Не обработува иста тематика, но забавна ми беше за гледање. Тинејџерски стил е, се работи за девојче кое потекнува од Индија, живее во Америка со нејзината мајка, но се обидува да живее „модерен“ американски живот. Мислам дека нема многу епизоди, па ако сакаш да гледаш нешто полесно, забавно, дај и шанса.
Јас моментално ја гледам втората сезона од 13 reasons why и некако многу ми е досадна, со месеци ја гледам. Првата беше стопати поинтересна
И другите две се иста песна, тегнење мастики, вртење во круг. Не знам зошто не си заврши серијата по првата сезона, немаше потреба за други три...ја завршив колку да се рече, катастрофа е најновата сезона.
Ако има некој што обожава true crime documentaries да ви го предложам "Unsloved mysteries". Има само 6 епизоди и е многу интересна.
Јас не ја ни завршив многу ми беше депресивна, главна улога е личноста што од првата епизода е умрена...
Баш мислев да ја пуштам серијава, ептен сум навлезена во true crime, и чекав бар некој да ја препорача, фала ти, ја почнувам веднаш.
Јас би ти ја препорачала The confession tapes. Има 4 епизоди и ја прераскажува приказната за Тед Банди, еден од најозогласените убијци во Америка.
Само што го изгледав филмот базиран на приказната на Тед Банди се вика Extremely wicked. shockingly evil and vile.
Не сум го изгледала се уште, но имам слушнато доста добри работи за него. Како ти се допадна тебе? Мене навистина ми беше доста интересна документарната серија, најмногу затоа што имаше вистински снимки од Тед Банди снимени во текот на истрагата.
Јас го гледав филмот без да знам воопшто за што се работи, немав појма дали навистина е крив или не. Интересен е, Зак Ефрон предобро глуми Сега на ред ми е документарецот. Има сцени скроз исти снимени како што се дешавало во вистинскиот случај, на крајот ги покажуваат.
Нетфликс не ми се допаѓа само затоа што во текстот пишуваат кога животните пр. Кучето лае, мачето мјаука. Незнам зошто, ама тоа ме иритира.
Тоа е така направено за да можат и глуви лица да гледаат и да добиваат за се информација што се случува. Секако можеш да го исклучиш преводот.
Јас вчера ја гледав првата епизода, не е лоша. Ако си љубител на фантазија, магија, мистериозност, Мерлин ќе ти се свиѓа.