Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    50.749
    Пребарував низ форумов и мислам дека нема ваква тема. (ако има, модераторите слободно нека спојат и нека ја затворат)

    Инспирација за темава ми е што некогаш навистина не можам да се одлучам што да гледам, иако знаеме дека во Македонија ги нема сите работи што ги имаат САД, Канада, Австралија, итн. Да, да знам, first world problems. :D

    Па доколку имате Нетфликс и сте задоволни (јас сум презадоволна, особено после Нова година откако додадоа серии!) може да си препорачуваме серии/филмови што ги има само на Нетфликс. Тие што немате Нетфликс, добредојдени сте во дискусијата за сериите што се во продукција на Нетфликс а што сте ги гледале. :)

    Пример, јас сум благопријатно изненадена од сите неамерикански продукции (британски, австралиски, шведски) и се' почесто се фаќам како бирам неамерикански серии. Пример, Bonusfamilijen никогаш не би ја пуштила да не ми испаднеше пред нос, а ми стана една од омилените серии.

    Викендов загледав и еден новозеландски филм - The Breaker Uppers, мислев дека ќе ме успие, искрено - ама испадна толку quirky и забавен, што цел го изгледав во еден здив.

    Исто така, да признаам, ги загледав и ријалити шоус од типот на Nailed it!, Queer Eye, Dating Around, Back with the Ex и онака, скроз ми се за пасење мозок и опуштање. :D

    Е сега, за жал, Нетфликсот не е ист во сите земји but we can at least try. :D Знам дека ги немаме баш најновите филмови, бар кај нас ги нема, но мене ми е полесно да функционирам вака отколку да симнувам со торенти постојано. Мобилната апликација ми е врв. :inlove:

    Па така, го користите ли Нетфликс? Што гледате? Што би препорачале на другите?
     
    На Mishela, dunika, tirkenbal и 17 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    82.181
    Особено периодов не можам да си дозволам да пуштам лаптоп, и Нетфликс ми е брза опција "for a fix" место да листам шо да слезам, па да чекам да се слези и се тоа.

    Nailed it е врв. :D Никол беше исто и во the Good place, инстантно стана омилен лик, жената е легенда. А и Жак има француски шарм. :*
    Инаку добро викаш, не-амерички продукции се доста добри. Тука ќе издвојам Sex Education, бритсанска. Значи од прва до последна минута ја "голтнав" серијава, предобра, лесна за гледање ама обработува силна тематика. Куц- туц иронија и пародија. И тоа иронично шо ми се бендисва, обично британциве не ми вадат нешто кое ме привлекува *гледа кон the sick note натажено*

    Е сега од работи кои памтам дека сум ги гледала на Нетфликс, а ете, ми оставиле впечаток, ќе ги издвојам:

    Disenchantment - оваа ми е во топ 6 омилени, до сега гледани серии, и ја има на Нетфликс. Легенда, комедија, анимирана, за принцеза која крши gender roles и е пијаница, се дружи со премногу позитивно џуџе и како свадбен поклон доби персонален демон.

    The haunting of Hill House - breathtaking! Да не постоеше Game of Thrones комотно ќе велев дека оваа серија ми е најомилена. Опседната куќа и семејство кое живееше во неа е темата на серијата, па има тон сплетки, plot twist кој не го предвидов и скокнав од дома. Хорорче, морничаво, ама вреди секоја секунда помината на него.

    The Good Place - недела за недела ставаат нови епизоди на Нетфликс, нели, за живот после смрт. Не кажвам поќе, едноставно, гледајте.

    Без да влегвам во детали, овие така набројани: Black Mirror, Maniac, The chilling adventures of Sabrina, Legends of Tomorrow, Agretsuko, Final Space, Castle Rock, Atypical, Lost in Space, the Crown, the Frankenstein Chronicles, Mind Hunters, Altered Carbon, The end of the fucking world, Dark, Rick and Morty (со недела каснење ја ставаа претходната сезона), Stranger Things, Master of none, the disastrous life of Saiki K., Travelers, Sense8.

    Ова се серии шо вредат и шо ги имам гледано на Нетфликс, не се сите нивна продукција, ама си ги ставаат па колку шо сфатив темава го опфаќа и тоа. Пример и Vikings ја ставаат, ама зошто јас не ја гледам таму зошто многу ја каснат, си ја пиратувам. You ја пиратував, гледам и неа ја ставиле, и ред други.
     
