Јас дури плачев малку на крај Моментот Спојлер кога и кажаа имаш посета мислев дека е Дамиано, многу ми беа слатки како пар, и делот кога со Лудо си ги гледаа тетоважите си заплакав убаво.. Стварно топ серииче, жал ми е што ја завршив, којзнае дали ке има друга сезона...
Ја изгледав и јас Емили во Париз, убава feel good серија, баш некако погодна за времево и за разведрување. Инаку, Габриел премногу ми личи на Чарлс, од Younger, негова помлада верзија, некако исти ми беа. Баш сакав слики да прикачам колку ми личат и наидов на статија дека Емили и Younger се всушност истата серија во различен град. https://www.tvguide.com/news/emily-in-paris-younger-same-show/ Интересно и има смисла. Ама и Younger ептен си ја сакам, па и Емили супер ми легна и покрај некои проблеми. Ја почнав неколку пати Schitt's Creek, ама не можам да ја изгледам првата епизода. Знам колку е популарна и се тоа, ама ете. Штом викате дека навистина вреди, треба да се обидам и да и дадам шанса. И така е тапа периодов за серии, сите касно ќе почнат.
Дали некој знае на кој начин да се одјавам од НЕТФЛИКС? Пробав да се одјавам неколку пати, да го избришам акаундот, па им пишував и неколку пати на меил ама безуспешно. Не гледам ниту воопшто го уклучувам НЕТФЛИКС, а секој месец ми одбиваат од картица по 11,99 евра. Ако некој знае нека каже. Ви благодарам.
@RainBow, јас пред две ипол години прв пат ја симнав Schitt`s Creek после прочитана многу супер критика ама дојдов до третата епизода и баталив. Односно, ја оставив за „после“ а знаеме што се случува со сите филмови, серии, игрици и книги оставени за некој друг ден. И немаше да ја пуштам повторно да не се дигна толку галама околу последната сезона па плачки што завршува, па гифови од сцените, мемиња итн. И си реков, исто како и ти сега, ај штом толку ја фалат и сакаат, ваљда вреди па ајде да и дадам уште една шанса, па ако пак не оди, ја бришам од пц за стално. И- сега ми е љубов! Првата сезона малку шкрипи и тоа е факт. Особено првите неколку епизоди. Роузови се тотално антипатични, жителите од градчето се како (малку) понормална верзија на Твин Пикс. Роланд ми беше ужасен, мислам дека поради него највеќе и ја баталив. И ќе остане ужасен, ама ќе ти прирасне при срце Роузови пат пат ги запознаваме како тотално крш фамилија. Себични, арогантни, забегани (ама на негативен начин) но низ серијата ги гледаме како растат. И реално, првата сезона мора да е таква каква што е за да може да го следиме нивното менување на подобро. Е сега, знам дека хуморот е субјективен и едноставно, некои работи не ти легнуваат и тоа е тоа. Ко јас со Friends Сите ја сакаат, само мене ми е „мех“. Меѓутоа, сепак би ти кажала да издржиш низ првата сезона (13 епизоди по 20 мин, не се многу) и кога ќе стигнеш до втората, е тоа е серијата што толку ја сакаме и фалиме
Исто. Дури ме иритираше малку што тој остана со другана, не ми текнува на името. Ама па, и со Нико си одговараат
Леле и јас го гледав. Не знам што ми требаше. Многу потресно. Не можам уште да се оправам, цело време слики ми доаѓаат. 5 доживотни мислам има плус 80- тина години. Јас сум против смртна казна, ама за овој случај, ова малку му е. Ниту 10 животи не му се доволни да плати за тоа што им го направи. Психопат! Леле за децата, срце на парчиња ми е. Не препорачувам да го гледаат емотивни ко мене. Иначе, ја гледав Ratched и како бев загреана по трејлерот, серијата не ми беше ништо посебно. Многу предвидлива ми беше и не ми остави простор за мозгање и освежување мозочни клетки. Мислам тематиката онака ок, ме бендиса. Ама серијата во целина-лабава. За актерите и носењето на улогите, колорит, сценографија итн. сум воодушевена. Може па и до мене е, оти по Dark не постои серија која ми привлекла внимание да не трепкам додека гледам. Освен можеби The haunting of Hill house. Во исчекување сум на сезона 2, The haunting of Bly Manor. Сега треба да искочи. Леле превозбудена сум. Иако уште не можам да се оправам од bent neck lady. Дај кажате ми што да гледам. Значи стварно мислам дека се ми е изгледано. Тие што не ми се гледани, не знам зошто не им давам шанса. Каде е Димн со препораките во другата тема? Освежување ми треба.
