Не нема шанси,детска хирургија е мн малечка,одвај има место во соби а камоли апартмани,не постојат и јас прашував.Кај мене јас неможев да лежам со него дека трудна немаше кревет за каде да прилегнам а имав крварење во бременоста и сум поише на пазење па мораше мајка ми да лежи.Две жени делеа еден кревет во случајов ама една ноќ е па се јаде некако битно детето да се среди и да е добро.Мажи неможе така да ти останува да пратиш некој друг ако неможеш ти
Зависи период... Во Март кога се оперираше синчето лежевме во соба со 6-8 кревети, огромна и сами бевме. Имаше дете ама тоа дента си отиде (интервенција на отварање на кожичка) и вечерта сами скроз. Една ноќ е само, не верувам да ти дозволат (но прашај), може да дозволат да ти го носат или да излегуваш... или да лежи детето со друг некој.. Првиот пат на 18м кога бевме, бевме во двокреветна соба сместени (2 големи кревети и 2 железни високи креветчиња) и бевме две мајки со две 18м дечиња. А апартмани тешко да има..
@mariz @Starchild Поминавме на редот. Имаше и кила и од тоа го оперирале. Супер поминавме, не беше свесен дека сме болница, мислеше дека е во игротека. Дека имаше многу дечиња и се беше шарено. И јас сум задоволна, чисто беше. Преспавме таму, утредента му дадоа сируп и го земаа. Замина насмеан. Е на враќање од сала болницата ја крена од врескање да му го извадат тоа од рачето, не му требало. Други деца што ги носеа од сала лежеа во кревет, само мојот седнат го донесоа. Стана многу агресивен, не можевме да го задржиме со уште две сестри. Се исправи на нозе и почна да мава. За еден час се смири и преспа три часа. Кога стана беше смирен. Се напи вода, сокче, потоа јадеше нешто. Битно не поврати и не дадоа антибиотик. Вечерта кога отидовме да мочка, многу го печеше. Ќе се онесвестеше од болка. Па почна на цел глас да вика по сестрите, бараше сируп да му дадат. Му дадоа парацетамол и се смири. Заспа во 12 ноќта и сабајле преврска и си заминавме. Дома се однесува како да не е опериран, рипа, скока, трча. Не може да седи мирен. Ни рекоа најмалку еден месец да седи дома, да заздрави убаво. Еве поминаа 10 дена, добар е. Само ме плаши како ќе го натерам да одиме следниот пат, за другата страна. Сега веќе знае дека тоа е болница и што му се случи таму
Супер, брзо и лесно да заздрави Обично и ради тоа се качува тестисот, кила го повлекува. Во двете операции кај моево ради кила беше... ја средија и килата. Мојов среќа на 18м дека беше првата, па заборавил и на 7г се ново како да му беше. Супер е клиника искрено. Ние можевме и приватно, ама ради стручност клиника ја одбрав. Некако ќе се убедувате, колкав е сега он?
Три и пол години, ама на се се сеќава. Денес игравме со него, и низ играта ми зборуваше се ми раскажа. Многу ми е жал што не бев до него кога се разбудил. Немаше да се истрауматизира толку многу. Мислам дека сирупот што му го дадоа не го замати многу, гледајќи ги децата што ги земаа пред него на операција. Кога дојде болничар да го земе, тој си правеше муабет со него, се му одговори. Дури и на излезот му велеше сакам кај мама. И може и јас згрешив што не му објаснив каде ќе одиме и што да очекува. Сега се гледа, се чепка на резот и не му е јасно што му е. Немам идеа што да му кажам. Само го молам да не скока. А тој ми вели не ме боли повеќе, може да скокам.
Здраво мајки во четврток одеме на клиника за операција, што ми е потребно да понесам со себе за синчето и мене? И колку време трае операцијата, Ве молам за одговор
Ние правевме во февруари и ќе ти пишам на што се сеќавам. Дента пред операција останавме во болница. Најмалку 6 часа треба да е жеден пред операција. Пред да го земат ќе му дадат едно сирупче за да се опушти и за половина час го носат во сала. За помалку од два часа го враќаат. Запомни само од кога ќе го донесат од операција минимум три часа не давај ништо за јадење и пиење инаку ќе почне да повраќа. Ние супер поминавме, ама детенцето до нас мајка му му даваше да пие и многу повраќаше. Секако ќе има болки, ама земи си парацетамол и пробиотик обавезно да му даваш. Ќе ти требаат за тебе тренерки, пижами и две три маици во случај да те исповрати. За него исто пижами и гаќички два три пара и маички. Тоалетна хартија, влажни марамчиња, вода, овошен јогурт, шмукалче, баке ролс од сол, позрела банана и бистар сок од јаболко. Тоа смее да јади по операцијата во мали количини. Нас во петок не оперираа, во сабота бевме дома. Само еден совет да ти дадам. Ако ти дозволат слегни долу и чекај го пред салата кога ќе се разбуди да бидеш веднаш до него. Други дечиња ги оперираа пред моето и ги донесоа легнати на креветот и уште беа заспани од анестезијата. Мојот батко беше седнат на креветот и ја разнесе болницата од врескање. После тоа три саати копаше не можевме да го смириме, стануваше на нозе. Уште ми е во мисла дали помала доза анестезија му ставиле. Бидејќи почна да ми зборува како имало еден нож кој паѓал и го сечел мешето. Дали си замислува нешто или се сеќава не можам да разберам. Уште ми се кине срцето кога ќе се сетам како седеше. Како ли успеал да се исправи. И јас сум оперирана па цел ден не можев од кревет да станам. Најважно за детето е ти да бидеш смирена, да не паничиш и нема солзи пред него. Земи му некоја омилена играчка и купи му нова што ќе му ја дадеш кога ќе се разбуди да игра. Ние лесно поминавме освен тоа. Нека ви е со лесно и без грижи, докторите имаат искуство.
