Крвна слика рекоа во ред, црп му беше 6. За утре операција, за се друго како ќе поминеме ќе пишам утре. Денес само испитување
Стана ли веднаш да оди, откако се разбуди? Моево еве 4 часа како спие,му немам дадено ништо ни сок ни вода.
Извини не видов дека вчера си прашала, и ние сме во болница со температура. Спиеше 3-4 часа, потоа се разбуди и му давав да пие по малку, и кај 5-6 попладне стана да оди. Како сте вие, денес ќе ве пуштат?
Да, дома сме веќе. Истиот ден не сакаше да стане или спиеше или плачеше, вториот ден стана да оди. Сега сме дома има болки му давам ибупрофен, утре сме на контрола. Се надевам брзо ќе заздрави. Ви посакувам побрзо да оздравите и да си одите домче.
Здраво на сите, може ли да ми дадете совет што ми е потребно за прием на дете,2 години на детска хирургија, ќе има оперативен зафат, докторот лично ми се јави и не ми даде поконкретни информации,треба да носам пижами за мене за дете немам идеја што се е потребно па ако имате искуство ве молам споделете.
Моето дете е скоро 8 полни месеци. Тестисите се уште не му се спуштени. Правевме хормони и излезе дека има ниски полови хормони. Некоја искуство со ова?
Zdravo majki moeto dete ima 18 meseci nespusten testis imame. Bevme na pregled ni kazaa da dojdime za 3 do 4 meseci da videme kako ke bide a do 2 ipol godinki da napravime operacija ako e potrebno. Me interesira na privatno ako ste bile na operacija kolko ve cinelo celata operacija I ako imate nekoe iskustvo so mojot slucaj ako sakte da spodelete.
Цела тема е тоа. За жал тешко дека сам ќе се спушти. Ние на закажан термин откажавме бидејќи настина, сега утре сме за испитување и со анестезиолог, па да остани здрав в понеделник операцијата е, кај др Јетмир Зибери. Се молам само да е здрав да поминиме, неможам повеќе да го мислам. За бебе си замрзнав млеко, плус има 2 оброци ќе се снајдат тоа е. @Ceneva што направивте вие? Прашајт3 си доктори имам слушнато дека некои хормонски инекции ставале на помали бебиња, кај малово десното му е мобилно, се крева и се спушта, сега ко ќе одиме за операција за големиот ќе прашам да не треба нешто и за него.
Бевме на ендокринолог, му испитаа хормони и се е ок. Не е за терапија моето дете. Па потоа кај хирург и ќе мора операција. Многу шетат. Кај нас и двата не се спуштени. За пола година сме на контрола чисто да се види ситуација. Најрано на 18 месеци може да го оперираат. Инаку хирургот ми рече сами нема шанси да се спуштат. А во врска со хормонска терапија, постои ама ако има пореметување на хормоните. Требало педијатарот да ве прати на ендокринолог за тоа.
За жал многу чест проблем кај машките е, тоа е само се да е во ред. Ќе прашам и јас обавезно за бебево, претежно е долу ама се крева и горе, јас му го спуштам со рака, како што правеа докторите на големиот што гледав. Интересно е кај големиот докторот го фати и го спушти во кесе, ама штом пушти со раката одма се крена. Ваљда кај сите е вака.
До која возраст се очекува да се спуштат тестисите? Или нема одредено,ако од почеток не се спуштени само операција е спас?
Eve sto pisuva vo izvestajot, deneska bevme na eho. Doktoro mi rece koga ke go bajnam da vidum dali testisot se vraka vo kesickata kaza deka ako se vraka toa e dobro. Jas mu go napipah I so masaza probah no koga mozam da go najdam koga ne, isceznuva. Ke vidime za 3 4 meseci pak na kontrola.
