Океј вчера догледав и станав балерина. Ми се допаѓа шо гледав аххахаха. Често велев дека ќерка ми ќе е балерина, се надевам нема да сум мајка шо ќе ја форсира во ова. Кажи ти кога ќе станиш каратист, сега Јануари има нова сезона. Топло препорачувам на другите шо немате гледано - Tiny Pretty Things за да станите балерини, Cobra Kai за да станите каратисти и the Queen's Gambit за да станите шахисти.
Почнав да гледам, на пат сум да станам каратистка. Штета што немам кимоно, ми доаѓа да си сошијам едно, барем горен дел и да си го носам како наметка по дома. Шала на страна, добра серијава, ќе пишам кога ќе ја завршам. Инаку кај балериниве не ми се допаднаа шпанска серија моментите при крајот. Особено во последната епизода...се занесоа малку, ги понесе изгледа некоја шлаки еуфорија и изнатрескаа се во неа. Последните 2-3 епизоди не ми беа баш, ама најпоследната сцена беше goals, морам да признаам. Како и да е, забавна ми беше и би продолжила да ја гледам ако има втора сезона. Прегеска случајно ја загледав The mess you leave behind, не е лоша. Мистерија, тин и не толку тин-драма, 8 епизоди има само. Е штета што нема некое вакво уникат хоби за посакување ко овие претходните, ама добра е засега.
Крај на 9та епизода јас си паузирав и си влегов под туш... Спојлер Кога ја апсеа Бет ... Онака ептен завршен чин ми беше. И си се убедив дека толку од сезоната. И се враќам гледам, паузирано и уште имам за гледање. Не ми беше јасно шо друго после ова би се случвало. Претеран беше крајо ама сакам добра драма, дефинитивно гледам втора сезона ако има.
Спојлер Тоа со Бет беше буквално: кога си понеомиленото дете дома и мораш да го окркаш ни крив ни должен. Ние имавме мал натпревар, обложувалница кој ја турнал Каси и сега ми е смешно зашто мозгавме некои страшни теории, значи плоттвист на плоттвистот. Спојлер На крај малку ладен туш , ама морам да признаам целата драма па и тие хиперболизираните настани, ептен ми годеа. Ко хипнотизирана бев и само гледав како играат. Не сум читала по нет дали има најава за друга сезона. Е тука би имало простор за нешто, овие серии со школи и ученици секогаш може да се молзат.
Мене од епизода 1 кладбата ми беше на Спојлер Рамон Али и вака како шо испадна беше доста "блиску". Као сепак би рекла мотивот иди од исто место. Леле Рамон кое маче е. Уште мистерија ми е зошто такви кретени ко него ме привлекват. Спојлер И уствари има ќерка?!?!?! Тој момент ме остај втф. И најјако ми е дека ко сфати реакцијата му беше "мех". Као друг би бил шокиран кога би сфатил дека е татко, ама овој не, мех од почеток до крај.
Мал згоден кретен беше, јас си го завикав hothole (hot asshole). Покрај него, Орен и Набил ми беа срцки. Од женскиве толку немаше саглам лик, сите ми одеа на нерви. Инаку на онаа сцена Спојлер кога мајкава избега и се сокри за да не се "запознае" со Рамон, одма знаев дека нешто смрди. Ликував што успеав да погодам бар едно нешто у серијава, значи животно достигнување. Многу ме интересира што ќе се случи со Мадам ако има втора сезона. Си ги имаше дијагнозите и она, кугарка една низаедна. Спојлер со кило ботокс и раштиман колк.
Добро а што правиме со филмовите на Нетфликс. Луѓе изборот е катастрофа. Секоја вечер по 2 3 ги менуваме, од што се дебилни и глупави, повеќе гледаме според вистински настани и некои постари. Дајте предлози за добри филмови само да не се комедии и хорори, друго се може.
