Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нетфликс - општа дискусија и предлози

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Doozy, 17 февруари 2019.

  1. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Истооо, сега чекаме втора сезона:inlove:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Колку пластична глума имаше во Sweet Magnolias, ме потсеќаше на времињата кога со другарките по дома си игравме на тетки и баш вака влегувавме во филм. Можеби и поубаво глумевме, ама ај да не претерувам. :D

    И без разлика на тоа, пак си ја изгледав со сласт. Добри теми од секојдневниот живот свртеа навистина, само реализацијата беше многу некако...вештачка, усилена.
    Нема врска, ако има втора сезона и неа би ја гледала, bless her heart. :worried:
     
    На SofiMar_, ines.h, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Мојата скромна јаунарска листа на изгледани серии од нетфликс

    1. The chilling adventures of Sabrina s04
    Последната сезона, прилично слаба ми беше во споредба со претходните. Крајот ми беше многу многу мех. Се гледа дека некако набрзинка била направена колку да се стави некаков завршеток на целата приказна. Искрено имаше потенцијал да биде добра серија, не знам зошто ја прекинаа, али ќе беше боље без последнава сезона.

    2. Bridgerton s01
    Ми летна сериичево, баш онака лабаво да те опушти кога ти треба мозокот да ти е на пасење. Многу ми се допаднаа познатите поп песнички направени во old издание. Али не очекував толку многу sex related content :D И мало спојлерче
    Скроз ме изнервира Дафне што така го присили the duke на нешто што отпочеток и кажа дека не сака. Многу разочарувачки момент за карактерот.
    Омилен лик дефинитивно Eloise[​IMG]

    3. Tiny pretty things s01
    Оваа не знам зошто очекував дека ќе е полабава, а не дека ќе биде до толку мрачна. Солидно серииче, би гледала втора сезона. Светот на балетот е премногу суров, и тој дел е прилично реално прикажан. Не е нова приказната воопшто, ама е серијава watchable ако нема нешто друго во моментот :D

    4. Fate: The winx saga s01
    Океј оваа кога ја почнав се заебавав со фактот дека пуштив нешто вакво... и ми се допадна :wasntme: Како мала имав чат пат гледано некои епизоди од цртанот, ама апсолутно ништо не памтам од приказната и не знам колку добро е претставена во серијата, ама мене ми се допадна. Кратка е, 6 епизоди ми се чини, се гледаат во еден дождлив ден. Башка има и кјут машки. И од оваа би гледала втора сезона ако не ја прекинат.

    5. Sweet Magnolias s01
    Случајно ја пуштив демек на мајка ми она да ја гледа, и ја загледав и јас. Скроз има hart of dixie vibes, а таа серија ја обожавав, и така си ја изгледав и оваа. Мало градче, сите се знаат, сплетки, лигава глума ама не можеш да престанеш да гледаш :D

    6. Bling empire s01
    Обавезно месечно имам периоди кај што немам нерви да гледам ништо што има приказна и треба убаво да се прати, и гледам некое вакво глупо реално шоу. Ова е за пребогати азијци, и нивните меѓусебни драми. Нешто ко crazy rich asians книгата/филмот ама реално шоу. Јас се запрепастив од тоа колку многу богати се и колку лабаво си живеат, не планираат ништо да работат, освен шопинг и да бидат инфлуенсери :DНајголем страв им е ако нивните им ги скратат картичките, ех каков живот :wasntme:
     
    На dayla, BejbiBlu, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    45.165
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам Modern Family моментално, и топло ви ја препорачувам, доколку сакате лесна и забавна sitcom.
    По часови гледање како да се зближив со ликовите. За одмарање мозок и позитивна енергија, супер се.:inlove:
    Има многу епизоди и сезони, но се кратки, по 20мин.
     
    На Elena69221, dayla, Autumn Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    ај некој нека ме упати како да приклучам
     
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477

    Чекор 1: одбираш кој пакет сакаш да го користиш.
    0_nkExc6JsT6nU3oee.png
    Чекор 2: го пишуваш е-маилот и лозинката со која ќе се најавуваш.
    Signup-for-netflix-free-trial.png
    Чекор 3: ја пишуваш картичката, со која ќе плаќаш.
    main-qimg-e3b90e57e4747788058e809b420855de.png

    Доколку нешто не ти е јасно, пиши ми ЛП. Првиот месец е бесплатен.
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    :hug: фала :hug:
     
  8. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Сакам да активирам Нетфликс, е сеа ме интересира дали има превод на македонски или српски. Дали ги има сите филмови најнови и дали вреди за 15$ ?
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.768
    Допаѓања:
    169.249
    Пол:
    Женски
    До сега ни на македонски ни на српски имам сретнато. Сите филмови не можи да ги има. Тие кои ги има откупено се таму и тие кои се нивни ( netflix originals). Најскапата варијанта најдобро ти одговара ако делиш акаунт со уште тројца ( добиваш 4 екрани, секој чоек користи по еден, ultra HD) и така ти иди за 200ки месецот. За 200ки месецот дури и предобро е. За 800ки ако плаќаш сама, јас лично не би.
     