@lackygirl @Sofi.ja @Sweet969 Кај синко никогаш не се имаат спуштено во врекичките. Беа пред влез на врекички во јануари, во февруари едниот се качил горе во абдомен. Инаку без операција многу ретко се спуштаат. Хирургот ми рече така мало нешто не може да се спушти само,затоа мора операција. А кога не се на место каде што треба да бидат а тоа е во врекичките тие не можат да се развиваат како што треба. Значи не можат да пораснат. И тоа е причината што мора оперативно тоа да се направи. За да ги сметат каде што треба да бидат и да се развиваат нормално. Колку порано операција толку подобро, помала траумата ќе биде. А и на време ќе си се реши проблемот. Најрано за операција може 18 месеци така ми кажа. Инаку масажите во вода ги правам од прв ден се е џабе, никогаш не успеав да му ги спуштам во врекички. Го немам видено синко со тестиси воопшто
Мк прават и ма 6 месеци операција, на една пријателка детето, едниот тестис на 6 месеци друг на година. Кај големиот се крена, се роди со спуштени тестиси, па беше мобилен и на крај остана горе. Си расти таму, на ехо го следевме ама не му е таму местото, нас од прв преглед ни кажаа дека мора операција. Тоа масажи само залажување е. За овај проблем само операција е решение, а исто имам примери каде што пак се кренал и после операција. @0ли тука сум во оваа тема, операција за спуштање на тестис ќе правиме.
Кај моето уште при првите контроли на педијатар забележав една линија покрај десниот тестис и на секој преглед и го спомнував на докторката. Се беше ок до 7миот месец кога рече ааа многу се горе спуштајте ги. Она успеа да ги спушти двата,десниот малку потешко, и ни покажа како (како измолзувње) да ги спуштаме и ние дома 2 пати неделно. Ма да јас мислам дека само сакаше да не утеши. Пробувам дома,левиот успевам да го избуткам надоле,десноиот не можам. Не напипувам топче доле. Плус тоа ми е страв и да не го боли што го притискам. Што да кажам, знам дека и нас тоа ќе не чека,да си барам упат за ехо на следниот преглед, давајте препорака за уролог во Скопје Вие Лаки во понеделник одите? Со лесно нека биде и брзо да закрепне која возраст е баткото?
Не му се стресирај, се ќе биде добро. Јас се помирив дека ќе мора операција и тоа е. Се сто читав е тоа дека веќе е толку честа и рутинска операција. Денес те оперираат утрето те пуштаат, мах три дена. Мене ме фаќа само страв од анестезијата ништо друго
Според ова што кажуваш изгледа операција ќе треба, не сум доктор ама штом не се во кесе долу тоа е за жал, одете побрзо на уролог, ние бевме во Прилеп тој не прати на детска хирургија. Колку порано толку подобро. Многу се завлечка кај нас, јас сама го видов негде ко имаше 3 год 3 и пол. Сега е 5г и 3 месеци и се ќе памти. Денес помина анестезиолог, одиме в понеделник само здрав да е да поминиме оти неможам поќе да го мислам. И мене ми е многу страв од анестезијата од друго не само да помини тоа. Иначе ќе мора запче да извади, анестезиологот му рекол ако има да се ниша запче да се извади, него му се ниша малку долу кец, прв заб што ќе менува.
Мајка во ремедика операцијата е 73000 денари плус престој од ден за родител што значи вкупно отприлика ќе ве фати околу 76000 денари додека на државно 1500 ден за престој на родител и нас ни наплатија 2700 за операција на кила и спуштање на тестис. Доколку се работи за мобилен тестис (тој што шета горе-долу), најчесто му даваат време да се спушти до отприлика 3-4 години на детето, меѓутоа ако се работи за неспуштен тестис, потребно е истиот оперативно да се спушти. Вас што ви кажаа, каков е тестисот во вашиот случај? Прочитав погоре за масажи дека помагале, јас како мајка што детево го носи уште од 3 месеци и тоа кај повеќе доктори, пошто нели сите сакаме некое позитивно мислење дека све е како што треба и нема потреба од интервенција, мислам дека такво нешто не помага, меѓутоа зборовиве на др. Ацо Димов беа да забележувам кога го бањам, ако тогаш, на топло, му се спуштаат надолу во кесава не е страшно, тука кога не се спуштаат надолу ни на топло тогаш е потребно да се види што е причината. Извинете вака што ги нафрлав работиве ама постот го пишувам набрзина, додека ми седи мирно во раце помалово детенце. Доколку имате некое прашање слободно пишете ми ако можам ке споделам нешто од наше искуство