Кај кој доктор сте? Ние чекаме термин кај Др Лазо Ј од ноември, пред 3 недели бевме, јас сум бремена 8ми месец, му викам дали има шанса сега да се направи дури не сум породена, ми вика немам термин, тек од септември натака, а запишан на жолтите ливчиња е од ноември. Др се нервирам дека ако е септември ќе треба мајка ми да оди да лежи јас нема да можам бебе од 1 месец да оставам дома плус 2 и пол сати имаме пат до Скопје. Др кај синко не е вродено, јас го заприметив летото на 3 и пол год дека не му е долу во кеса, ама не бев сигурна, дури отидовме по доктори зима фати и се завлечка работата. Баш и докторот го прашав зошто се крена горе, ми вика неможам да ти кажам точно можно е од масно ткиво повеќе па се стеснил каналот, за кила немаат кажано да има мислам нема бидејки 2 пати на ехо е гледан. На ехо е помало од другото но сепак си расти, сега бевме пак на ехо и си растат пропорционално засега, но тоа горе си е помало. Иначе е 4 и пол год.
Побарајте кај друг доктор додека не си породена. Детето е ранливи ќе плаче и ќе те бара, не е убаво да го оставиш со баба му. И ние исто бевме со бебе од два месеци на преглед, и почекаме бебе направи 8 месеци и тогаш го оперира ме. Јас не би оставила дете со баба. Бебето остана дома со татко му и баба му, а го доев само, не пиеше ни АД ни молзено, кога се вративме по два дена продолжив со доење. Сестрите таму ми рекоа дека можело бебе да ми го донесат на доење ако имало каде да спијат во ск. Прашај си за опциите. И кај нас беше тестис ама кога го земаа во сала видоа дека има и хернија и затоа се кревал тестисот. Ние бевме кај доктор Момир. Побарај од матичната упат за кај друг доктор и завршете работа побрзо или чекајте додека да почне бебе со цврста храна.
Лаки кај моево и двата пати не се виде дека е кила, а од кила беа повлечени нагоре. Едниот не беше ич спуштен од раѓање, а другиот на 7г се качи сам горе. Тек на операциите се установи дека е кила... Инаку вториов опериран, пак е високо отиден (па и скоро влезен горе, меѓу е)... се надевам не може да се качи пак скроз (дека имало и такви случаи).
Значи можно е и кила да повлекле, кај синко левото па му е мобилно ама повеќе е долу ретко се крева горе. Имам и јас слушано дека можно е и покрај операција да се крени пак и пак да треба операција се надевам нема да треба кај вас, да не си рает. @Mother of 2boys фала за совет, искрено и јас така сакам доколку може да чека операцијата пр до пролет да чекаме за да бидам јас со него таму, за летово се откажувам неможам да издржам ни пат до Скопје ни стрес од операцијата, ни па физички можам
@mariz I kaj nas operiraniot uste stoe pogore od drugiot. I nikogas mu nema padnato dolu po operacija. Taka stoe fiksiran na sredina. Na kontrola bevme po Edna nedela za konci, I Dr ni rece za Eden mesec da odime Pak na kontrola, ama jas se vrativ na rabota I ne najdovme vreme da otidime tatko mu veli deka ne ni trebase da go nosime na operacija.
Fala majka na iscrpniot odgovor. Da ste zivi i zdravi. Utre sme na ispituvanje, pretpostavuvam krvna slika ke mu pravat,drugo treba li?
Kaj dr Toni Risteski. Nie odevme prvo po endokrinologija se mislea za hormonsla terapija no ne go odnesovme na vreme,veke e 2 ipol god. od tamu ne pratija na detska hirurgija kade odma ni zakazaa operacija
Бевме денеска итно до Детска Хирургија (повреда на нога) и од искуството, да си чекаш најдобро. Тоа големи, мали, бебиња, се живо препраќаа на Ургентно дека доктори слабо имаше и луѓето се изнашетаа навака, натака (па и ние добри 4 саати). Со двајцата бев дека немаше кој да ја чува и малата, што не се изнагледаа...
Среќа со термин бевме пред 3 недели, пак почекавме, 20мин после термин влеговме, ама тоа внатре хаос беше, 50 души имаше, воздух немаше за дишење, па со колички дечиња со скршени нозе, раце, општ хаос... Јас надвор чекав неможев да дишам внатре. Со помин нека е ногата.
Брис од нос, грло, урина има ли врска со анестезијата и операцијата? Денес откако завршивме испаднаа резултати позитивни на сестра му незнам дали е пренесено и кај синчето од нејзе
Брис од нос, грло, урина има ли врска со анестезијата и операцијата? Денес откако завршивме испаднаа резултати позитивни на сестра му незнам дали е пренесено и кај синчето од нејзе
Како поминавте , пиши. Сигурно не му е ништо еве и ние сме во болница со батко ја прашував докторката за бебето дали е можно и тоа да има бактерија, ми рече дека не мора да значи и ако не му прави проблем, ако нема секрет не е страшно и нема потреба да се испитува.