Ја почна ли? Гледам одамна си прашала, сакав да кажам мене ми се допадна, и повеќе е еротска отколку хорор
Штом ти се допаднала оваа, мислам дека нема да згрешиш ако им дадеш шанса на овие неколку серии што ќе ти ги предложам - The Sinner, The Stranger, The Woods, Tabula Rasа. П.С. Сите се моментално достапни на Нетфликс.
The Sinner и The Stranger ми се изгледани, се согласувам дека се супер. Другите две ќе ги ставам на листата за гледање, фала ти.
Се понесов спрема насловот затоа помислив дека е хорор. Се сложувам еротска серија, ја завршив пред две недели.
Исто ко Мишел впечаток, Firefly Lane е скроз мех. И не знам зашто бе сите толку вештачки глумеа, не се од најлошите глумци. Баш се изненадив. Иначе, со задоцнување, Derry Girls си ја изгледав и па секоја им чест. Ми се допаѓа мене хумор, и ми беше презабавна, чим имам смеење на глас ја бива. Тинејџерски живот во Ирска во периодот на немирите. Дечките се предобри глумци. Го сакам тој момент природност на глумците кај не-амерички продукции.
Дајте малце кратка содржина на овие серии На листа ми е The sinner. Може и за таа Equinox. Незнам што следно да гледам. Наскоро ја завршувам Outlander, а на листа ми се Virgin river, Bordertown, Marcella, Tiny pretty things... Некоја од овие имате гледано? Tiny pretty t. ја пуштив една епизода, сакам филмчиња со танц ама оваа ми делува дека нема да ми се свиѓа
Некој ја гледа Peaky Blinders па да се дружиме овде? Јас сум до средина на 2ра сезона. Спојлер: Прва сезона-впечатоци Ми се допадна и некако ептен брзо ја гледам. Има во сезона по 6 епизоди по еден саат. Ми се допаѓа Томас, паѓам во несвест. Значи каква убавина а-у . Многу ми дава бед бој вајб. Доушникот на Черчил, Кембл, толку ми е одвратен, арогантен, грдо стар . Браќата на Томас се океј, симпатични иако има некои моменти во кои се препрости (кога Артур и кажува се на Грејс). Грејс на моменти ме нервираше на моменти не. Во втора сезона повеќе ја сакам. Ада, сестрата со маж и ме нервираат некогаш. Мислам дека во оваа сезона Ада забегуваше. Поли ми е океј, ништо посебно. Ми беше жал Дани кога го убија на таков начин. И не сфаќам што сака Томи со сите тие менења на страни Спојлер: Втора сезона-впечатоци Тука ме нервира Поли значи стварно премногу. На средина сум, 3та епизода. Ми се допаѓа новиот лик Мајкл, синот на Поли. Мислам дека и Есме повеќе ја има, има океј замисла, ама нема шанси. А, и мислам дека постојано ја зборува. Меј, ми е сосем океј лик и ми е криво што Томас ја одби и ја повторно одбра Грејс. Но, некако потајно сакам да се со Грејс . Со Лизи ми беа мех. Артур е сега во затвор, до тука сум.Оној Кембл толку е антипатичен, толку е ниедна вера, страшно. Повеќе ми се допаѓа Ада и каква жена е станата. Со став и замисла, спротивно на прва сезона кога беше заљубена девојка во облаци.
@GirlRose и јас ја гледам Peaky Blinders. Ја даваа едно време на Телма, така ја загледав па после ја најдов на Нетфликс и ја фатив од почеток. Инаку ја гледам со паузи, па видов дека сум стигнала до пола од трета сезона. Не дека не ми се допаѓа, ама некако ми треба посебно расположение за да ѝ седнам и да ја гледам со внимание. Малку ми е бавна третава сезона, кога ќе стигнеш до таму кажи. Еве можеби со друштво ќе се охрабрам да ја завршам, баш би сакала. Ги сакам јас ваквите серии, особено од овој период. Одлична сценографија, одлична музика, ликовиве ми се малце он-офф, ама Томи во срцето засекогаш.
The Sinner - Се состои од три сезони и тоа секоја сезона со засебна приказна, единствено еден детектив кој е во главна улога се среќава во секоја од сезоните. Станува збор за серија исполнета со мистерија. Мене лично најмногу ми се допадна првата сезона во која се работи за полициска истрага за убиство извршено од страна на жена која нема историја на ментални нарушувања и/или криминално досие. Убиството е извршено одеднаш, без навидум никаква причина и на многу карактеристичен начин. Не би можела да раскажам нешто повеќе без да откријам детали. The Stranger - Уште една мистерија која е направена според книга напишана од Харлан Кобен. Одеднаш, повеќе луѓе се соочуваат со странец кој им соопштува настани од нивниот живот за кои тие истите не се свесни дека се случуваат буквално под нивни покрив. Она што е најинтересно е тоа што се работи за комплетен странец за кој логички не може да се објасне како може да знае такви детали. The Woods - Уште една мистерија/трилер серија направена според книга од Харлан Кобен. По средба со полицијата, јавен обвинител се соочува со минатото и необјаснетото исчезнување на неговата сестра и негови двајца другари кое се случило пред повеќе од 20 години во летен камп на кој сите присуствувале. Одеднаш тој добива нови информации и порив еднаш засекогаш да открие што точно се случило во шумата и со неговата сестра. Tabula Rasa - Млада музичарка се соочува со секојдневните предизвиците кои и ги носи загубата на памтењето по настанатата несреќа. Чувствува потреба да дознае што точно ја предизвикало несреќата и каква е нејзината улога во сето тоа. П.С Ти прикачив линкови од трејлерот за секоја од сериите. Се надевам дека ќе ти се допаднат! Патем, ти ги препорачувам и книгите од Харлан Кобен. Можеш да ги најдеш под истиот наслов на оваа страница а некои од нив (како и Шума, ако не грешам) се преведени и на македонски јазик.
