Вчера ја завршив, предобра. Можи и да сум пристрасна ама сепак ф е н о м е н а л н а сезона Од трејлер не ми беше јасно како ќе се одвива сезоната ама ептен, ептен добро вклопена.
Го гледаше некој трејлерот на Ratched? Серија базирана на книгата „One Flew Over the Cuckoo's Nest“. Можеби сте го гледале филмот. Главен продуцент е Ryan Murphy кој досега не ме разочарал, базирано на моите импресии од American Horror Story и American Crime Story. Трејлеров навистина ме воодушеви и според мене изгледа феноменално, се наежив можеби 10 пати гледајќи го. *се надевам дека е дозволено дебатирање во темава за upcoming серии/филмови
А зошто на лаптопот има титлови на побеке јазици а од истиот акаунт кога ке пуштам на телевизор има само на англиски?
Слушнав имало некоја финта, да си користиш месец дена бесплатно и потоа некој кој знае да те исклучи, да не ти се напчаќа ама и понатаму да можеш да глњдаш бесплатно
Не знам зошто си ме цитирала мене, претпоставувам по грешка. Можеби треба да ја цитираш членката на која и одговорив. Јас секако знам дека постои опцијата да се исклучи превод.
Абе ајде луѓе, па не е ни нешто скап Нетфликсот. Направете си екипа од три-четворица и ќе ви испадне џабе.
Се надевам дека Нетфликс нема да не стави на црната листа поради вакви како нејзе. Зошто не ти каже таа детално како направила?
Ние така сме. Јас, бртучед ми и братучетка ми. Си делиме. Еден месец јас плаќам, еден месец едниот, еден месец другиот .И готово. Е сега јас имам од најскапата опција од 700 денари што е некаде..
И ние ја имаме таа опција, тројца сме и си делиме. Таа опција со групирање стварно е многу исплатлива, за 200-300 денари срамота е да се изведуваат такви будалаштини.
Јас не знам само како им успева и како не им е страв дека така може да им се влезе во податоци. Знам дека се користи едно Appinject ама тоа ти се поврзува со IP адреса, или па со телефон ако е може беља да направи.. и после упс некој ми хаклан картица па ова па она. Е па дечки не си прајте бајрам со умот и нема да ве боли глава.