Betty en NY - ова е преработка на мексиканската серија Betty la Fea, La fea mas Bella... За сите љубители на шпански серии, шпанскиот јазик или теленовели општо, топло ја препорачувам. За рекордна недела ја изгледав, има 123 епизоди. Ликовите и прилазната се тие, Бети е право срце, но и грдо пајче кое се вработува во модна агенција и секојдневно се справува со предизвици како во приватниот живот така и на работното место. Овој пат, дејството се случува во Њу Јорк. Не знам дали ќе ја има на Нетфликс во Мк, но ако ја има на торент, исто препорачувам, посебно за љубители на шпанскиот јазик
Од досада, а и за да си ја испоштувам Spooktober традицијата ја фатив The Haunting of Bly Manor. Пред сè поради глумицата, ептен ми се допадна во You. Серијата не беше лоша, некои епизоди беа толку досадни, зевав и скролав по мобилен. На некои пак не трепнував, ептен ми беа интересни. Кратка е, 9 епизоди и брзо се гледа. Децава ми беа ептен језиви, ко вештачки кукли некои, не можам.
Леле, како ги издржа првите 4 епизоди? Јас ги заспивав. Ги гледав на рати. Озбилно, подосадно нешто немам гледано. Се бодрев некако да продолжам само поради првата сезона. Демек некој бум очекував. Уствари таква сезона како првата сакав. Ама ништо од тоа, а колку ја чекав да искочи. Одма ја почнав. А имаа цели 2 години од Hill house. За да го гледам ова? Ниту хорор, ниту добар дијалог, ниту ништо! Ужас. Фан сум скроз на првата сезона, штета. Епизода 5 ме крена малку и не ја заспав. Ама на жалост успеав да го предвидам демек носечкиот плот твист, па изненадувањето ми беше само како се случило тоа. Наредните исто не беа лоши. Ама последната човече, првите 4 се нула. Патетика. Ме свиѓа замислата, темата, ама не и реализацијата. Дај предложи ми нешто слично на Hill ако имаш гледано. На Bly и давам 5 од 10 и тоа само на слава на првата. За разлика од тоа, Hill, 10 од 10.
Инстаграм знае како ги издржав. Скролав и гледав сториња додека се осеќав како приглупа затоа што не сфаќам ништо. Глумицата ми е прекрасна, ја гледав и се чудев како да ја добијам нејзината боја за коса и вуала, заврши. Ради неа ја изгледав, стварно ми е преубава. Само нејзината приказна ми беше така поинтересна, ама и таа беше клише, што знам. Им снемува идеи на Нетфликс изгледа па еден ист шаблон во сите серии. Hill ми беше одлична и мене, да. Оваа ни блиску со приказната и затоа не се ни позамарав да ги споредам. Ама многу брзо ја завршив и поим немам како. Ме завлече на пола сезона некако и ја затерав до крај повнимателно. Дури укопчав што е работата...ај, има надеж и за мене. Си барам нешто слично и јас, прашав во другата тема, ама тенка работа. Ако најдеш кажи, па нека е и безвеза ама да се најде нешто. Немам што да гледам, ми останаа уште шпански и турски сапуници, тоа шанси нема да гледам повеќе во овој живот.
Можеш да избереш помеѓу basic (€7.99), standard (€9.99) и premium (€11.99). Basic можеш да гледаш само на еден екран. Premium можеш на 2 екрани истовремено. Македонски превод нема :/
Јас имам една препорака. Доколку ви се гледа нешто лабаво, хумористично, лесно а интересно, ви ја препорачувам Unbreakable Kimmy Schmidt. Има четири сезони по 13 епизоди (кратки, 25-30 мин). Да не раскажувам многу, не сакам да откривам. Практично се работи за следново: A woman is rescued from a doomsday cult and starts life over again in New York City.
Уште една серија да ви препорачам што ка изгледав во рекордно време. The Queen's Gambit. Станува збор за сирачето Бет која на многу мала возраст развива љубов кон шахот, но и апчиња за смирување. Не ми беше привлечен постерот на серијата, глумицата изгчедаше многу морничаво, но ја пуштив и не зажалив. Не знам дали ја има на Нетфликс во Мк, но од мене имате секоја препорака.