Ти благодарам Јас веднаш ги пребарав на Нетфликс, имам и на телефонот негова апликација, но поубаво да чуеш вака објаснување и препорака бидејќи трејлерот з сам по себе знае да биде добар, а серијата да биде разочарувачка.
За Equinox e отприлика тоа што го пишав на претходната страница, штета што сликата ми се избришала, за таа серија се однесуваше напишаното. Virgin River мене ми беше премногу досадна. Развлечена, монотона, без некој заплет и без некое посебно дејство. На туркање ја завршив, ја пуштав во позадина да ми оди додека работам нешто. Навистина ме утепа, а обично сакам такви серии, но ете. Сличен тип на серија како Sweet Magnolias - small town setting и small town drama. Само што магнолиите ми беа далеку позабавни за гледање од оваа, иако глумата беше прелоша кај нив, а кај VR нешто подобра. Tiny Pretty Things исто ја изгледав пред некое време и мислам пишавме тука доста за неа на претходниве страници, ама не знам колку би ти се допаднала. Малку е потинејџерска драма, зависи што ти се гледа и во какво расположение си. Имаше многу глупости и многу нелогичности, ама ме забавуваше и таа. Ма да си ја гледала Outlander, која според мене е ремек-дело. После неа, тешко да се најде друга серија која вака ќе ме освои, само шунд до шунд другово на Нетфликс.
Јас ја започнав Crown. Интересна серија за кралското семејство. Се уште сум во првата сезона, ја гледам бавно со мм заедно, инаку и бавно се одвиваат работите. Оддамна сакав да ја гледам, ама тоа што има 4 сезони ме премислуваше, овака во друштво, по една серија дневно некако ќе иде. Outlander Ја немам гледано, а сакам да ја проверам. И таа ја оставам засега оти 5 сезони Workin' moms ја изгледав последна. Не е лоша, онака лајт, хумористична, ама има доста реални моменти и допира до некои битни теми. Друго, море од серии што само ги отворив, изгледав 10-20 минути и ги оставив, ништо не ми задржа внимание, меѓу кои: I am not ok with this, Pretty little things, Lupin, White lines итн... Веќе ми е премија да ме заинтересира нешто.
Јас конечно после долго време откако ја изгледав првата, ја изгледав втората сезона на Trinkets, и некако баш се наврзав на вајбот на серијата и на врските меѓу ликовите и самите ликови. Ми падна криво што нема да има трета сезона. Ако сакате чил тинејџерска серија со 20-минутни епизоди, топло препорачувам. Ликовите се супер, пријателствата меѓу ликовите ми се некако со многу природна хемија. Да имаше повеќе сезони дефинитивно comfort show ќе ми станеше.
Ај ќе кажеш мислење за Equinox. Цела серија ми беше добра, ама крајот - , ме изнервира. Многу добри ретро-драми се Gilmore Girls и Dawson's Creek, ама тие се постари култни серии па не верувам некој да не ги гледал. Јас ја почнав инаку Invisible City, бразилска серија е. Не е лош почетоков. Малку влече накај фантазија, има некои суштества кои се извадени од нивниот фолклор и тие се дел од „подземјето“, ја матат водата во приказнава. Жанрот е мистерија-трилер-фантазија. Отприлика вака - се случува пожар во една шума, при кој загинува жената на детективот во обид да ја лоцира ќеркичката. Се истражува случајот, но едноставно тоа е тоа, жената загинала во пожарот и нема тука што да се полемизира нешто многу. Ќе се случи едно необично убиство кое ќе отвори многу прашања за сите нешта кои се случуваат во местово, но и за смртта на жената на детективот. Изгледав само 3 епизоди од 7, ќе видиме како ќе се покаже понатака и дали ќе има логика.
Само една сезона има? Некако не ми се гледат долги серии со по 7-8 сезони. Јас ја изгледав целата серија, сега се снима последната сезона (6-та). Не ми беше нешто посебно серијата, ама кога ја почнав, морав да ја завршам.
@Stephen Amell И Equinox (6 епизоди) и Invisible City (7 епизоди) се по 1 сезона. Ни мене не ми се гледаат предолги серии периодов, некако немам трпение и ништо не ми држи внимание. Можам да сварам само нешто вакво питко, што може да се заврши во две седнувања најмногу. Gilmore Girls и Dawson's Creek имаат повеќе сезони. По 5-6 отприлика мислам.