    На Lima24 и Avery им се допаѓа ова.
  10. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Нема превод на македонски, српски или кој да е друг од балканскиве јазици. Има англиски, турски и шпански. Инаку цената му е 12 евра за премиум пакетот. Ако повеќе луѓе (на пр 4-ца) гледате и те како се исплати. Можеш да го земеш и стандардниот пакет што е 10 евра, со него може да се гледа на 2 екрана во исто време.
    Според мене вреди за парите. Има премногу серии, филмови, документарци, емисии со разна тематика...
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    што има во стандардниот пакет?
     
  12. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Филмовите/ сериите се исти, само разликата е што може да се гледа на 2 екрани истовремено и квалитетот на сликата е среден (не е HD како кај премиум). Да најдам слика кај што се пакетите, ќе прикачам да видиш споредба.



    Едит.
    Повели :)

    DB394A3F-9215-4F02-B605-1B7DDEF89620.png
     
    Последна измена: 7 февруари 2021
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Има хрватски превод веќе некое време, ама нема на се. Мајка ми гледа баш со превод, вообичаено на поновите ствари има.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    4.991
    Пол:
    Машки
    Јас сум претплатен на Нетфликс. Превод само англиски (и турски, француски, руски, италијански ако разбираш). Од Балканов нема преводи.
    Иначе се мислам да се тегам од Нетфликсот, ништо асално нема за гледање. Филмови од пред 100 години, глупости невидени. Сериите исто, дали 3 или 4 се добри.

    Веќе не се исплати Нетфликс. Подобро осете во оператор (А1 и Т Мобајл) и претплатете се на HBO HD каналите. Месечно е 300 денари за 3 HD канали. Одлични филмови и серии даваат.
     
    На Nefertiti. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    За мене не е проблем преводот и англиски да е, ама домашниве ако нема српски или македонски џабе е :D

    Мене ми е за филмови повеќе, серии не гледам воопшто. Ме предомисли да знаеш, не е само да имаш нетфликс а филмови од 2003. Веќе сум претплатена на HBO и многу убави филмови даваат.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    За да имате хрватски јазик треба на account settings од профилот кај што гледате да смените јазик наместо англиски да ви биде хрватски.
    netflix.PNG

    Ние делиме 4ца, па ни се исплати. Мајка ми гледа од кај мене на телевизор серии и документарци со превод, така да океј е. И мене коа ме мрзи да симнувам си наоѓам сериичка само и пуштам мозок на пасење. Филмовите слабо ги гледам, повеќето или ми се премногу клише или веќе гледани, ама се наоѓа тук таму по некој добар. Сега за сега не ми е криво што плаќам за акаунтов.
     
    На theowndemon, 1209 и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    4.991
    Пол:
    Машки
    Нетфликс веќе 2 години не е тољ што беше порано. Од филмовите што ги имаат, ќе се разочараш.
    Јас се молам да дојде Disney+ и HBO Max во Македонија.
    Второво е нова платформа што ги даваат за кратко време откако ќе излезат во кино сите блокбастери и хит филмови.
    И 15 евра да ја направат таа платформа за претплата, ае исплати, него ли да ги гледаш скапаниците Нетфликс и македонските телевизии со крш програма и турски серии.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Не беше лоша серијава.
    [​IMG]

    Данскиот беше ептен освежување.

    Пред 21 година група матуранти исчезнале под сомнителни околности. Не се пронајдени тела, не е пронајдено ништо што укажува на убиство. Меѓу децата кои исчезнале е и сестрата на Астрид, Ида.
    Астрид со години имала визии поврзани со исченувањето на сестрата, но лекарите продолжиле да си креваат раменици и толку, се заборавило на случката и случајот се заташкал во полиција.

    Ќе се случи нешто што ќе ја натера сестрава да се фати за работа и да си ја смири душата по толку години.

    Убаво почна, убаво течеше ама крајот не ми ги исполни очекувањата баш.
    Ако не сакате серии со окултистички работи, прескокнете ја. :D

    Ставиле нови тралалајки филмови за Валентајн, па ќе ги гледам деновиве и нив за да не гледам Гилмор Грлс по којзнае и кој пат.

    Ја гледав и Firefly Lane, ама воопшто не ми се допадна.
    [​IMG]
    Толку ја измениле суштината на книгата, а глумата пластична, вештачка, уф. Не ми се допадна.
     
    На Kitten и Arja им се допаѓа ова.
  19. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Како е насловот на серијата? Интересно звучи но не ми ја прикажува сликата за да можам да го видам насловот.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Equinox е серијата, како сум заборавила да пишам.
    Еднаш нема да напишам име и слика ќе ми се избрише и се, малер. :D
     
    На Nausicaa и Arja им се допаѓа ова.