И јас секоја вечер тоа гледам и сите подобрите ги изгледав, немам веќе. Еве некои што сум ги гледала: - Audrie and Daisy - I am a killer - Long shot - Natascha Kampusch - Lost girls - Surviving R.Kelly - Don't fuck with cats - Time: The Kalief Browder Story - Three identical strangers - The Alcasser Murders - American Murder the family next door - Abducted in plain sight - The trials of Gabriel Fernandez ( многу жално ми беше) - Killer inside: The mind of Aaron Hernandez - Exposed: The case of Keli Lane - The disappearance of Madeline McCann - Who killed little Gregory
Ја завршив вчера The mess you leave behind и ептен ми се допадна. Шпанците знаат како треба, посебни им се и сериите и филмовите. Дали дека почна со случки во средно школо, помислив дека е нешто слично на Елит, но далеку од тоа. Многу пософистицирана серија. Во едно мало гратче, пронајдена е мртва професорката по Литература во средното училиште и ѝ наоѓаат замена. Новата професорка е толку изгубена од лични проблеми, па кога дознава дека нејзината колешка починала, анксиозноста ѝ се пушта на најјако. Редица случки ќе ја натераат да се разбуричка во случајот и ќе сфати колку само сè е корумпирано во проклетиот град. Многу ми се допадна, сè си имаше логика и ептен добри и скокотливи теми опфати. Сабајле додека пиев кафе си ја пуштив Dash&Lily, ми требаше некоја тралалајка. Се гледа за два ипол часа, 8 епизоди по дваесетина минути. Прекрасна, многу слатка серија полна со хумор. Концептот ептен ми се допадна. Лили е „отпадникот“ во генерацијата и се осеќа како да не припаѓа тука. Смислува една фикс-идеја со надеж дека ќе си пронајде пријател на иста бранова должина, ако не друго. Во омилената книжарница остава тетратка во која има загатка and the rest is history. Деш ја наоѓа тетратката и се опседнува со мистериозната девојка, па си пишуваат и си даваат предизвици во тетратката, а условот е - никој од нив двајца да не дознае кој стои позади сево ова. Звучи клише, ама е преслатко, одлично клише што мириса на џинџербред колачиња и снег.
И јас се навлеков на The mess you leave behind, за два дена ја смачкав. И не, не само зашто I have a thing for Aron. Трејлерот лаже, не е баш ни лајт средношколска ни тинејџерска тематика во фокусот, повеќе е трилер и крими. Малку крајот некако брзо го разврзаа, т.е последната епизода, а и разврзувањето ми е малку questionable, ама сепак од мене има силна 8ца.
Изгледана The mess you leave behind. Не ми беше нешто посебно, онака држеше внимание за да откријам што всушност се случува, премногу нафрлани работи на крај излегоја, ситуациите некои безвезни, ама добро за една сезона се издржува. Сега ја започнав Spinning Out. Ice skating е во прашање, на прва епизода ми се допадна скроз, и глума и ликовите, плус отсекогаш обожував да гледам уметничко лизгање. Очекувам да биде доста интересна.
Ја завршив серијава за два дена. Кет е млада девојка, одрасната во едно не баш функционално семејство, со помлада сестра и мајка со биполарна личност, којашто често знаеше да ги заборави лековите, па девојките одраснаа со стресовите. Кет којашто и самата пати од истово ментално нарушување има големата љубов кон уметничко лизгање, се обидува да изгради врски со луѓето што ја опкружуваат и воедно е во целосна конфузност со самата себе. Права америчка драма, малку предвидлива, ама сепак во исчекување што ќе се случи следно. Мене ми беше премногу заразна и едвај чекам втора сезона. Лајт серија ама со сериозни теми. Дури гуглав повеќе околу биполарно нарушување. Ми се допадна серијава. Имаше убави сцени и приказната околу уметничко лизгање во едно планинско снежно градче ми е прекрасна.
Пошто серијава е на Нетфлекс си го цитирам моето мислење што го оставив во темата "Препорачајте интересна серија"
Го гледал некој life itself на нетфликс? Моментално го гледам и на 3тиот дел што е на Шпански нема субтитл на Англиски, во сетинзи се е ок, на Англискиот дел од филмот си одеше долу титл. До мене е или секаде е вака
Bridgerton Или серија за која треба од напред да пишат не ја гледајте ако немате друштво за возрасни активности или боже сачувај сте во овулација. Супер серија, period romance, забавна, смешна и со убаво оформени ликови. И да, мажите се презгодни, и фала богу и ова решиле да го направат. Не сум за стереотипи ама аман од згодни стегнати жени во кадар, сме заслужиле и ние нешто. Еве сега ги симињам и книгите, зашто зашто да не. Tiny pretty things Е оваа ме измалтретира. Не знам зашто ама сите ликови ми беа кој од кој. И глумците нешто не се претргнаа. Жими за живеење на соништата (и малку тешење) зашто не сме сите балерини и балетани што вреди. Искрено, не би ја препорачала. Посебно не со погорната достапна.
Јас го почнав на Нетфликс но и мене ми пречеше што нема превод па го симнував да го догледам со превод.