Несреќен случај на работа

Дискусија во 'Правни совети' започната од sun-sun, 13 август 2013.

  1. sun-sun

    sun-sun Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Zdravo...se raboti za mnogu cuvstvitelna tema, se nadevam deka postrucni luca koi se razbiraat vo ovaa oblast ke mozat da mi pomognat i da me upatat na vistinski pat. Imeno se raboti za smrten slucaj na мој близок роднина на rabotno mesto(soobrakajka, на слжбен пат) на вработен во државна институција, при тоа не осигуран од работа по никаков основ. Ме интересира, бидејќи држ.инс. не им искочи во ниеден поглед во пресрет на семејството, ниту со вработување на било кој член од семејството на место на починатиот, ниту пак им дадоа некои парични средства за оштета, со еден збор не се заинтересираа во ниеден сегмент. Моето прашање е, дали постои основ семејството да ја тужи институцијата(поради тоа Што вработениот не бил осигурен) како иде целата постапка, колку трае, колку се шансите да го добијат спорот и за која сума на пари како оштета истите би ја земале. Ви благодарам , се надевам дека ке ми помогнете, секоја помош ќе ни биде добредојдена. Поздрав и секое добро !
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.274
    Пол:
    Женски
    Семејството на починатиот има право да ја тужи фирмата. Вакво нешто се случи во моја фамилија. Од фирмата не понудија паричен надомест на семејството на починатиот, па тие одлучија да ја тужат фирмата. Земаа голема отштета. Сумата на отшетата зависи од многу фактори. За тоа треба семејството да се консултира со адвокат. А дали ќе го добијат спорот или не, зависи од тоа кој е газда на фирмата. Во многу случаи газди се јаки луѓе, на кои што ни адвокати не им можат ништо.
     
  3. sun-sun

    sun-sun Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Се работи за државна институција, на местото на нивниот починат вработен досега никако не му излегоа во пресрет на семејството, во ниеден поглед, ни материјално ни со вработување на друг член од семејството. Поради тешките околности во кои се наоѓаат , (иако превземање на ваков потег е болна и мачна процедура )сепак решени се да пробаат по судски пат да се разреши сево ова. Незнаеме колкави ни се Шансите да го добиеме спорот и колку време сето тоа би траело, и нормално дали сумата која би се земала вреди за напорот..... Од срце ви благодарам на инфор. и доколку имате некое друго сознание или информација (за сумата, кој адвокат е доволно моќен и способен), Ве молам споделете ја.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.274
    Пол:
    Женски
    Веќе пишав дека се зависи од тоа кој е главен таму. Ќе пишам за примерот во мојата фамилија. Братучед на татко ми загина на работното место. Од фабриката не им излегоа во пресрет на жена му и на син му. Тие решија на суд да ја спроведат правдата. Земаа отштета од 10 000 евра, а бараа повеќе пари. Го тужеа и за работење со неисправни машини. Ама за тоа газдата се извлече, бидејќи има јаки врски во власта. За сумата зависи од повеќе фактори. Најдобро ќе биде да прашате кај адвокат. Не знам кои се поискусни адвокати, за да ти ги препорачам.
     
  5. sun-sun

    sun-sun Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Благодарам во секој случај , како што кажав секоја информација ми значи. Се надевам дека ќе се успее по правен пат да се добие колку што е можно повеќе, иако ништо човекот неможе да го врати , но вака барем семејството колку толку ќе успее барем материјално да се обезбеди и тешкотии од тој поглед да се ублажат.