    На dunika, Victorian, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  3. JoanaS

    JoanaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    1.770
    Пол:
    Женски
    Јас само што ја излегав You. Многу добар впечаток ми остави едвај чекам втората сезона да излезе.
    Во меѓувреме ја гледам Orange is the new black некаде до трета сезона сум. Најверојатно на повеќето им е позната.
    А исто така си ги гледам и тие едни како емисии Instant hotel i Amaizng Interiors. Ова првото е натпревар и карактерите се малку забегани што го прават сето тоа до некаде смешно. Јас искрено сум љубител на интериери можда затоа сакам вакви емисии така да секој што сака ваков тип на емисии ги препорачувам баш се онака чил за опуштање или ако некој сака да најде идеја како да си го уреди просторот.
    Се на се океј ми е нетфликс, задоволна сум :)
     
    На Doozy и Animali им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.040
    Допаѓања:
    75.088
    Неколку месеци пред да го овозможат кај нас, имавме 'нелегален' Нетфликс.. Американски.
    Американскиот е лу-дни-ца! Во споредба со македонскиот.
    Ама и Македонскиот има супер филмови и серии за гледање. Најдобар избор за таква намена, кај нас, евр!

    Е сега...
    Многу од филмовите и сериите се во нивна продукција.

    Последно, 'најдраматично', Bird box , многу 'галама' дигна.
    Сам по - по себе, филмот не ми беше новина.
    A quiet place , е далеку подобар.
    Но првиот, предизвика голем интерес кај публиката, и стана еден од најгледаните новообјавени филмови на Нетфликс.

    Она што ме фасцинира, е што Нетфликс, користеле, вештачка интелигенција... односно, софтверска анализа на потребите, и барањата на гледачите, и врз основа на тие пресметки, филмот е снимен.

    Не е зафрканција. Нетфликс прави огромен обрт на пари.
    На ниво на студија како, Ворнер брадрс, Тајм Ворнер, 21ст Сенџчри фокс е веќе....

    Иднината е Нетфликс.
    А мене ми е забавно :inlove:
     
    На dunika, Victorian, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    3.729
    Пол:
    Машки
    Инсталирај VPN.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    12.419
    Пол:
    Женски
    Си се дружиме со Нетфлекс години уназад сигурно негде од кај 2008г. За жал покрај интернетот Нетфлекс е причината за затворање на многу видеотеки (n):nod:
    Иако сеуште плаќаме и за изнајмување двд единствено користиме само streaming.
    Како е во Македонија дали има и изнајмување или е само онлајн стриминг?

    Незнам што се ви нуди Нетфлекс таму но ако е за утеха и тука во Америка во последно време изборот на филмови не е на завидно ниво, изгледа имаат склучено договор со индија и кина па има многу филмови и серии од таму,а повеќето американски/англиски филмови се некои чкљ класа.
    Е тв серии да има многу по голем по добар избор за гледање, дури и овие што се странските се интересни. Дури има турски и шпански серии :nod:

    Од риалити како повеќето од вас и јас ја изгледав nailed it има и една сезона мексиканска верзија и неа ја до гледав, живи смешки. Ги препорачувам skin wars и skin wars fresh paint, 100% hotter, sugar rush и не ми текнува на други во моментов.
     
    На dunika, Victorian, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SofiMar_

    SofiMar_ Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    45.884
    Пол:
    Женски
    Јас неколку години користам Нетфликс ама одвреме-навреме го деактивирам кога не можам да најдам филм/серија за гледање, некако нема многу избор, па после 2-3 месеци го активирам пак и гледам што има ново ставено. Во меѓувреме користам и Амазон Прајм Видео, има многу филмови и серии што ги нема на Нетфликс па комбинирам. :)
    Инаку, деновиве ја гледав серијата "Уоu", интересна е првата сезона.
     
    На dunika, Animali и Doozy им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    12.419
    Пол:
    Женски
    @SofiMar_ и јас имам Amazon prime но многу многу ретко гледам, изборот му е по катастрофален, но убаво е што имаме free шипинг и стигнуваат работите за 2 дена плус има голем избор на free книги за на kindle.

    Netflix мм моментално ја гледа the umbrella academy вели добра била, јас не ја гледам не е мој тип на серија.
     
    На theowndemon, do-re-mi, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    579
    Netflix ми е најдобар пријател хаха веќе години само netflix користам. Главно серии гледам, затоа што им се стварно повеќето добри а филмови поретко, netflix original филмовите ми се cringe но сепак ги гледам од време на време. Инаку од серии моментално ја гледам Russian Doll, пред некој ден излезе само една сезона има но ми е многу интересна особено зашто е со црн хумор. Исто така ја гледам American Crime Stories -- The Assasination of Gianni Versace, многу им е добра направена. Од постарите серии како Stranger Things, Peaky Blinders, Orange is the new black, You....се имам изгледано
     
    На Doozy и Animali им се допаѓа ова.
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.623
    HBO team here! :party:

    Од најновиве на Нетфликс топло ви ја препорачувам Russian Doll. Прешармантна актерка, скроз језив хумор а носи длабока порака.
     
    На dunika, 1209, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Aesc2000

    Aesc2000 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    40
    Дали на Netflix има превод и доколку има кои се тие јазици?
    Ви благодарам :)
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    44.942
    Пол:
    Женски
    Се загледав true crime, заразно станува. Серијалот за Тед Банди и Abducted in Plain Sight - тука негде решив дека е доста. :D
     
    На Juicy, Doozy, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Машки
    Сериите скоро сите им ги имам изгледано и до сега нема грешка со ниедна серија.
    Филмовите малку слабо им идат. Мислам дека треба да се задржат со сериите.

