Се мислам како ке помини 8 часа без течности дека навикнат е на цице да заспива. Оффф колкава паника ме фаќа
Ако ве задржат и нареден ден да го оперираат, ќе го заспиеш накај 11 со цицање и таман сабајле ке го земат за операција, некаде после 9ч ги зимаат, пред 9 им даваат сируп еден што ги зашеметува.. па на 7мо небо се, се им е рамно.. ке биде опуштен и насмеан
Nie imame 23 meseci, minatata nedela na redovna kontrola kaj pedijaterot ne uspea da mu gi najde testisite na sin mi. Ova se slucuva prv pat, znaci do sega nemalo problem na nitu edna kontrola. Dok.me sovetuvase da napravime kontrola po 2 meseca da vidi demek da ne e od sto bese ladno pa sinko se stegase ako ne ke pravime eho. Moze li pokasno da se krenat testisite ili da se zaglavat vo nekoj kanal?
Избањај го со топла вода, види баш би требало да се спуштат. На мојов едниот му е мобилен си се качува и спушта, другиот со операција спуштен... овој што е мобилен пак чат пат го има, чат пат го нема...
Леле како ќе издржи мојов без течности, ноќе се буди на секој час и бара нешто да пие, ако не му дадам плаче и се расонува. Ние околу нова година сме на контрола и по се изгледа и синко ќе го прават операција.
Мојов среќа ноќта не побара, сабајлето го занимавав со се и сешто зашто ми бараше млеко и вода сирупот за зашеметување кога му го дадоа веќе се му беше рамно и не побара пак се додека не го земаа за операција... а детенцето со нас во соба се утепа од плачење цеееела ноќ, па дури и ноќта му даваа сируп за опуштање и смирување...
I so mojov izgleda ke bide taka cela vecer e na grada sekoj cas se budi ke zemam so mene igracki ke simnam nesto na tel da gleda cela vecer drugo care nema
@mariz би те замолила доколку можеш да ми објасниш детално за операцијата, кои испитувања ќе бидат потребни да се направат, веројатно и докторот ќе ми каже ама несакам да биде изоставено нити едно испитување, што треба да знам за да сме спремни. Нас ни закажаа за 6.2 кај др. Марјан Камилоски, дали некој знае каков доктор е. Главата ми е хаос многу нешта сакав да прашам ама заборавив. Многу ми е страв не од операцијата толку колку од анестезијата и како синко ќе издржи без течносто кога ноќе се буди постојано.
Имам тука опишано како беше се... побарај низ страниве, мене не ми кажаа за алерготестови на анестетици, па сама побарав и му правеа. Инаку ке го заспиеш со цицање, ако цица... од 12 вечер не треба веќе ништо да внесува, а до тогаш може течности. Најмалите ги зимаат први, мојов прв беше во 9,9ипол. А некаде 8ипол му дадоа сируп еден и го зашемети, не бараше ништо за јадење и пиење, само чудно се однесуваше и се му беше рамно. Дали ке ве задржат навечер, па сабајле операција? Нас така ни направија, две ноќи лежевме.. Дали примате вакцини? Ако примате би те замолила да прашаш колку време после операција не смее да прима вакцини, знам од 3-6м зависно од анестезија каква примил, ама не ми кажа никој ништо, еве кај нас 3м поминаа, ама да не треба уште 3м да чекаме..
@mariz ти благодарам што ми одговори. Не ни кажаа кога ќе не задржат се договоривме со др да се слушнеме на 16.1 и да се договориме. А кога се прават тие испитувања, алерготестови и др. ден пред операција или порано? Не цица малиот ама се буди често навечер па ќе се обидеме некако да презаспие ако можеме. Вакцини ги примивме сите освен ммр, ќе прашам и за тоа. Колку траеше операцијата кај вас и дали имаш слушнато за др што ќе го оперира синко?
Крвна слика, алерготестови правевме ден пред операција. Го прегледува анестезиолог, доктор и кажува дали е океј за оперирање. Инаку синко во 9ипол го земаа, ми рекоа 40мин трае макс се, но во 11ипол дури ме викнаа да се симнам на интензивна, уште спиеше он, стана плачеше и викаше дека го боли, но од анестезијата за брзо пак заспа, беше и нервозен ради анестезијата, цел ден беше успан. Но уште тој ден застана на нозе и одеше (и какаше на нокшир). Инаку не сум слушнала за тој доктор, мојов Перо Петровски го оперираше, стар доктор еден..
Маж ми правеше во Ремедика операција на завртен тестис (рез на тестис само) и беше 36 илјади (значи тука некаде е цената). А за крипторхизам има рез на тестис, рез на стомак или препон зависи каде е тестисот. Зашто приватно за таа работа? Рутинска операција за еден ден сте дома, на детска клиника секојдневно се извршува таа операција, повеќе искуство и знаење имаат таму докторите. Ние на државна правевме за малото, иако можеме да си дозволиме приватно по совет од матичен педијатар.. барај каде има подобри доктори во секој случај
Син ми ќе го прават сега во вторник, а во понеделник ќе не остават во болница. Незнам колку е изводливо да ги направат тестовите во понеделник да не мора да преноќиваме и во вторник да го однесеме за операцијата. Требаше на 6.2 да биде ама ни презакажаа порано, ниту знам што да му спремам алиштенца и други ствари што ќе ми биде потребно. Уф само нека помине се во ред.
Носи си од секое парче облека по 3, поширока и лесно што се соблекува, ради канилата на рачето... јас го пратив на операција со тесно боди и после едвај му го соблеков од инфузијата, а го намокри, го измочка. Инаку ние ги направивме тестовите, си отиовме дома си се бањавме, ручавме, си се средивме и во 20ч ми рекоа слободно дојди за прием, не примија малку занимации и одма на спиење Поубаво да преноќите, спремен од рано сабајле ке биде, најмалите први ги зимаат.. мојов беше прв на операција. Жити се ке те потсетам и во вторник да прашаш за анестезијата каква е, колку време не смее да прима вакцини...
@mariz а памперс, бањарка такви некои работи дали да носам? Ќе прашам за вакцинација после колку време, а како мислиш каква е анестезијата не разбрав.
Јас пешкирче носев, но не ми требаше.. зашто во вц едвај јас влегов, а не него да го внесев... Памперс, влажни треба се. Иначе имало различни анестезии, дали е таква што три месеци не смее вакцина да прима или е таква 6м што не смее да прима... Инаку фатете го денот утре убаво, ние во 9ч отидовме, во 3ч завршивме со се :/ Те шетаат оди ваму, оди таму, а секаде чекаш доста време ред...
@joy1 и @mariz ви благодарам. Ние денес направивме испитувања крвна слика е во ред и црп, побарав и алерготестови и тие ми рекоа дека нема потреба, штом досега не покажал алергија на нешто немало потреба. Не пуштија дома да си преспиеме и утре во 7 часот да бидеме таму. Додека патувавме накај Скопје синко преспа во колата и кога се разбуди му дадов сокче и поврати, на враќањето исто, поспа во колата, стана му дадов сокче и пак го поврати. Дали му е лошо од возењето незнам инаку си е весел си игра си трчка по дома, ме наплаши малку утре и на докторот ќе му спомнам, белким не е страшно.