Одлична, и Дијана ја има. Во ден ја бинџнав, ако то е мерило колку ми се допаѓа. Кралицата не е главен лик туку дели сполајт со семејството, најмногу со Чарлс и Дијана. Ама сепак мн добра сезона. А за преводи сем англиски саб, имам само турски сретнато на Нетфликс.
Следна ми е на листата, баш ми е мило што не е фокусот на кралицата само. Како е актерката за Дијана што ја одбрале? Немам читано критики.
Реакциите човече :о убавка е, си личат колку шо можи ама јавните експресии ептен ги годи. Онака скроз. Малку сензитивна е приказната околу неа ради eating disorder.
Тоа и јас го зборував... Секој ден сум на Нетфликс и немам сретнато, затоа реков доколку има на старите, на новиве не сум видела.
Love and anarchy Препорака за серија, шведска оригинална серија на нетфликс, за жена вработена во издавачка куќа која развива необична поврзаност со еден многу помлад колега од неа. 8 епизоди, по околу 30 минути, забавна за гледање со теми актуелни за општеството во кое живеат. Има синхронизација на англиски ама јас ја гледав оригинал.
Ве молам предлог за true crime, сите ги изгледав, unsolved misteries исто така, не знам веќе што да гледам.
Schitt's Creek... Oh boy, oh boy... Леле колку бев во грешка. Каква среќа што продолжив да ја гледам. Спојлер Патрик и Дејвид немам зборови, најдобар пар ever ми се, колку само се изнаплакав на венчавката на крајот. Ептен ми е жал што заврши, многу ми беше тешко на крај што се разделија. Моира само остана до крај така да ме нервира. Алексис и Дејвид какви трансформации доживеаја, одлична серија, иако беа досадни малку првите три сезони, ама натаму беше врв.
Ја изгледав и јас. Крајот воопшто не очекував така да испадне. Баш мистериозно се одвиваа работите, оставајќи те во прашалници. Ми се допаднаа сцените, костимографијата, деталите од тој период. Ми се допадна и психолошкиот дел. Онака те остава во замисла на крај. Воглавно задоволна сум, баш ми легна а и ептен кратка е, но супер вклопена.
Од мене голема препорака, одлична е, ептен ми легна периодов. Не знаев што да очекувам кога ја почнав и уште немам појма под кој жанр се води, комедија, крими, драма? Приказната се врти околу три жени за кои никој не би помислил дека би се заплеткале во криминални води, а се заплеткуваат зашто сите имаат многу добра причина заради која им требаат пари. Има одличен хумор и глума, супер продукција, и ми се допаѓа што работат на ликовите и ги развиваат. Не е баш лимУнатка, има длабочина и некои моменти што дефитивно те потсеќаат дека shit is real. Трите сезони се прилично јаки, ќе видиме за четврта. Дајте и шанса.
Се загледав сабајле една нова серија, Tiny Pretty Things. И дури се освестам стасав до пола. Има 10 епизоди, ја гледа некој? Се работи за елитно балетско школо во кое се случува една незгода и им доаѓа нова ученичка. Со вообичаени тинејџерски случки и драми, ама засега многу ми се свиѓа, понатака ќе видиме. Шах знам да играм, ама од серијава посакав да станам балерина. Прекрасно играат, колку се грациозни. Нетфликс годинава имаше агенда да нè натера да си најдеме нови хобиња. Прво надежни шахисти, еве сега и балерини. Се прашувам што е следно.
Ах, ги пропушти ти каратистите со Кобра Каи. Дур другарка ми ми јави дал уште се наоѓа дома кај мене кимоно.
Чекај да излезам прво од балерина филмот ќе пробам и со карате, не е проблем тоа. А го чуваш ли кимоното, или со време да си барам друг извор со кимоно. Ама од овие стварно да те фати мерак да играш, многу добри. Вака се немам возбудено по играње од времето кога гледав Чекор напред. Всушност не, Work it ми го пушти црвот, многу клише ама забавен Нетфликс филм. Сега овие само дотурија зачин. Готово, сцената е моја. Имам уште 3 епизоди, некако сè и сешто измешаа и нема еден саглам лик за кој би можела да навивам, ама забавна ми е серијата со сите мали и големи глупости. Сè ми е симпатично.
Мали се кимонара за жал ама појасите мислам дека можат да се користат. Јас ако не да се пробам со балетов.
За Good Girls и јас рака давам, навистина интересна лимонатка, која сепак има акција, шарм и убави ликови, а Кристина Хендрикс ја обожавам. Ликовите се детално разработени и секоја една од нив шармира и освојува, глумата е на ниво како и главниот негативец, бед бои фор риал. Гледам никој не пишал за Virgin River. https://m.imdb.com/title/tt9077530/?ref_=nv_sr_srsg_0 Ептен ми се свиѓаше мене, штета само две сезони има, ги изгледав за три дена. После неколку трауми што и се случуваат, медицинска сестра ја напушта својата работа од Калифорнија и се преселува во мало градче, буквално што се наоѓа во шума, одсечено од метежот и брзиот живот во Калифорнија. Прекрасни пејсажи на реката, шумата, дрвјата, прекрасни мали дрвени колиби и куќи што мене ме оставија со отворена уста, љубам вакви места. Мало градче, каде сите еден со еден се знаат и се држат заедно, каде трачот брзо се шири. Лесна серија, не очекувајте многу мозгање, релакс серија за после напорен ден со какао/чајче, за пред спиење или за одмор преку ден за опуштање мозок.