Државно не сум сигурна, но побарај погоре имам пишувано, преку фонд не е скапо. А приватно сигурно е околу 30тина илјади. Побарав низ коментари сама, 1700ден државно плативме. А за операцијата имам опишано нагоре, моето правеше пред 4ипол год. Нема никаков белег сега на 6г, како никогаш ништо да не му е правено.
Здраво мајки моето синчекој има 2 годинки и ние се соочивме со ваков проблем. На 6 септември во детска клиника Мајка Тереза требаше да му прават интервенција на неспуштен тестис но испадна дека грлото му е црвено ме испратија кај матичниот лекар каде што е потврдено дека нема никаков проблем и дека детето е супер и зошто не го оперирале. Дали може да ми кажете мислење за болниците 8 Септември и Систина секако и цената од прилика која е.
Majki bebenceto mi e 3 meseci i vaka koga go presoblakam testisite mu se ok, a obicno koga go banjam desniot mu e pogore od leviot. I kazav na pedijatarot mi rece vo red e, ne sum ni sigurna dali ubavo go vide, sega na naredno idenje ke i spomnam pak. Kade da go odnesam na pregled?
Мајка за да бидеш мирна и сигурна дека се е во ред земи си упат од педијатарот на детенцето за детска хирургија да го види некој доктор од таму. И така гледав на емисија еден доктор од таму препорачуваше сите машки бебиња да се однесат на преглед на детска хирургија до една година, чисто превентивно да се види дали све е како што треба. Мое мислење е дека не се работи за неспуштен тестис бидејќи кај твоето бебенце како што прочитав си стои тестисот во кесата само е малку погоре додека во случај на неспуштен тестис кесата е празна и неможеш да го спустиш долу тестисот со рака.
E da, malce pokasno go izguglav terminot kriptorhizam, on si gi ima dvata testisa samo ednoto mu e pogore malce, bas na nareden pregled ke i pobaram upat cisto da go zirnat na hirurgija. Fala mnogu
Здраво, дали му го спуштија тестисот, каде и кој доктор? Моето е оперирано на 18м на лева страна од доктор кој сега е во пензија, а 90% ќе треба операција и на десната страна, му се качил и тој тестис (а таму има кила, најверојатно килата го повлекла). Скоро 7г е сега... На ехо сме вторник за да видиме точно каде е тестисот..
Поминавме уште една ваква операција пред неколку дена. Кила + неспуштен тестис. И двете страни значи оперирани му се, едната на 18м, едната сега на скоро 7 години. Супер поминавме, на детска хирургија. Така да за искуства тука сме..
Здраво мајки. Син ми на 1година и 5м се правеше операција за неспуштен тестис кај др.Ристо Симеонов во Систина. Уште тогаш јајцето му беше помало колку зрно грашок и еве уште малце син ми ќе прави 5 години а јајцето не е пораснато. Докторот ми рече уште тогаш дека нема да има проблем со плодност и ќе си функционира без проблем ама мене во последно не ми дават мир помислата. Секако во план сум да го носам повторно на контрола ама ме интересира дали имате вакво искуство.....
Мене ми го кажаа и него кога барав хирург како еден од подобрите. Но по препорака и за друг добар, бевме кај Тони Ристески. Посветен доста беше, веднаш по завршувањето на операцијата (синчето доле сеуште на интензивна успан), се качи да ми каже дека се супер поминало и да се разбуди дека ќе го донесат горе. Сега оваа година во март е опериран. А на 18м е исто опериран на другата страна, тогаш од доктор друг кој е сега во пензија...
Ве молам за искуства со др. Славица Литајковска од детска хирургија. Се уште немаме точна дијагноза па не препратија кај неа во понеделник. Најверојатно се работи или за кила на тестис или за хидроцела..
@mariz Читам дека последно вие сте правеле операција. Ние одиме во четврток на проверка, а петок е закажана операцијата. Е сега бидејќи не сме од ск, ме интересира денот на операцијата во колку часот отидовте во болница, и претходниот ден до колку часот смее да јади и пие. Не знам дали е подобро да преспие е болница или да се вратиме дома?
Здраво. Чим сте во четврток на проверка, биди спремна за задржување и тогаш. Дека не сте од Ск може и четв да ве задржат, петок сабајле рано да го оперираат. Иначе нормално си јадеше и пиеше претходниот ден, битно е сабајлето да е гладен. Ако не ве задржат, рано сабајле ќе треба да сте таму 7,7:30 ние бевме. Со подготовки со се, околу 8 почнуваат со првото дете. Со лесно
Од вечерта од кај 10-11 ќе престанеш да му даваш течност јадење од порано нели кога ќе вечера и толку.Ти пишав и пп пред 3 недели правевме,треба да е и жеден да не ти повраќа после
А дали има апартмани на детската клиника, дали ќе ми дозволат и бебе да земам со мене, дека само цица, не пие од шише?