата ми јави по тел дека син ми е супер и дека се поминало во најдобар ред! за некое време кога се свестил го донесоа во соба...прими една инфузија..поспа малку...му дадов парацетамолче за болка и толку...вечерта спиевме..утредента после визитата не пуштија дома . син ми стана на нозе и трчаше по ходникот таму...еве од тогаш не е застанат! јава коњчиња, трча скока..се си е како што беше и претходно...немаше повраќања од анастезијата, немаше т, немаше оток доле... за една недела бевме на контрола , кончето само му падна е сега има и рез и на јај...то и во долниот дел на стомакот ама тоа е...верувам дека со растењето и нема да му се познава лузна... надолго нашироко мислам се Ви кажам...ако има некоја прашање слободно нека ме контактира на ЛП.. убав ден мајки и без грижи посакувам на сите ова што ги чека да поминат лесно како нас!
Нас не ни е уште спуштено, во понеделник сме на контрола, мене чудно ми изгледа и другово и тоа како да е горе доле, а левото воопшто не се спуштило никогаш... колкави сте вие? Браво за дечкото храбар!!
мајче ние сме големи 21месец..и кај нас левото беше неспуштено од раѓање//само пратевме ситуција, операцијата е препорачливо да се направи до навршени 2 години...и ние таман на време... следете и ако навистина треба не се плашете, додека се помали помали се и траумите.и оправувањето е додека да трепнеш!
Бебуш е малечок и он со двата неспуштени се роди, буквално рамно му беше местото под курето, само кожичка, е сега спуштен е едниот ама пак како да се качува тој горе, зашто имам пријателки со машки бебиња и нивните тестиси се гледа се се добро спуштени, а кај левиот е рамна кожичката нема ништо некаде горе е, е сега и на нас ни викаат до 2 год да чекаме и чим имам искуство од тебе не се плашам сега толку многу
Pretpostavuvam nespusteni testisi e isto sto i mobilni.I na moevo mu se. Nasiot pedijatar ni dade upat za na Klinika pa ke vidime sto ke ni kazat tamu.Sekako ke sledime i sto treba ke se napravi ako nabzo ne se spustat.Inaku ima 11 mes.
Ispadna i dvata ne se spusteni skroz... Edniot e gore vo nekoj sreden kanal, drugiot e spusten skoro do dole, izgleda toj e mobilen seta gore dole, zasto jas go imam primeteno deka bil spusten. Sega pri eho se kaci nagore... Inace bevme kaj Lazar Todorovic na kontrola, epten fin doktor, pa ne prati na Radiologija na eho, pa so ehoto kaj nego pak. Za 3m pak na kontrola da gi sledime, malecok e za bilo sto, pa da se nadevame i sami da si se spustat Ako ne, ne e nisto strasno kako i da e, mala intervencija e, a ne smee pred 2 god da se operira, bidejki moze da go spustat so operacija, a deka e mal pak da si se kacat..
I kaj sinceto moe leviot ne e spusten, pedijatatot veli deka e vednas nad kesata, se gleda i so oko i veli ima sansi samo da mu se spusti. Seuste ni nema dadeno upat za eho, sega na 3ti pravime tocno dva meseci. Preporacajte mi nekoj dobar doktor da znam da baram upat za kaj nego.
рано Ви е за ехо, мајче! а чим се гледа со голо око значи големи се шансите само да се спушти!уживај и ќе следите
Pak sme na klinika vo ponedelnik... Eve 10m i testisite ne se spusteni, edniot cat pat e dole, no cesto se kesite prazni. Drugiot nema znaci ic od nego, nekade gore si e. Pedijatarot mi dade upat za na klinika pa da vidime kade e testisot... Ima nekoi majki sto pokasno se spustil testisot?
И ние сме скоро во истава ситуација,едниот тестис не е спуштен.Така изгледа од раѓање беше,иако се надевавме и сеуште се надеваме,тестисот не е спуштен. Ние имаме 11 месеци,и скоро е готов да прооди малиот,па чекам да видам дали ќе му се спушти по проодувањето..
Cim sme tuka nekade, da si se sledime. Kazuvaj od vreme na vreme kako e rabotata, sto vi kazale. Jas kje ti pisam sto kje napravime nie na detska hirurgija vo pon
Ние сега кога бевме на педијатар ни кажа дека е готов, речиси целиот се спуштил, дај боже да си се спушти скроз. Инаку сме 4 ипол месеци.