И јас ја завршив The Mess You Leave Behind Искрено очекував многу повеќе, со оглед тоа што е шпанска серија, а шпанците ми се феноменални за мистерија. Ме навлековте да ја гледам, ја завршив во еден ден, добра беше ми го задржа вниманието, само можеле само да се потрудат повеќе околу последната епизода, многу беше избрзана некако. Знае некој дали ќе има друга сезона? 8/10
Ова шоу е закон. Best leftovers ever. Транфсормираат остатоци од храна во нов оброк, многу креативно и забавно. Кратко е, мислам 7-8 епизоди се ама се гледа во еден ден. Тројца натпреварувачи готват, имаат две рунди да си ја покажат креативноста и на крај победникот добива награда. Водителката и целиот тим судии не можам да ги смислам. Ама водителкава леле...слушнала за хумор ама не разбрала. Вештачка, нападна, усилена, како психо некој. Страшно напорна е за гледање. Тотално ми го расипа шоуто, а баш е убав концептот.
Crash Landing on you. Одлична серија од Корејска продукција на Нетфликс. Се работи за богата наследничка од Сеул која доживува несреќа со параглајдер и паѓа во Северна Кореја. Е сега веројатно сите знаете од вести каков е животот и системот во С. Кореја и можете да претпоставите како ќе се одвива приказната. Таму таа го запознава капетанот на граничната патрола во кого се заљубува, но тој е верен на врховниот лидер и на неговата држава и се соочуваат со проблем да бидат заедно. Има доста комични и драмски делови во серијата и ја прават доста гледлива, едноставно кога ќе заврши една епизода веднаш посакуваш да продолжиш со нова. Одлично би било кога би ги синхронизирале овие серии на нашите телевизии како турските, само со изменети имиња пошто не се памтат овие корејски имиња на ликовите.
Mногу добро кулинарско шоу, ја завршив првата сезона. Забавно, фино осмислено и се учат многу нови трикови. Роузмери ја обожавам, многу ми е интересна. По две фамилии се натпреваруваат во една епизода, со по 3 готварски предизвици и се бира победник. Полуфиналето ми беше најстресно за гледање, коси си искубав за моите фаворити. Епизодите траат отприлика саат време. Презабавно за гледање, уживав.
Посебно со тие песните на крајот без врска што се... УЖАС И мене ми се допадна шоуто инаку. Интересно и невообичаено, како од тие остатоци прават сосема различни оброци.
Ги скокав тие делови на крајот, не можев да ја поднесам. Дури и Роузмери ми беше за никаде тука со лошиот хумор. Во ова другово шоу е неспоредлива, па не би ме чудело ако продуцентите барале од нив вака да се глупираат во Leftovers шоуто.
Dark Desire ја има ли некоја гледано? Сакам да ја пуштам ама да не има некои ептен хорор сцени па да се стрипувам вечерва?
Треба да исклучам бондинг за да видам. Али види во сабс долу. Та не ми е гледана дали ми е на листата. La casa de papel Cabel girls Someone has to die High Seas Овие мислам последно гледани ми се. Сите ги гледав со англиска синхронизација и повремено одев на шпански за да слушам како звучат актерите. Негде имаше и раскажвање, најчесто за слепи, со објаснување на собите, ситуациите и слично. Во сабс секогаш, скоро на сите имам англиски, оргиналниот јазик ако не е англиски и турски. Горе долу вака ми личи Нетфликсот. Ко спомнав bonding, високо препорачувам.
Мора да има. Имам гледано и на други јазици серии ама англиска синхронизација с е к о г а ш има. До сега без исклучок на се шо имам гледано. Исто така си го има оргиналниот јазик зависно кој е: шпански, германски, с е к о г а ш. Исто без исклучок. И во сабс има англиски и оргиналниот јазик. Се друго над овие две опции варира од серија до серија ама ова ми е секогаш исто за серии кои не се оригинално на англиски.
Дали некој ја изгледа Fate:The Winx Saga? Јас ја изгледав и ми се допаѓа, немаат многу работи сменето од цртанот и плус многу е мала има само 6 епизоди