Јас дојдов да препорачам две серии, ако некој ги нема гледано. After Life Прекрасна драма, се работи за Тони и како тој се справува по смртта на својата сопруга со која бил во брак 25 години, и која му била единствен извор на среќа и желба за живот. Брутални емоции, обработени се баш секакви психолошки профили на луѓе. Извонредна глума. Master of none Ја почнав онака, бидејќи сакав нешто навидум лесно за гледање. И така и почна, ама неколку епизоди подоцна ме натера да размислувам многу. Дев е прва генерација од родители имигранти од Индија. Живее во Њу Јорк, со пари кои ги прави глумејќи во реклами. Половично е и љубовна драма, ама да не кажувам спојлери, гледајте ја.
Уф. Дефинитивно не е лесна за гледање ахахах ама доста солидна серија. Оооодамна ја гледав и са ме потсети да ја ѕирнам пак.
Серии за препорака: Outer banks, The Kominsky method, Space Force, Sex Education, Dead to me, How to sell drugs online (fast), Friends from college. A од филмови: Between to ferns: the movie, Uncut gems, The platform, Handsome: A Netflix mystery movie.
Ја изгледав atypical, одлична серија, за срце ми прирасна. Ме нервираше малку што проблемите со комуникацијата некако лошо беа поставени, ама добро. Одличен суптилен хумор, супер ликови, едвај чекам нова сезона Ја почнав Sweet magnolias, ама некако ми е млитава, глумата не е баш на ниво, приказната исто така. Ама ај, кратка е, ќе ја изгледам уз јадење, и така нема ништо моментално за гледање.
Не можам, се откажувам од sweet magnolias, боже одамна толку лоша глума не сум видела. @theowndemon дај некој предлог за нешто хумористично, немам идеја веќе што да гледам.
Комедии не гледам многу ама би ти рекла ако немаш гледано the good place, дај му приоритет. Овие ги ископав од гледаните шо ме насмеале: Секогаш се думам дали Хепи да ја предлагам, многу специфичен хумор има, темен.
Ако не ти е гледана Never have I ever гледај ја. Кратка е само 10 епизоди во еден ден се гледа. Многу интересна серија, многу е смешна, лесна, има малце и за плачење. И On my block не е лоша.
Snowpiercer е многу добра, дистопија е, сај-фај нешто во тој стил. Да ја гледате. Има неколку епизоди, ме нервира што излегува вака постепено па чекам да се насоберат повеќе епизоди за гледање. Само таа ми држи внимание, другото слабо. Почнав пак да гледам Outlander досада и во недостаток од нешто убаво. Некако ништо не ми фаќа око на Нетфликсов, или изгледав тоа што беше за гледање па сега суша.
Сите ми се гледани, само Happy не, ја отворив да видам што е, ама само две сезони има, откажана е или добро завршена? Башка кој актер е... ја изгледав Never have I ever, баш забавна беше, ми се погоди ептен. Ми се допаѓа и другава, ќе ја почнам следна.
Да, добро заврши. Има темен хумор само то можам да кажам ахахха, ми е една од поинтересните серии шо ги имам гледано ама внимателно ја препорачвам пошто сепак е специфична и не секој ја бендисва ахахха
Немој ни да се трудиш за да ја догледаш Sweet Magnolias. И јас исто така, толку време потрошив чекајќи да се случи нешто, а и многу глупаво заврши последната епизода, ептен ме изнервира. Јас лично не ја препорачувам. А од друга страна Never Have I Ever ми беше многу интересна. Сега моментално ја гледам Atypical, ја почнав пред некој ден па убава ми се гледа.
Ја изгледав The Woods во еден ден. Предобра серија! Ова е прва полска серија која што сум ја гледала воопшто и преинтересно ми беше да ги слушам како разговараат. Сфатив дека многу ми се допадна јазикот а освен тоа забележав и некои зборови кои се слични со српскиот јазик, што мене барем ми беше интересно и неочекувано. А да не спомнувам дека актерите им се одлични, предобро глумат и се преубави, барем повеќето мерак да ти е да ги гледаш. Имено, се работи за две приказни - една која се случила во минатото и една која се случува во сегашноста. Приказните ја засегаат истата група луѓе и се поврзани една со друга. Серијата е мистерија и се врти околу изчезнувањето на две деца, од кои едната е сестра на главниот лик - Павел. Тој се уште е измачуван од тоа што се случило таа вечер во шумата додека се одржувал летен камп и не се откажува да дознае што се случило со сестра му. Единствено ми е криво што сум свесна дека мали се шансите во скоро време (па дури и наредна година) да ја гледам втората сезона. Не верувам дека поради сегашнава состојба ќе ја снимаат новата сезона во скоро време. Иако едно нешто што не ми се допаѓа е тоа што осеќам ко приказната да можеле во целост да ја раскажат во една сезона и онака е скоро 97% раскажана. Ама останува да видиме, верувам дека ќе спремат нешто доста добро и за втората сезона како и за првата. Од мене има 10/10 - пак ќе кажам, предобра серија со премногу заплети и мистерии. Едит - Само што дознав дека серијава е всушност направена според книга од Harlan Coben. Иако читам доста трилери и мистерии, ова е прв пат да налетам на авторов па дефинитивно ми е во план да ја прочитам оваа а и останати негови книги. Еве линк доколку некој сака да си симне некоја негова книга - https://1lib.eu/s/ Harlan Coben
The Sinner трета сезона е официјално достапна на Нетфликс! Едвај чекам да ја изгледам, како што прочитав оваа приказна била најдовра досега, макар што не знам како би можеле да се надминат претходните две, особено првата.
Oваа е? Некако многу сезони,а и ме буни што во првата е Џесика Бејл,а овде не ја гледам.Или не е таа главниот детектив? Ќе ѝ дадам шанса.
Џесика е само во прва сезона. Одредени ликови се ротираат, само дел се константни. Ама предобра серија е особено ако сакаш психолошко, крими. Ептен добра серија.
Оваа е да. Има три сезони досега и трите се различни приказни. Единствен лик кој го има во сите три сезони е главниот детектив (овој со брдадата). Во втората сезона само се спомна приказната од првата, но инаку не се скрос различни. Сепак би ти препорачала да ги гледаш по ред.
Последна серија што ја изгледав е Baby. Италијанска е и снимена е според вистински настан "Baby Squillo" од 2013 година. Супер е, баш ми се допадна, посебно актерите !
Една од најдобрите едукативни серии - Explained. Има 2 сезони, епизодите се по 20 мин. и секоја епизода е на различна тема. На пример има епизоди за кодирање, иднината на месната индустрија, култови, женскиот оргазам, дијаманти, пирати, убавина, тетоважи, астрологија, зошто жените се помалку платени, билионери и голем број на други теми. Епизодите се кратки, не се поврзани една со друга, многу едукативни и всушност учите од луѓе со многу искуство во даденото поле.
Јас ја догледав Atypical, многу ми се допадна, едвај чекам да искочи следната сезона. Ептен топла серија, реална, ми прирасна за срце. Ако имате некој предлог за нешто слично на ова или Never Have I Ever, кажувајте. Некако периодов ми е за такви сериички.