    Следен ми е со серискиот убиец. Чекам да излезат на торент во ХД резолуција и да ги почнам да ги гледам (на ТВ).
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    82.181
    Зависи.

    Англиски и турски има како опција на скоро се шо гледам. На Star Trek има sub Klingon. Ама македонски, српски, немам сретнато до сега, а немам ни барано како и дали можи да се стави зошто немам потреба.

    Туку вчера ја почнав The Umbrella Academy. Накратко, јас под стрес и притисок и не знам на која обврска да дам приоритет резултира со:
    [​IMG]
    Серијата е предобра, не очекував помалку од неа кога ми излезе како предлог, штом пишам тука - ја има на Нетфликс, и да не барам, ама сум скоро сигурна дека е Netflix original.

    Се работи за седум деца кои се посвоени од билионер, шест од нив имаат супер моќи и се дел од the Umbrella Academy и се борат за свет без криминал. Седмото дете, во зборови на таткото: "How many times do I tell you? There is nothing special about you".
    Е сега, едно од децата прави скокови во простор, еднаш направи скок во време и сега, кога се врати назад, извести дека апокалипсата е за осум дена и не знај која е причината која ја предизвикува. Ова краток опис.

    За тие кои ја имаат гледано сега, Клаус! Ептен ми е срце, се изнаплакав кога беше во војничкиот бар. Вака, spoiler- free да опишам шо ме погоди. :rofl:

    Омилен цитат, пак Клаус.
    "I can't just call dad in the afterlife and be like: Dad, could you just ... Stop playing tennis with Hitler for a moment and take a quick call?"

    [​IMG]
     
    На dunika, Doozy, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Машки
    Фала ти за краткото објаснување. Јас уште завчера ја спуштив од торент, и тоа 40 гига. Ако гледам, да гледам како што треба.
    Иначе едвај чекам да почнам да ја гледам. Сигурно ќе ми се допадне, бидејќи и си гледам ваков тип на серии.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    8.073
    Пол:
    Женски
    Нетфликс вработува луѓе кои ги нарекува "taggers", како вработени со пола работно време и ги плаќа за да гледаат филмови и серии на Нетфликс :wasntme: ^_^
    Задача им е да ја поврзуваат содржината на Нетфликс со одредени различни тагови, при што му помага на сервисот да препорачува подоцна на гледачите други серии и филмови откако завршиле да гледаат некоја содржина.
    Во статијата што ја читав беше наведено дека затоа пр. Нетфликс ќе ти препорача друг документарец за природата со насловот "Затоа што го гледаше Planet Earth". :~:
     
    На Juicy, dunika, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    82.181
    Кај можам да аплицирам? Не секогаш добро се плаќа хобито, па да искористам. :rofl: :D
     
    На x.Daisy.x, sparklie, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    50.749
    А веќе ако ве интересира за работење во Нетфликс и „правила“ во компанијата, прочитајте ја статијава - клик тука. Немаат правила because they hire great people. :party:

    Имаше и една презентација за ова, целата логика позади брендот им ја исчитав во 225 слајда на Линкдн мислам беше. :D Ако ве интересира, читајте, многу јаки core values имаат како бренд.

    Патем, Нетфликс веќе некое време работи со позитивна загуба, ако не се лажам. :?: Не памтам точно како беше но наместо да профитираат милијарди, постојано вложуваат во оригинална содржина за да привлечат корисници. Па така, ние гледаме одлична продукција за само 500-600 денари месечно. :)

    Мислам дека читав една статија дека само за The Queen испотрошиле еден куп пари. Се предвидува скоро една милијарда долари за сите планирани шест сезони и зафрканцијата беше, што е поскапо, да си вистинската кралица или да ја снимаш кралицата на Нетфликс? :D

    А, Мари Кондо ја изгледа ли некој? Или нема минималисти тука? :D
     
    На do-re-mi, 1209, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Машки
    WOW, ова не го знаев дека го прават. Браво.
    Дали имаш информација дали ова го има за Македонија и ако не, дали би можело?
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Animali

    Animali Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    8.073
    Пол:
    Женски
    @Ма.нев Во прочитаното, колку што се сеќавам пишуваше дека почетно биле отворени позиции за тагирачи во земјите како Америка нормално, Англија и Ирска, а за следни работни позиции што би се отвориле, сите заинтересирани само треба будно да го следат одделот Careers, каде ќе се постават потребните информации доколку се отвори место за државата за која сме заинтересирани и да аплицираат :)
    Не знам колку ти помогнав, може девојките погоре повеќе знаат дали има сега за Македонија, па нека споделат :D
     
    На Ма.нев му/ѝ се допаѓа ова.